Партнерот / партнерката - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Партнерот / партнерката

Term Main definition
Партнерот / партнерката

Ако ја видите саканата личност на сон значи дека ќе имате среќен брак.

Што значи на сон дa ја видите саканата личност?

Ако го сонувате партнерот

Ако го видите саканиот на сон, тоа значи дека ќе уживате во вашата врска или ви бракот. Како и сте останати луѓе на светот имате свои подеми и падови. Во наредниот период ќе се зближите со партнерот и ќе имате доверба и разбирање за неговите/нејзините потреби.

Нема да ви биде тешко со него да правите нешта кои вам не ви се допаѓаат и не ве усреќуваат, како на пример, гледање фудбал или некои други спортови. Тој со вас ќе оди на пазарење или на фризер.

Ако разговарате на сон со саканаа личност

Кога сонувате дека разговарате со партнерот/партнерката, тоа укажува дека ви недостасува саканата личност. Можно е да не живеете во ист град или држава па се трудите секој слободен момент да бидете во контакт по пат на социјалните мрежи.

Честопати чувствувате страв дека далечината би можела лошо да влијае врз вас и нема добро да се снајдете ако одлучите да живеете заедно.

Ако сонувате дека се расправате со партнерот

Ако сонувате дека се расправате со партнерот/партнерката тоа имплицира дека ве привлекува се она што не можете да го имате. Преку вашиот пример може да се потврди точноста на изреката дека забранетото овошје е најслатко. Ви здодеваат врски во кои нема пречки и страсни сцени па честопати самите се трудите да ги создадете и на тој начин да внесете малку промена во вашиот однос.

Ако сонувате дека вашиот партнер се расправа со некого

Овој сон означува озборување. Веројатно во присуство на некои неистомисленици ќе прокоментирате нечии постапки и одлуки. Тоа, секако, нема да им се допадне и ќе создадат впечаток дека сте личност која го меша носот во туѓи животи. Тоа ви е лекција дека не треба пред секого да зборувате.

Ако сонувате дека се тепате со партнерот

Кога на сон се тепате со саканата личност тоа симболизира расправија во семејството. Можеби недостатоците на партнерот или на партнерката ќе ви пречат повеќе од порано. Сепак, самите сте виновни бидејќи не сте му укажале порано на тоа. Сега само би можел/а да се навреди поради критиката.

Ако сонувате дека партнерот се тепа со некого

Доколку сонувате дека вашиот драг/драга сте степал/а со некого тоа имплицира дека сте личност која има силни ставови и не дозволува другите да влијаат врз неа. На пример, никогаш не се плеткате во туѓи животи и не дозволувате другите да ви зборуваат како треба да се однесувате.

Ако сонувате дека танцувате со партнерот

Ако на сон танцувате со својот партнер тоа значи дека луѓето од вашето опкружување ви љубоморат на хармоничната врска или брак кој го имате. Мислат дека едноставно сте имале среќа, а не сте свесни колку труд, компромис и трпение сте вложиле во вашиот однос да остане таков. Многу би можеле да научат за тоа.

Ако сонувате дека партнерот танцува со некого

Доколку сонувате дека вашиот партнерот/партнерката танцува со некоја личност тоа е предупредување да не дозволувате ситниците да ви го загрозат односот. Би требале да ја контролирате вашата љубомора, бидејќи понекогаш преминува во опсесија. Замислете тој/таа да е љубоморен/љубоморна и запрашајте се како би се чувствувале.

Ако сонувате дека се бакнувате со партнерот/партнерката

Ако сонувате дека се љубите со партнерот/партнерката во темнина тоа значи дека би требале да престанете да флертувате со друга личност. Доколку се бакнувате на светлина тоа имплицира дека не дозволувате личноста да се посомнева по вашата љубов и верност.

Ако сонувате дека вашиот партнер/партнерка се бакнува со друга личност

Овој сон укажува на тоа дека ќе го изгубите неговото/нејзиното почитување. Ќе направите нешто поради што ќе ја изгубите почитта во неговите/нејзините очи. Колку и да се трудите тоа да го поправите, ќе помине многу време пред да ви го прости тоа.

Ако сонувате дека водите љубов со партнерот/партнерката

Доколку сонувате дека водите љубов со саканата личност тоа укажува на вашата потреба да ја подигнете врската на повисоко ниво. Ако не сте во брак ќе посакате да живеете заедно, а ако сте ќе добиете дете. Доколку мислите дека сте ментално подготвени за таков потег, дадете таков предлог. Сепак, обрнете внимание на сите аспекти на вашата врска.

Ако вашиот однос не се заснова само на страст и похота и ако сте подготвени да се грижите и да ја почитувате саканата личност, тоа значи дека сте на вистинскиот пат да останете заедно до крајот на животот.

Ако сонувате дека сте ја изневериле драгата личност

Кога сонувате дека сте ја изневериле вашата драга или драг, тоа имплицира дека не сте задоволни од вашата врска или брак. Ќе дојдете до заклучок дека сте го идеализирале партнерот и дека всушност воопшто не го/ја запознавате.

Често се расправате и расправате околу ситници. Единствено прашање е дали вашата љубов  е доволно силна да ги надминете сите разлики и дали и двајцата сте пoдготвени да направите компромиси.

Ако сонувате дека ве изневерила драгата личност

Ако вашиот сакан/а во сонот ве изневерила или изневерил, укажува дека имате недостаток на самодоверба. Понекогаш ви се чини дека не сте достојни за љубовта и за вниманието кое ви го пружа саканата личност. Причината поради тоа се наоѓа во минатото. Веројатно зад себе имате неколку неуспешни врски па се плашите дека такво нешто може да ви се случи и во оваа врска. Обидете се да се опуштите и да уживате во односот со партнерот.

Ако сонувате дека сте го оставиле партнерот/партнерката

Сон во кој го напуштате партнерот/партнерката означува неуспех на приватен или на деловен план. Веројатно постојано се прашувате зошто тоа ви се случило вам, но нема да можете да најдете доволно добро образложение. Немојте воопшто да се мачите со такви пријатели, туку свртете се кон иднината.

Ако сонувате дека партнерот/партнерката ве оставил/а вас

Овој сон симболизира загриженост за саканата личност. Можеби во последно време се однесува чудно и никако не можете да откриете што му/и се случува. Немојте да инсистирате на тоа да ви зборува ако не сака. Ако ви верува сигурно би ви кажал/а кога ќе биде подготвен/а.

Некои луѓе им треба време да „процесираат“ некои нешта, па дури потоа да разговараат со некого. Почитувајте ја неговата/нејзината приватност.

Ако сонувате дека сте го убиле партнерот/партнерката

Доколку сонувате дека сте го убиле драгиот или драгата тоа е показател на несебична љубов. Вие сте личност која многу го цени партнерот/партнерката и никогаш не би направил/а нешто да го/ја повредиш. Подготвени сте да се откажете од многу нешта за да ви тргне животот на подобро.

Ако сонувате мртов партнер/партнерка

Сон во кој некој ви ја убил драгата личност укажува на финансиски проблеми. Веројатно заработувате помалку отколку што е потребно за нормален живот, па се плашите како би можеле да ви изгледа иднината. Разговарајте со партнерот за тоа и заедно донесете некои одлуки.

Ако стегнете ремен и побарате дополнителна работа сигурно ќе го решите и овој проблем. Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте видите драг или драга личност или сте разговарале, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg