Пазар - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Пазар

Term Main definition
Пазар

Сонување пазар значи дека ви претстои неочекувана авантура (не мора да биде љубовна).

Што значи да сонувате пазар?

Ако сонувате дека гледате пазар

Ако во сон гледате пазар, тоа значи дека ви претстои неочекувана авантура. Не мора да станува збор за љубов, може да биде поврзана со работата. Можеби ќе одлучите да започнете бизнис за кој мислите дека ќе има светла иднина.

Многумина ќе се обидат да ве одвратат, но вие ќе одлучите да ги следите своите соништа.

Ако сонувате дека одите на пазар

Доколку во сон одите на пазар, тоа подразбира дека ви е здодевно. Можно е во вашиот живот веќе долго време да не се случило ништо што би ве расположило.

Секој ден ви е ист, затоа рутината започна да ве заморува. Очекувате од другите да ја пополнат празнината што ве мачи, без да сфатите дека тоа мора сами со себе да го расчистите.

Ако сонувате дека работите на пазар

Кога во сон работите на пазар, тоа укажува дека ќе бидете исцрпени. Веројатно ќе имате неколку работни места затоа што итно ви се потребни пари.

Нема да ви остане време ни енергија за семејство, друштвото и други активности, но ќе се подготвите за жртва што ќе ви овозможи да си дозволите нешто што отсекогаш сте го посакувале.

Ако сонувате дека купувате на пазар

Ако во сон купувате на пазар, тоа значи дека ќе сретнете личност која одамна не сте ја виделе. Тој/таа може да биде поранешен партнер/ка, пријател/ка и сл.

Ќе одите на пијачка и ќе поминете пријатни моменти заедно. Ќе дознаете работи што ќе ве изненадат, а се однесуваат на заеднички познајник.

Ако сонувате пазар полн со луѓе

Доколку во сон гледате пазар полн со луѓе, тоа означува нови познанства. Можно е да одите на забава/седенка каде ќе си поминете убаво.

Ќе останете во контакт со луѓето кои ќе имаат слични интереси и погледи на светот.

Ако сонувате празен пазар

Кога во сон гледате празен пазар, тоа подразбира дека ќе имате помалку работа. Може да се случи во наредниот период да не работите со полна брзина како што сте навикнале.

Времето ќе поминува бавно, па ќе заклучите дека е подобро кога сте зафатени со нешто.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе, сте биле, работеле, продале или сте купиле нешто на пазар, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за пазар

Пазар е уреден простор на кој се продаваат стоки и услуги.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg