Печурки - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Печурки

Term Main definition
Печурки

Ако видите: болест, измама, недобронамерна конкуренција; ако собирате: здравје, богатство; ако јадете: ве лажат.

Што значи да сонувате печурки?

Ако јадете печурки во сонот

Ако сонувате дека јадете печурки имплицира дека ве лажат. Веројатно се работи за колеги или членови на семејството кои ќе сакаат да присвојат нешто што ви припаѓа вам. Тоа може да биде: заслуга поради добро сработен проект или имот кој некој ќе ви го препише.

Најлошото од се всушност е тоа што луѓето ќе си мислат дека не ја знаете вистината и што вашата воздржаност ќе ја сметаат за премолчено одобрување, а не како ваша лична желба да избегнете конфликти.

Ако сонувате дека собирате печурки

Кога сонувате дека собирате печурки тоа симболизира богатство. Можеби ќе почнете да се занимавате со работа која мал број на луѓе ќе ја препознаат како шанса за стекнување огромен профит. Првенствено ќе ви биде потребна храброст да се впуштите во непозната област и знаење за да успеете да го пласирате производот на пазарот за којшто има побарувачка.

Нема воопшто да им обрнувате внимание на неверниците бидејќи од самиот почеток ќе ви предвидуваат пропаст.

 Ако во сонот гледате печурки, тоа укажува дека некое време ќе поминете во природа. Таму е изворот од кој ја собирате сета психичка и физичка сила која ви е потребна за да се изборите со секојдневните обврски. Уживате во правењето на излети со друштвото кои опфаќаат спортски активности, храна и разни видови на забава.

Ако сонувате големи печурки

Сонот во кој гледате големи печурки е знак дека мудроста ќе ви се исплати. Ќе дојдете во конфликт со тврдоглава личност, но нема да дозволите тоа да ве испровоцира. На време ќе се повлечете и тоа воопшто нема да го сметате за пораз, туку за начин да спречите поради евентуален судир да бидете изложени на стрес.

Ако сонувате дека други луѓе берат или јадат печурки

Доколку во вашиот сон некои други луѓе собираат (берат) печурки тоа укажува на завист. Веројатно во блиското опкружување имате некого кој постигнал она што вие долго време си го мечтаете за себе. Наместо да си создавате дополнителни комплекси, нека истиот ви послужи како мотивација за да станете подобри и поуспешни.

Од негативни чувства сигурно нема да профитирате. Кога други луѓе јадат печурки тоа имплицира дека ќе запознаете личност која ќе ве научи многу нешта со своето искуство и мудрост.

Ако видите отровни печурки

Доколку во вашиот сон видите отровни печурки тоа значи дека ќе се соочите со вонредна и прилично тешка ситуација, но поради сплетот на околностите ќе успеете да се извлечете без поголеми последици. Можеби ќе добиете помош за проблемот од некој член на семејството или пак пријател.

Ако сонувате дека јадете отровни печурки

Кога сонувате дека јадете отровни печурки тоа имплицира дека мирот кој толку многу го посакувате се уште ви е далеку од дофат. Во својата близина имате личност која ќе се потруди тоа да остане така. Ако на време откриете за која личност се работи, можеби ќе успеете да го/ја спречите да ви направи поголемо зло.

Ако сонувате дека други луѓе јадат отровни печурки

Овој сон е предупредување да не се обидувате вашиот успех да го градите врз туѓ неуспех. Тоа што колегата на работа се соочува со отказ, не мора да го сфатите како прилика вие да напредувате. Подобро би било повеќе да се трудите за да докажете дека сте способни и компетентни за подобро платена работа.

Ако сонувате дека чистите печурки

Сонот во кој чистите печурки укажува на тоа дека сте претерано педантна, организирана и дисциплинирана личност. Многу ретко ви се случува нешто да не можете да го постигнете или да го прекршите ветувањето кое сте го дале. Клучот на вашиот успех е планирањето.

Затоа секоја вечер пред спиење до детаљ го испланирате наредниот ден. Дури и кога имате многу обврски вие не се плашите да ги извршите.  Луѓето од вас би можеле да научат многу нешта.

Ако сонувате дека други чистат печурки

Ако во вашиот сон гледате како некој друг чисти печурки тоа имплицира дека ќе добиете прилика да се покажете во вистинско светло. Немојте да ја пропуштите!

Ако сонувате дека фрлате печурки

Кога сонувате дека фрлате печурки во корпа за отпадоци тоа имплицира некаква необична сексуална фантазија. Веројатно би сакале да испробате некои нови нешта во постелата, но се плашите дека вашиот партнер или партнерка нема да изреагира на начин на кој што би сакале.

Доколку неодамна сте започнале врска, не би требале тоа да му/и го споменувате, а доколку подолго време сте во врска или во брак, тогаш вашиот партнер или партнерка сигурно добро ве познаваат и помал е ризикот дека ќе помислат дека сте претерано перверзни.

Ако сонувате дека други луѓе фрлаат печурки

Ваквиот сон е поврзан со вашето чувство за правда. Вие сте личност која ја цени чесноста и честа. Вашите постапки никогаш не би загрозиле некоја друга личност, па затоа се згрозувате од каква било измама или предавство. Со оглед на тоа дека животот е далеку од идеален, често се сретнувате со такви ситуации и залудно се обидувате да се заштитите.

Помирете се со фактот дека сите луѓе не се исти и дека во поголемиот број случаи е подобро што е така. Продолжите да се раководите според сопствените принципи, но не очекувајте другите да го следат вашиот пример.

Ако сонувате кошница со печурки

Доколку во сонот видите кошница полна со печурки тоа имплицира дека наскоро ќе мора да ја докажувате сопствената невиност бидејќи ќе бидете обвинети поради нешто. Можеби ќе бидете приморани некого да го убедувате дека вашите ставови, идеи и мислења се исправни. Нема да ви биде лесно, но не смеете да губите трпение

. Ако се изнервирате само ќе си направите уште полошо. Затоа, не влегувајте во непотребни конфликти и научете се смирено и аргументирано да ги изнесувате сопствените мислења.

Ако сонувате дека јадете супа од печурки

Ако во сонот јадете супа од печурки, тоа значи дека некој член на семејството или некој ваш пријател има проблеми со законот. Може да настанат компликации во врска со долгот за струја, вода или комуналии, па целиот случај ќе се префрли на суд. Самиот факт дека нештата стигнале толку далеко ќе ве загрижи, но ќе знаете дека вие самите не сте виновни, па ќе верувате во позитивен исход на целиот процес.

 Ако сонувате дека приготвувате печурки

Ако подготвувате печурки во сон, тоа покажува дека сте хедонист. Вие сте личност која ужива во храната и во други работи што ви се допаѓаат, но тешко ви е да поставите граница и да застанете. Овие квалитети ве карактеризираат и во приватниот живот, па затоа често одите од една крајност до друга и на сè или ништо.

Ако сонувате дека други луѓе јадат супа од печурки

Кога во сонот гледате дека други луѓе јадат супа од печурки можеби пријателот ќе ви побара совет. Со оглед на тоа дека се работи за прилично деликатен проблем, нема веднаш да можете да му помогнете. Немојте премногу да се грижите ако погрешите, бидејќи не е ваш проблем па да мора да донесете одлука.

Едноставно, кажете си го своето мислење и бидете искрени, тоа е единственото нешто што може да го очекува од вас.

Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку пред скоро време сте јаделе или собирале печурки, тоа сигурно ви оставило силен впечаток врз вашата потсвест.

Дефиниција за печурки 

Печурки се најраспространетите живи организми на Земјата и припаѓаат на царството еукариоти.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg