Пеперутка - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Пеперутка

Term Main definition
Пеперутка

На цвет: веселба, краткотрајна среќа; во лет: маки, јадови, тешкотии, измами.

Што значи да сонувате пеперутка?

Ако во сон гледате пеперутка, тоа симболизира краткотрајна среќа. Можно е повторно да бидете во врска со личноста што не сте ја преболеле, но ни овој пат нема да успеете да ги надминете пречките што ве разделиле порано. Ќе ви биде тешко затоа што сте свесни дека проблемот не е во недостиг на љубов, туку во гордоста и тврдоглавоста кои се карактерни особини и на вас и на вашиот партнер/ка.

Сонувањето пеперутка на цвет укажува дека нема да имате доверба во партнерот/ката. Во минатото веројатно сте имале лоши љубовни искуства, па сега функционирате според принципот: кого змија ќе го касне, и од гуштер се плаши. Ќе имате потреба да го проверите секој негов/нејзин збор очекувајќи дека се работи за лага и измама.

Кога во сон ќе видите пеперутка во лет, тоа е предупредување дека ќе доживеете потешкотии. Може да се случи вашиот бизнис да тргне надолу и да се снаоѓате како што знаете и умеете. Ќе бидете принудени да потсетувате многу соработници дека сте им помогнале во слична ситуација и дека враќањето на парите кои сте им ги позајмиле би било од голема корист за вас.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе пеперутка на цвет или во лет, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за пеперутка

Пеперутка е инсект чиј животен циклус опфаќа 4 фази: јајце, ларва (гасеница), кукла и возрасна пеперутка.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg