Пиштол

Term Main definition
Пиштол

Ако имате пиштол во сон значи дека храбро ќе се држите во опасност; ако видите пиштол тоа претставува симбол за безбедност и стабилност; ако пукате со пиштол ве предупредува да се вардите од избрзани потези, размисли па кажи.

Што значи да сонувате пиштол?

Ако видите пиштол во сон, тоа означува безбедност. Вие сте личност која секогаш има потреба некому или на нешто да се потпрете, без разлика дали е тоа имот или личност на која ѝ верувате.

Се обидувате секогаш да имате заштита на која можете да се потпрете во тешки моменти и која ќе ви овозможи да излезете од непријатна ситуација со минимални последици.

Ако сонувате дека имате пиштол

Ако имате пиштол во сон, тоа подразбира дека храбро ќе се држите во опасност. Може да се случи некој да ви се закани, но вие нема да ги исполните барањата на дотичната личност.

Ќе сакате да им дадете на сите до знаење дека не можат да си играат со вас и дека нема да се согласите на нивните уцени затоа што знаете дека откако ќе попуштите, секогаш ќе бидете лесна мета.

Ако сонувате дека пукате со пиштол

Кога пукате пиштол во сон, тоа ве предупредува да не бидете брзоплети. Веројатно, во момент на невнимание, ќе кажете грда работа на која не мислите. Личноста на која ќе ѝ се обратите на овие зборови ќе биде многу повредена и нема да сака да разговара со вас.

Бидејќи и двајцата сте горди, ќе ви треба долго време да ја воспоставите нормалната комуникација.

Ако сонувате дека полните пиштол

Ако наполните пиштол во сон, тоа покажува дека подготвувате одбрана. Можно е да посетите роднина која секогаш наоѓа причина да ве критикува и да влијае врз вас да промените некои работи во животот.

Ќе се подготвите детално и ќе смислите говор во кој ќе сакате да им дадете до знаење дека сте возрасна личност што може сама да процени што е најдобро за неа.

Ако сонувате дека вперувате пиштол

Кога вперувате пиштол во сон, тоа подразбира дека некој ве саботира. Веројатно станува збор за колега на работа или личност која се меша во вашата љубовна врска.

Ќе се обидете на секој можен начин да го привлечете неговото/нејзиното внимание да престане со оваа игра, но бидејќи ова нема да даде резултати, ќе примените подрастични мерки по што ќе ја постигнете целта.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе, имале, пукале, полнеле или впериле пиштол, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за оружје

Пиштол е огнено оружје што се управува со една или со двете раце.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg