Пижами (ноќница) - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Пижами (ноќница)

Term Main definition
Пижами (ноќница)

Ако сонувате пижами: неуспех на работа, кавга со саканата личност; ако соблекувате пижами: љубовни и деловни успеси, секс во скоро време.

Што значи кога сонувате пижами или ноќница?

Ако сонувате дека носите пижами или ноќница

Ако носите пижами во сон, тоа значи расправија со некој близок. Можно е вашиот партнер да биде љубоморен на вашиот социјален живот, па затоа тој/таа ќе ве замоли да направите отстапки што ќе го смират и ќе го убедат дека сте верни.

Бидејќи нема да сакате да трошите време и енергија на дискусии, ќе прифатите бројни барања, што ќе биде само почеток на условувања, на кое нема да му се гледа крајот.

Ако соблекувате пижами во сонот

Ако ги соблечете пижамите во сон, тоа симболизира секс. Вие сте многу заводлива и имагинативна личност која се обидува секогаш да го изненади својот партнер организирајќи провокативни сцени кои тој/таа никогаш нема да ги заборави.

Сметате дека добриот секс е најважниот дел од врската, поради што посветувате особено внимание на оваа активност.

Ако сонувате дека сте ги изгубиле пижамите

Кога ќе ги изгубите пижамите во сон, тоа е предупредување дека ќе ве фатат во лага. Веројатно ќе водите двоен живот што ќе бара претпазливост и добра меморија што ќе ве изневери.

По своја вина, ќе се најдете во непријатна ситуација, па ниту Вардар нема да може да ве испере.

Ако купувате пижами во сонот

Ако купите пижами во сон, тоа укажува на тоа дека ќе станете независни. Може да се случи да изнајмите стан самостојно, со вашиот партнер или цимери и да започнете да живеете далеку од вашите родители.

И покрај тоа што сте имале сè што сакате во нивниот дом, секогаш сте мечтаеле да функционирате според вашите сопствени правила и одговарате пред никого.

Ако некому подарите пижами

Кога ќе подарите пижами во сон, тоа подразбира дека некого правилно ќе го советувате. Пријател веројатно ќе ве праша за мислење за емотивен статус, што воопшто не е едноставно. По долги разговори, ќе дојдете до уникатен заклучок и ќе му ја дадете потребната поддршка.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте облекле, сте соблекле, изгубиле, купиле или подариле пижами, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за пижами (ноќница)

Пижамите се облека во која човекот спие.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg