Плех (тепсија)

Term Main definition
Плех (тепсија)

Ако на сон гледате плех за печење можни се караници. 

Што значи ако сонувате плех (тепсија)?

Ако на сон видите празен плех

Караница во најава. Може да се случи семејството да не е задоволно од она што го имате, постојано да бараат и очекуваат повеќе. Ќе се потрудите да им овозможите се што е во ваша моќ, но ќе сфатите дека почитта не се заслужува така.

Ако сонувате нов плех

Нова љубовна врска е на повидок. Може да запознаете личност која ќе бе биде љубов на прв поглед. Ќе осетите пеперутки во стомакот. 

Ако сонувате дека миете плех

Завршувате туѓи обврски. Веројатно и дома и на работа работите повеќе отколку што се очекува од вас. Најмалку мислите на себе. Посветете си повеќе внимание.

Ако сонувате дека сте купиле плех

Ќе свртите нов лист. Можно е да станете свесни за некои негативни личности кои би сакале да ги промените. Престанете да кукате и да се жалите затоа што ќе сфатите дека се е во ваши раце и мора побрзо да почнете да правите промени.

Ако сонувате дека сте фрлиле стар плех

Ова значи дека многу лесно се откажувате. Вие сте личност која штом се појават проблеми, попрво ќе ја прекинете врската или пријателството отколку да се борите за истото. Затоа многумина сметаат дека сте површни и бесчуствителни, но тоа за вас е одбранбен механизам.

Ако сонувате дека сте добиле или подариле плех

Ви недостасува инспирација за да се придвижите и да напредувате на работното место. Немате доволно добар капацитет и потребно е да побарате совет од личност на која и верувате.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg