Подарок

Term Main definition
Подарок

Ако примите подарок на сон означува неволја во љубовта, а ако давате подарок означува расправија во куќата.

Што значи да сонувате подарок?

Ако сонувате подарок

Ако на сон видите подарок тоа симболизира пријатно изненадување. Можеби блиска личност ќе ве израдува до посета која не сте ја очекувале. Веќе сте помислиле дека ве заборавил/ла па ќе ви биде уште подраго кога ќе се уверите дека сомнежите ви биле невистинити.

Ако сонувате дека сте примиле подарок

Доколку на сон примите подарок тоа имплицира дека ќе ве изневери пријател. Веројатно ќе дознаете од другите дека ви работи зад грб и дека ги коментира вашите интимни нешта во јавноста.

Тоа многу ќе ве погоди и ќе сфатите дека морате да ги одредите границите со кои ќе се заштитите од луѓето кои говорат едно, а мислат или прават друго.

Може да значи дека ќе имате расправија во домот. Иако многу си го сакате семејството, не успевате секогаш да се спогодите со нив. Често се обидуваат да ви го наметнат своето мислење за да го работите она што го очекуваат од вас. Досега успешно сте им одолеале на притисоците што ви предизвикувало незадоволство во вашиот дом.

Ако сонувате дека вие давате подарок

Кога на сон давате подарок, тоа укажува дека им се радувате на ситните нешта. Вие сте личност која има способност некому да му го разубави денот и да му/ ѝ измами насмевка на лицето. Поради тоа внимавате како се однесувате кон луѓето и се трудите секојдневно да ги почестите со насмевка или убави зборови кои им значат многу.

Давањето подарок на сон значи предупредување дека имате неволји во љубовната врска. Веројатно сте рекле или направиле нешто што го повредило вашиот партнер. Ќе се обидете на сите начини да се искупите и повторно да ја придобиете неговата доверба. Друга можност е дека сте купиле подарок, па тоа ви оставило впечаток.

Ако сонувате дека враќате подарок

Ако на сон враќате подарок тоа значи дека ќе се почувствувате навредено. Може да се случи да не ви се допадне нечија намера поради што бурно ќе реагирате и сешто ќе ѝ кажете. Вие сте личност која држи до себе и своето достоинство поради што на другите им давате повод да мислат дека можат да ве опсипт со непристојни понуди.

Ако сонувате дека сте изгубиле подарок

Кога на сон ќе изгубите подарок, тоа имплицира дека некого ќе растажите. Веројатно личноста на која ѝ се допаѓате подолго време ќе ве праша да станете нешто повеќе од пријатели. Вашиот одговор ќе биде негативен што на оваа личност ќе ѝ ги уништи соништата и ќе ѝ даде до знаење дека кај вас нема шанси.

Исто така, ако сонувате дека сте изгубиле подарок тоа имплицира дека вашите барања се превисоки. Неретко се наоѓате во ситуација кога ништо не ве усреќува од она што го имате. Се споредувате со другите и секогаш ви се чини дека нивните нешта се поубави, дека се поуспешни од вас и на приватен и на деловен план.

Може да ви се случи да почнете да цените сè што имате тогаш кога ќе бидете во опасност да изгубите сè.

Ако сонувате дека пакувате подароци

Ако сонувате дека пакувате подароци тоа значи дека ќе бидете поканети на свадба, крштевка, роденденска прослава или некоја друга веселба. Долго време ќе размислувате што да им подарите на домаќините и ве мачи прашањето колку пари би требале да потрошите за тоа.

Вредноста на самиот подарок не е значајна, ако сте ја дале од срце. Ништо не е повредно од искреното радување поради туѓа среќа. Тоа треба да го покажете со самото ваше присуство.

Ако сонувате дека некој друг пакува подароци

Ако сонувате дека некој друг пакува подароци тоа укажува дека пријателот или членот на семејството ќе се обиде да ве изненади со убав подарок или гест, но ќе дознаете која му е намерата. Сепак, ќе се правите дека ништо не знаете за да не го расипете изненадувањето на кое работи веќе долго време.

Ако сонувате дека отворате подароци

Доколку на сон отворате подароци тоа значи дека би требале да бидете благодарни за она што сте го постигнале во животот. Имате обичај да кукате кога нештата нема да се одвиваат онака како што сте ги замислувале, но ако размислите подобро ќе сфатите дека немате причини за тоа.

Ако лицата кои ги сакате се здрави и ако добро ве служи здравјето тоа е доволна причина да бидете среќни и задоволни. Убаво е да имате амбиции и да работите на нивното остварување, но не смеете да дозволите стекнувањето на материјалните нешта да ви стане опсесија.

Ако сонувате дека некој друг отвара подароци

Кога на сон гледате дека некој друг отвара подароци тоа имплицира дека вестите кои ги чекате ќе бидат многу добри. Ќе ве израдува телефонски повик од странство. Ако чекате виза или работна дозвола, можеби наскоро ќе треба да почнете да се пакувате.

Ако сонувате дека сте добиле подарок кој не ви се допаѓа

Овој сон укажува на тоа дека премногу работите. Запрашајте се дали тоа мора да биде така или сте станале лакоми и важно ви е да имате што повеќе пари. Факт е дека парите не се најважното нешто во животот, но исто така, се неопходни за нормален живот. 

Сепак, потрудете се да најдете мера за да не ги „изгорите“ желбите побргу отколку што треба.

Ако сонувате дека купувате подароци

Кога сонувате дека купувате подароци тоа може да има повеќе различни значења. Доколку купувате подарок за партнерот тоа укажува на грижа на совеста. Можеби сте погрешиле нешто, па со подарокот сакате да се искупите за грешката. Ако купувате подарок за некој член на семејството тоа имплицира дека сакате на и покажете на таа личност колку ви значи.

Подароците не се најдобар избор за тоа, потрудете се тој/таа на други начини да ја почувствуваат вашата љубов. Кога на сон купувате подарок за пријател/пријателка тоа значи дека е време да му/ ѝ посветите повеќе внимание и време.

Можеби сте запоставиле некои луѓе поради бројните обврски.

Ако сонувате подароци под елка (бор)

Кога сонувате подароци под новогодишна елка тоа имплицира дека ќе добиете многу корисен совет од постар член на семејството или пријател кој има многу поголемо животно искуство од вас.

Потрудете се да го послушате, бидејќи во иднина би можеле многу да профитирате. Не се инаетите и не донесувајте одлуки во афект, бидејќи тоа често има повеќе негативни отколку позитивни последици.

Значењето може да биде поедноставно. Ако пред скоро време сте виделе, примиле, дале, вратиле или изгубиле подарок, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за подарок 

Подарок е знак на внимание кој го даваме или добиваме.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg