Погача

Term Main definition
Погача

Погача во сон предупредува дека е можна кавга, расправија, неуспех, краткотрајна веселба.

Што значи да сонувате погача?

Ако сонувате погача 

Ако во сонот видите погача, тоа укажува дека ќе имате парични проблеми. Вашето семејство веројатно брои неколку членови кои воопшто немаат разбирање за вашата тешка материјална ситуација во која се наоѓате, туку само сакаат да им го исполните секој зацртан каприц.

Колку и да ве убедувале дека сега не е вистинско време да се расфрлувате со пари, ќе попуштите пред навалувањата и по кој знае кој пат ќе се доведете до долгови или минус. Себеси само ќе си префрлувате дека не сте успеале да ги научите лекција која во иднина ќе ви биде повеќе од потребна.

Ако правите погача

Ако сонувате дека правите погача тоа имплицира дека ќе се жртвувате за своето семејство. Постои голема веројатност дека канцеларијата ќе ја замените за кујна, а кариерата  за мајчинство или татковство. Вашите приоритети ќе се променат, а најголемата плата ќе ви биде насмевката на вашето детенце. Сите нешта ќе му ги подарите нему и вашиот живот ќе добие сосема нова димензија и смисла.

Ако јадете погача во сонот

Доколку сонувате дека јадете погача во сонот тоа е предупредување да не претерувате со внесот на калоричната храна. Веројатно не сте претерано дисциплинирани па лесно качувате килажа поради која се нервирате и избегнувате минатогодишни нешта.

Во состојба сте неколку дена да се придржувате кон диета која сте ја пронашле во некој магазин или слушнале од пријателка, но многу бргу потклекнувате и се затекнувате себеси како стоите пред фрижидер во доцни часови по полноќ.

Ако сонувате дека некој друг прави погача

Доколку во сонот видите дека некој друг човек прави погача  тоа имплицира дека си замерувате што не сте се потрудиле доволно на факултет или на работа и што сте имале можности да постигнете напредок но, не сте ги сфатиле сериозно. Сте имале прилика да станете што сакате, но мрзеливоста или недостатокот на волјата ве спречиле на тој пат.

Поради тоа, на сите им давате совети секогаш да го искористуваат својот максимум, бидејќи животот ретко пружа повеќе од една прилика.

Ако сонувате дека некој друг човек јаде погача

Сонот во кој гледате како некој друг човек јаде погача симболизира потреба за промена. Не сте задоволни од својот физички изглед и многу пати сте започнувале и престанувале со диети и заминувања во теретани. Секое ваше откажување било поради фактот дека резултатите стигнувале многу забавено.

Меѓутоа, кога овојпат ќе застанете на вага ќе сфатите дека овојпат навистина сте претерале, па ќе направите се за да бидете повторно задоволни со своите килограми и физички изглед.

Ако сонувате дека читате рецепт за погача

Ако сонувате дека читате рецепт за погача можеби имате проблем со концентрацијата. Сигурно ви се случува да одлетате некаде кога некој ќе ви се обрати, па испаѓате непристојни и несериозни. Веројатно размислувате и за други мал милион нешта и не можете да се сосредоточите на она што го работите во моментот.

Ова се јасни знаци дека ви  е потребен одмор. Оставете се што работите во моментот и посветете си малку време на себе, семејството и пријателите. Кога ќе ги наполните батериите на сите ќе им биде полесно.

Ако сонувате дека купувате погача

Доколку сонувате дека купувате погача тоа симболизира носталгија. Веројатно сте меланхолични за времето кога сте биле во кругот на семејството, кога не сте имале многу проблеми  грижи и кога некој друг бил одговорен за вас. Тоа е сосема нормална појава особено во моментот кога имате бројни обврски.

Ваквите соништа честопати ги сонуваат студентитее кои поради факултет се приморани да го напуштат домот или луѓето кои поради работоа се отселиле од градот во којшто пораснале и во кој ги врзуваат убави спомени.

Ако сонувате дека продавате погача

Кога сонувате дека продавате погача постои можност неочекувано да добиете одредена сума на пари. Можеби ќе имате среќа на лото, бинго или во кладилница, а можеби ќе наследите нешто од далечен роднина кој сте го виделе само неколку пати во вашиот живот. Ненадејниот прилив на пари ќе ви помогне да ги сошиете сите дупки, но и да си купите нешто за коешто долго време си мечтаете.

Ако сонувате дека сте добиле погача

Сонот во којшто сте добиле погача значи дека сте станале мрзеливи. Повеќе немате волја да се занимавате со нештата во кои некогаш сте уживале. Подраго ќе ви биде да поминете време покрај телевизор отколку да излезете на прошетка со пријателите. Сте го запоставиле хобито кои ви било најважната споредна работа во вашиот живот. Веројатно се работи за некаква минлива фаза, меѓутоа, ако потрае тоа е знак за тревога.

Ако сонувате дека сте фрлиле погача

Ако сонувате дека сте фрлиле погача во канта за отпадоци тоа значи дека претерано се расфрлате со она што го имате. Во моментот сте во можност да си обезбедите некои нешта, па не се двоумите тоа да го покажете на сите околу вас. Тоа што вие го сметате за луксуз, за другите е ситница, затоа немојте да се правите важни, туку гледајте да заштедите некој износ за да не бидете осудувани во иднина по кое било прашање.

Ако сонувате дека сте нашле влакно во погача

Ако сонувате дека сте нашле влакно во погача значи дека сте многу гадлива личност. Никогаш не јадете кај секого и никогаш не нарачувате храна од ресторан кој не ја поминал ваша строга контрола. На среќа, редовно готвите, па шансите дека ќе останете гладни се многу мали.

Вашето однесување може да навреди некого кој недоволно ве познава, бидејќи семејството и пријателите се навикнати и помирени со вашите ставови кога е во прашање храната.

Ако сонувате дека некој пронашол влакно во погача

Доколку сонувате дека некој пронашол влакно во погача тоа значи дека ќе се посрамотите. Можеби ќе заборавите на договорот со пријателот кого долго време не сте го виделе или ќе испаднете смешни пред некого кого тукушто сте го запознале. Во секој случај, срамот не ви гине и не можете ништо да преземете да го спречите тоа. Важно е како ќе реагирате после тоа.

Ако сонувате расипана (бајата) погача

Ако во сонот видите или јадете расипана погача тоа имплицира дека во блиско опкружување имате некого чии намери не се потполно чисти. Тој или таа ќе се потруди да ви се претстави како искрен пријател или пријателка за да може подоцна да ве наговори да донесете одлуки или да правите нешто што нему или нејзе и е во интерес.

Можеби партнерот или партнерката е со вас само поради чиста корист. Веројатно досега сте забележале знаци дека тоа е така, но сепак сте одлучиле да ги игнорирате бидејќи оваа личност ви е драга. Меѓутоа, ако дозволите оваа личност да продолжи да ве манипулира, во иднина би можеле сериозно да се покаете.

Преземете нешто пред да биде предоцна!

Ако сонувате погача со месо

Погледнете што значи да сонувате бурек. Значењето на сонот може да биде многу поедноставно. Доколку неодамна сте јаделе или правеле погача тоа сигурно ви оставило силен впечаток брз потсвеста.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg