Пушка

Term Main definition
Пушка

Полна пушка значи добар знак за сè што ќе започнете, некој ќе ве заштити, додека празна значи дека вашата желба нема да се оствари.

Што значи да сонувате пушка?

Ако видите пушка во сон, тоа предупредува дека ќе бидете во опасност. Можеби имате проблеми со соседите или соработниците чии принципи ќе бидат спротивни од вашите.

Вие воопшто нема да сакате да се согласите на нивните услови, па затоа најпрво ќе се обидат да ве убедат на убав начин, а кога ќе сфатат дека тоа нема никаква корист, ќе употребат сила.

Ако сонувате полна пушка

Кога во сон ќе видите полна пушка, тоа е добар знак за сè што започнувате. Може да се случи некој да ви предложи да започнете бизнис и да станете свој шеф.

На почетокот, ќе имате многубројни сомнежи и ќе се плашите од неуспех, но ќе се препуштите и ќе започнете авантура што ќе ви донесе само добри работи.

Ако сонувате празна пушка

Ако видите празна пушка во сон, тоа подразбира дека вашата желба нема да се оствари. Вие сте тврдоглави и брзоплети по природа, па затоа сакате да ја ставите на дело секоја идеја без да размислите дали ќе имате корист од истата.

Бидејќи ова ќе го соопштите на сите од кои очекувате поддршка, тие ќе ве спуштат на земја и ќе ве натераат да се откажете.

Ако сонувате дека пукате со пушка

Кога пукате со пушка во сон, тоа значи дека некого ќе навредите. Веројатно  се работи за личност која многу ја сакате, но врз која ќе ги истурите сета беспомошност и фрустрации што се насобрале.

Ретко ја следите изреката „три пати мери еднаш сечи“ за што треба да се извините и да ветите дека ќе внимавате како ќе се однесувате во иднина.

Ако сонувате дека учите некого да пука со пушка

Ако во сон научите некого да пука со пушка, тоа значи неблагодарност. Можно е да му помогнете на некого да се вработи или да преброди тешки моменти во животот, но кога ви треба услуга, нема да наидете на очекуваната реакција. И покрај тоа што ќе се преправате дека не ве интересира, ќе ве повреди тоа што дотичната личност нема да сака да ви помогне за нешто што сметате дека е важно.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе празна или полна пушка, или сте пукале со неа, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за пушка

Пушка е огнено оружје што се користи за воени и полициски цели, и за лов.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg