Шајки

Term Main definition
Шајки

Грст шајки во сон означува подобрување на приликите, исполнување на надежта; ако вадите шајки на сон значи дека ќе дознаете голема тајна; стари `рѓосани шајки предупредуваат дека куќата ви е во опасност; ако ковете шајки значи дека ќе се спасите од опасноста на јаве.

Што значи да сонувате шајки?

Ако сонувате грст шајки

Ако во сонот видите грст шајки, тоа укажува дека вашите прилики ќе се подобрат. Можеби во претходниот период сте правеле планови кои никако не сте можеле да ги остварите.

Полека сте почнале да губите верба дека нештата ќе тргнат во правец кој вам ви одговара, но наскоро коцките ќе се наредат и ќе ви се отворат многу врати кои ќе ви понудат подобри услови од оние кои сте ги очекувале.

Ако сонувате дека вадите шајка

Ако сонувате дека вадите шајка тоа имплицира дека ќе дознаете некоја важна тајна. Веројатно отсекогаш сте имале чувство дека членовите на семејството ви кријат нешто, но не сте биле во можност да најдете докази кои ги ви ја потврдиле сомнежта.

Ова сознание ќе направи да се посомневате во останатите нешта кои ви ги зборувале, па во еден период ќе претерате со вашата недоверба и испрашување.

Ако сонувате `рѓосана шајка

Ако на сон сте виделе `рѓосана шајка, тоа е предупредување дека куќата ви е во опасност. Можеби во вашето опкружување имате личност која ви завидува и која би направила сè што е во нејзина моќ да ви ја расипе хармонијата којашто ви владее во домот.

Ќе се преправа дека ви е пријател, но штом ќе ѝ се укаже прилика, ќе шири лаги и ќе се обиде да ве скара со домашните.

Ако сонувате дека ковете шајки

Ако сонувате дека ковете шајки тоа значи дека на јаве ќе се ослободите од опасноста. Свесни сте во каков свет живеете и секогаш се трудите да бидете внимателни. Ова не се однесува само на материјалните нешта, туку и на емоциите.

Се раководите според изреката дека е подобро да спречите отколку да лечите и дека приликата создава крадци. Таквиот став ве штити од непредвидени ситуации, но ве спречува да уживате во моментот и да доживеете неочекувани радости.

Ако сонувате дека сте искривиле шајка

Ако сонувате дека сте искривиле шајка заковувајќи ја некаде тоа укажува на пропадната инвестиција. Нешто што многу време го очекувате нема да ги даде посакуваните резултати, па би можеле многу да се разочарате. Од друга страна, можеби емоциите кон некого нема да ви бидат возвратени. На болен начин ќе сфатите дека сте заљубени во некого кој не негува исти чувства кон вас.

Ако сонувате дека сте скршиле шајка

Кога сонувате дека сте скршиле шајка обидувајќи се да ја заковате во нешто тоа значи дека пред вас е период исполнет со многу предизвици. Ќе наидете на многу пречки како на приватниот, така и на деловниот план.

Во некој момент ќе посакате да се откажете, но ќе ја црпете силата од семејството и од луѓето кои ве почитуваат.

Ако сонувате дека продавате шајки

Доколку сонувате дека продавате шајки тоа значи дека ќе ви треба многу труд и работа за да го постигнете она што го сакате. На тој начин успехот ќе има поголема тежина. Нема да ги користите пречките, измамите и триковите, туку чесно ќе го заработувате секој денар кој ќе го имате.

Поради тоа ќе ја стекнете почитта кај едниот дел од заедницата во која живеете, додека ќе има и такви кои од завист и љубомора ќе зборуваат дека не сте „цвеќе за мирисање“ и дека не сте заслужни за сè што сте стекнале во животот.

Ако сонувате дека купувате шајки

Сон во кој купувате шајки симболизира потреба за промена. Веројатно ви здодеал факултетот или работата која ја работите. Можеби ве гуши местото во кое живеете во моментот и не можете да се помирите со фактот дека засекогаш ќе останете тука. Не смеете да губите надеж.

Ако нешто сакате, борите се за тоа и немојте секоја идеја да ја осудувате на пропаст пред да тргнете во нејзина реализација. За многу нешта во животот никогаш не е доцна, ако верувате дека сè е можно.

Ако сонувате дека крадете шајки

Сон во кој крадете шајки само кажува дека не дозволувате ситниците да ве „извадат од такт“. Претерано сте раздразливи и нервозни и тоа влијае врз комуникацијата со другите луѓе. Сигурно постои некоја причина за тоа. Пронајдете ја пред да ви го загрози односот со другите.

Ако сонувате дека некој ви краде шајки

Ако во сонот некој ви краде шајки тоа имплицира дека ќе откриете измама. Можеби работодавецот не работи според законот и тоа вешто го крие од вас и од останатите. Кога ќе откриете конечно за што станува збор ќе се двоумите дали да молчите за да си го задржите своето работно место.

Вашата морална дилема е сосема јасна – од една страна ви е жал дека ќе ја загрозите сопствената и егзистенцијата на колегите, а од друга страна би сакале работодавецот да одговара за своите постапки. Посоветувајте се со некого во кого имате доверба и добро анализирајте ги аргументите пред да решите да преземете нешто.

Ако сонувате дека сте пронашле шајки

Овој сон значи дека ќе поминете убави моменти со старото друштво. Можеби конечно ќе се соберете и ќе евоцирате убави спомени од младите денови. Од друга страна, можно е дека ќе заминете на прослава на годишнина од матура и тука ќе сретнете луѓе кои не сте ги сретнале веќе со години.

Ќе ви биде необично кога ќе ги видите во улога на родители, деловни луѓе или дури баби или дедовци. И покрај тоа што сте задоволни од сè она што го имате постигнато во животот, на момент ќе посакате да се вратите во безгрижното време.

Ако изгубите шајка на сон

Ако во сонот сте ја изгубиле шајката тоа имплицира дека нема да дозволите некој да ви ги расипе плановите. Веројатно се работи за работа или за некое патување. Можеби ќе постојат реални околности кои ќе ве спречат во вашите намери, но ќе се потрудите да ги решите од нога за да не си ја загрозите реализацијата на плановите.

Ако сонувате дека некој фрла шајки по вас

Ако сонувате дека некој ви фрла шајки можеби сте во тајна или забранета врска. Се трудите да ја сокриете од другите, но сепак би сакале својата партнерка или партнер да прошетате гордо низ градот. Ако вашиот љубовник или љубовничка е зафатен или зафатена во моментот оваа желба нема да ви се оствари бидејќи тој или таа нема намера да го остави својот партнер или партнерка поради вас.

Во случај вие да сте зафатените, можеби би требале да размислите колку е лошо тоа што му го или  ѝ го работите.

Ако сонувате дека вие фрлате шајки по некого

Доколку некого го мавате со шајки тоа значи дека не би требале да осудувате туѓи постапки ако никогаш не сте се нашле во таква ситуација. Најлесно е да се каже „јас никогаш не сум бил/била во таква ситуација“, а тешко е тоа да се спроведе на дело кога ќе ви се случат некои нешта. Затоа не им судете на луѓето пред да ги запознаете, бидејќи не би сакале такво нешто да ви се случи и вам.

Ако сонувате златни шајки

Ако сонувате златни шајки, овој сон означува дека вложувате преголем труд во нешто што не вреди толку. Немате потреба да се трудите толку многу, бидејќи и со помал труд можете да ја завршите истата работа.

Значењето на овој сон може да биде многу поедноставно. Ако неодамна сте ковале шајки, тоа сигурно ви оставило силен впечаток.

Дефиниција за шајки

Шајка е метален дел кој служи за спојување на два материјала, најчесто дрва.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg