Шише

Term Main definition
Шише

Полно со нешто: ќе ве наклеветат; со вино: задоволни часови; празно: неволја, прибирање на јазикот; големо: ќе западнете во долгови; мало: големо изненадување.

Што значи ако сонувате шише?

Ако видите полно шише на сон

Ако во сонот видите полно шише тоа е предупредување дека некој ќе ве наклевети. Можеби ќе се соочите со невистини кои ќе бидат изречени на ваша сметка бидејќи ќе се залагате за нешта кои ги сметате за праведни.

Вашиот став ќе донесе многубројни потешкотии, но вие поинаку не умеете да функционирате и не би можеле да се погледнете во огледало знаејќи дека правите нешто што кај другите го осудувате.

Ако сонувате шише вино

Кога сонувате шише вино тоа симболизира пријатни моменти. Ќе поминете преубава вечер со личност која ви се допаѓа и доколку не сте во врска, после ова ќе бидете сигурни дека тој/таа ви е сродна душа.

Имате чувство како да го познавате сиот ваш живот и дека ставовите и плановите за иднина ви се идентични. Освен разговорот, ќе уживате и во романтична вечера и секс.

Ако сонувате празно шише

Ако сонувате празно шише тоа ви е предупредување да си го приберете јазикот. Веројатно во многу ситуации реагирате избрзано и не размислувате за последиците кои можете да ги предизвикате на тој начин. После тоа следат часови исполнети со каење и залудни мечтаења што би направиле кога би го можеле да го вратите времето.

Луѓето коишто ве познаваат имаат разбирање за таквото однесување, но оние што ве гледаат за прв пат, најчесто стекнуваат погрешен впечаток.

Ако сонувате големо шише

Доколку во сонот видите големо шише тоа имплицира дека ќе западнете во долгови. Веројатно во претходниот период сте имале искушенија со кои не сте знаеле да се изборите па сте потклекнале на опциите кои ви се чинеле полесни и не бараат голем труд и работа на себе.

Меѓутоа, како во најголем број на случаите, ќе произлезе дека долгиот пат е вистинскиот и ќе ви треба многу време, трпение и парични средства за да се вратите во нормала.

Ако сонувате мало шишенце

Кога сонувате мало шишенце тоа е знак дека ќе доживеете големо изненадување. Можеби партнерот ќе организира забава за датум кој вие го сметате за многу важен. На почетокот ќе се преправа дека заборавил што во вас ќе предизвика лутина и разочарување. Кога ќе сфатите за што се работи нема да можете да си дојдете на себе од среќа и благодарност што имате таква личност покрај себе.

Ако сонувате скршено шише

Ако сонувате скршено шише тоа имплицира дека некој вербално ќе ве нападне. Може да ви се случи да доживеете некоја непријатност во текот на секојдневните активности после која ќе направите се за да се заштитите.

Ќе сфатите дека има различни луѓе кои не се плашат од ништо и најдобро е да не им обрнувате внимание.

Ако сонувате дека отворате шише

Ако сонувате дека отворате шише тоа значи дека ќе донесете големи одлуки кои би можеле да ви го променат квалитетот на животот. Можеби ќе престанете да пушите или да пиете или конечно ќе почнете да држите диета. Ќе сфатите дека предолго време сте си го загрозувале здравјето и ќе почнете да се менувате од корен.

Ова може да се однесува и на одлуката да почнете да штедите пари за да купите нешто во коешто ќе уживате. Голема поддршка од семејството и од пријателите ќе ви биде клучна во намерата тоа да го спроведете на дело.

Ако сонувате дека затворате шише

Доколку во сонот затворате шише тоа е знак дека ќе престанете да се поверувате на личноста која досега ви била најблиска. Можеби ќе сфатите дека од него/нејзе потекнуваат сите трачеви коишто ќе ги чуете, па после првичниот шок ќе следи одлука повеќе ништо да не му/и кажувате.

На тој начин официјално ќе добие потврда дека тој/таа ве озборувал/а на секој чекор и тоа би можело да биде крај на едно долгогодишно пријателство.

Ако сонувате дека не можете да отворите шише

Сон во кој се обидувате да отворите шише симболизира очај. Можеби сте се нашле во ситуација во која не можете да промените некои нешта и поради тоа се чувствувате како да сте изгубиле контрола над својот живот. Можеби ќе се обидете да заведете личност која не покажува интерес кон вас.

Ако сонувате дека не можете да затворите шише

Доколку во сонот не можете да затворите шише тоа симболизира ваше настојување да сокриете некоја тајна. Веројатно долго време молчите на некоја тема бидејќи се плашите од последиците кои би ги сноселе. Од друга страна, можеби се обидувате да сокриете тајна која ви ја доверил/а пријател/пријателка или некој член на семејството.

Бидејќи по природа сте разговорлива личност се плашите да не „излаете“ нешто пред погрешни луѓе.

Ако сонувате дека некој ви украл шише

Кога некој ви украл шише на сон тоа значи дека ќе претрпите неправда. Можно е колегата да добие унапредување или покачување на кое вие сте се надевале. Не е исклучено ниту дека ќе се борите за своето пред суд или пред истражните органи. Некој ќе се обиде да присвои ваш имот или наследство.

Ако сонувате дека некому сте украле шише

Овој сон укажува на тоа дека сте арогантна личност. Свесни сте за своите можности и способности и не се двоумите да им ги покажете на луѓето. За тоа, секако очекувате награда.  На патот кон успехот не ве интересираат други луѓе, па не ви паѓа тешко да ги загрозите ако тоа ви е во интерес.

Вашата амбиција одамна ги преминала границите на добриот вкус. Многу мостови сте срушиле за да напредувате во животот, а еден ден поради тоа и ќе се каете.

Ако сонувате дека сте пронашле шише

Ако во сонот пронајдете шише тоа значи дека ќе откриете нечии лоши намери. Веројатно на време ќе откриете дека некој се обидува да ве саботира и ќе знаете како да реагирате. Кога веќе се служите со интелигенција а не со емоции во состојба сте да победите секаков непријател.

Затоа немојте бурно да реагирате за не ве повреди или навреди некој туку потрудете се да смислите начин подобро да санирате евентуална штета.

Ако сонувате дека некому сте му скршиле шише од глава

Доколку сред тепачка некому сте скршиле шише од глава тоа имплицира дека сте дозволиле негативната енергија да ги надвладее оние нешта за кои можете да бидете задоволни во животот. Потполно сте се фокусирале на она што не ви одговара во животот, а занемарувате се што е добро.

Со таквото размислување лошо влијаете на сопственото здравје. Мора веднаш да пронајдете начин да се опуштите, бидејќи стресот би можел да ви создаде уште поголеми проблеми од оние што ги имате сега.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку пред скоро време сте виделе шише или пиеле од него, тоа сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за шише

Шише е сад, најчесто од стакло или пластика, во кое се чуваат течности и има проширено тело, стеснето грло и отвор.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg