Штрк

Term Main definition
Штрк

Штркот во сон ја симболизира среќата во бракот, принова во семејството.

Што значи да сонувате штрк?

Ако во сон гледате штрк, тоа ја симболизира среќата во бракот. Веројатно добро се согласувате со саканата личност и имате однос полн со љубов и доверба.

Ќе сакате да го зголемите семејството, па затоа ќе разговарате многу како ќе ги воспитувате децата и кој ќе биде задолжен за што.

Ако сонувате дека штрк лета

Доколку во сон штрк лета, тоа означува неисполнета желба. Можно е да сакате да имате деца, но поради некоја причина тоа не ви успева. Премногу сте оптоварени со оваа идеја и штом малку се опуштите, ќе видите дека сè ќе си дојде на свое место. 

Ако сонувате дека бркате штрк

Кога во сон бркате штрк, тоа подразбира дека некого залажувате. Вашиот партнер/ка веројатно сака да имате семејство, но вие го убедувате дека сè уште не е вистинско време.

Изговори ви се лошата финансиска состојба, обврските на работа итн., а всушност ни сами не знаете што да правите.

Ако сонувате штрк во гнездо

Ако во сон гледате штрк во гнездо, тоа укажува дека важна личност ќе ве посети. Веројатно станува збор за некој што ќе ви понуди добра работа која долго ја чекавте.

Ќе бидете решени максимално да ја искористите оваа можност затоа што сте свесни дека слична нема да ви се укаже во блиска иднина.

Ако сонувате дека сте убиле штрк

Доколку во сон убиете штрк, тоа значи дека ќе го поразите непријателот. Не се согласувате со констатацијата дека е важно само да учествувате, туку победата ви е   примарна цел. Честопати им се лутите на соработниците или на соиграчите кои не постигнуваат добри резултати и избегнувате да бидете во ист тим со нив.

Ако сонувате дека штрк мавта со крилјата

Кога во сон штркот мавта со крилјата, тоа најавува свадба. Може да се случи вие или некој близок да одлучите да стапите во брак. Ќе започнете со подготовки порано затоа што ќе организирате огромна прослава за која ќе треба многу труд или ќе бидете кум кој ќе ја сфати својата улога многу сериозно.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Доколку неодамна сте виделе штрк како лета, мавта со крилјата или во гнездо, сигурно ви оставило впечаток.

Дефиниција за штрк

Штркот е висока птица со долг врат, долги нозе и долг и тврд клун.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg