Слепо животно

Term Main definition
Слепо животно

Кога на сон гледате слепо куче тоа е предупредување на неуспех во работата со која се занимавате.

Што значи да сонувате некое од овие слепи животни?

Слепо куче

Кога на сон гледате слепо куче тоа е предупредување на неуспех во работата со која се занимавате. Веројатно вложувате многу труд и работа за да се биде како што треба, но не сте предвиделе ситница поради која би можело се да ви се сруши.

Обидете се со помош на соработници или некој кој има поголемо искуство во таа работа од вас да дојдете до заклучок за што се работи и на време да го санирате проблемот.

Слепа мачка

Ако на сон видите слепа мачка тоа е порака повеќе да им верувате на своите инстинкти. Вие сте личност која не се впушта во ризични ситуации и секогаш „игра на сигурно“.

Меѓутоа, се наоѓате во фаза кога не може да ве измами чувството, па зошто да не го искористите.

Слепа кокошка

Слепа кокошка или пиле на сон симболизираат среќа. Можеби ќе наследите имот или пари од подалечен роднина или ќе добиете џек пот во игри на среќа.

Во секој случај, оваа добивка ќе ви помогне да се извлечете од тешки финансиски состојби во кои се наоѓате некое време. Немојте сите пари да ги потрошите одеднаш, чувајте нешто и за црни денови.

Слепо прасе

Доколку на сон видите слепо прасе веројатно ќе бидете поканети на свадба, крштевка или роденденска забава. Најголем проблем ќе ви биде изборот на подарок бидејќи личноста за која е наменет не ја познавате доволно. Затоа парите ви се најсигурна опција.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg