Загуба

Term Main definition
Загуба

Ако сонувате дека сте претрпеле загуба тоа е предупредување што поскоро да почнете да собирате вересија.

Што значи да сонувате загуба?

Ако сонувате дека сте претрпеле загуба

Ако на сон претрпите загуба, тоа е предупредување дека треба да собирате вересија. Можеби ќе се најдете во тешка финансиска ситуација за која ќе ви треба силно тло за да се исправите и да застанете на нозе.

Луѓето околу вас добро знаат дека сте човек од збор и ќе сторат се за да ви помогнат да ги решите вашите проблеми. И покрај поддршката, ќе имате чувство дека ништо во животот не можете да стекнете на лесен начин, туку мора да вложите многу напор и непотребно да се мачите.

Ако некој друг претрпува загуба

Ако сонувате дека некој друг претрпува загуба тоа имплицира дека ќе му помогнете на некој ваш пријател во неволја. Отсекогаш сте се однесувале со вашите пријатели онака како што очекувате тие да се однесуваат кон вас. Вашето воспитување се заснова на тој принцип, и според вашите сфаќања вие секогаш ги ставате во преден план оние коишто се жалат дека нешто ги мачи.

Во секој момент сте спремни да ги промените вашите планови, и со часови да ги слушате и тешите вашите пријатели, правејќи се што можете да измамите насмевка на нивното лице и да ги убедите дека заедно ќе го најдете најдоброто можно решение.

Значењето на ваквите сонови зависи од контекстот во кој се одвиваат, како и деталите.

Ако сонувате дека сте загубите пријател

Доколку на сон губите ваш пријател или пријателка, тоа е предупредување да не донесувате избрзани одлуки бидејќи во иднина можеби ќе се покаете. Колку и да ви е тешко да се воздржите, не смеете да дозволите во клучни моменти да ве совладаат негативни емоции на бес или лутина. Потрудете се да размислувате со „ладна глава“ за да ги минимизирате евентуалните загуби во иднина.

Ако сонувате дека сте изгубиле партнер

Кога сонувате дека сте го изгубиле партнерот, тоа е знак дека се плашите тоа да не се случи во реалноста. Можеби сте се оддалечиле или во последно време комуникацијата не ви оди баш најдобро. Не би сакале да се разделите, но се повеќе ви се чини дека би ве уништило тоа доколку вашиот партнер се дистанцира од вас.

Време е отворено и искрено да разговарате за вашиот однос и да се обидете да ги поправите работите. Немојте да го обвинувате партнерот за се лошо што се одвива меѓу вас. За љубов, но и за кавга се потребни двајца.

Ако сонувате дека губите татко или мајка

Ваков сон укажува дека сте ја загубиле својата верба во луѓето поради лоши искуства од минатото. Во последно време не можете никому да му се доверите, па дури ниту на вашите сакани, бидејќи се сомневате дека можеби ќе ве издадат.

Ретко си дозволувате да ви се доближат луѓето бидејќи претпоставувате дека нивните намери не се добри. Поради тоа често сте депресивни и анксиозни. Траумите од минатото најчесто многу тешко се лекуваат, но морате да им пружите шанса на луѓето да ви се доближат, а вие повторно да стекнете доверба во нив.

Ако сонувате дека сте изгубиле пари

Сон во кој губите пари укажува на неуспех на работа. Веројатно сте вложиле многу работа и труд во нешто за коешто сте очекувале дека ќе ви донесе добри резултати. Меѓутоа, сега, кога е крај на проектот, ви се чини дека сте изгубиле драгоцено време на нешто што воопшто не се исплати.

Сфатете го тоа како лекција и продолжете понатаму. Не смеете да си дозволите пречките и предизвиците со кои се соочувате во моментот да влијаат на вас, бидејќи во иднина вашето време допрва доаѓа.

Ако сонувате дека губите коса

Ако на сон губите коса тоа значи дека сте дозволиле да ве контролира стресот. Во последно време имате многу обврски и ви се чини дека проблемите никогаш не се откажуваат од вас. Ова влијае на вашето ментално и психичко здравје, а ако не си помогнете самите на себе, тогаш тој стрес може да се одрази и на вашето физичко здравје.

Запомнете дека ништо не е повредно од вашите нерви. Проблемите доаѓаат и поминуваат, но важно е да имате сила да ги надминете.

Ако сонувате дека го губите гласот

Доколку на сон го губите гласот, тоа е предупредување да престанете да ги озборувате другите. Веројатно сте опкружени со многу луѓе, па често слушате и нешто што не би сакале да слушнете. Наместо да ги задржите тие работи во себе, чувствувате огромна потреба да споделите со некого и на тој начин станувате „радио Милева“ која знае за секого се.

Водете сметка бидејќи поради тоа ваше однесување може да се најдете во неволја. Најлесен начин да го надминете тоа е да се обидете да замислите како би се чувствувале вие доколку некој шири гласини за вас.  

Ако сонувате дека губите апетит

Вакви сонови најчесто сонуваат луѓе кои имаат проблеми со килограмите или држат ригорозни диети за да ослабнат и да ја намалат килажата. Потсвеста ве тера да размислувате за храна, па поради тоа и сонувате храна.

Доколку пак не сте на диета, а сонувате дека го губите апетитот, можеби ќе присуствувате на непријатно семејно дружење. Ќе се посрамотите од други луѓе и ќе посакувате воопшто да не сте се појавиле на тоа собирање.

Ако сонувате дека сте го изгубиле сеќавањето

Сон во кој полека го губите сеќавањето значи дека сте заборавите да направите нешто многу важно во реалниот живот. Друго значење на овој сон е дека не сте исполниле нешто што некому сте му ветиле. Наместо искрено да признаете дека не се во можност да го направите тоа, се извлекувате со ветувања и со лаги.

Со тоа дополнително го нарушувате својот кредибилитет, но не само кај таа личност, туку и кај други личности со кои тој/таа комуницира.

Ако сонувате дека губите невиност

Толкувањето на овој сон зависи од тоа дали сте невини или не. Ако сте невини и сонувате дека сте ја изгубиле невиноста, тоа значи дека сакате на јаве да ви се случи тоа. Веројатно премногу размислувате какво е чувството да имате секс со некого, па сте станале опседнати со тоа.

Ако не сте невини а сонувате дека ја губите невиноста, тоа имплицира дека се каете поради некоја ваша постапка од минатото. Можеби сте направиле нешто поради коешто сега се срамувате и се каете поради тоа, и се трудите никогаш да не се открие таа ваша тајна. Можеби сте погрешиле и нешто во врска со ваша сакана личност, па имате грижа на совеста.

Ако сонувате дека губите во карти

Ако сонувате дека губите во карти, постои веројатност дека вложувањето во ризични зделки ќе ви донесе повеќе штета отколку корист. Бидете внимателни кога потпишувате било каков вид на договор.

Прочитајте ја секоја точка од договорот и кога потполно ќе се осигурате дека е безбедно, тогаш можете да потпишете. Во спротивно, доколку не внимавате, можно е да се најдете во ситуација да изгубите многу поради вашата немарност.

Значењето на сонот може да биде и многу едноставно. Доколку вие или некој ваш близок скоро сте претрпеле губиток, тоа сигурно оставило на вас силен впечаток.

Дефиниција за губиток

Губиток е кога ќе останеме без некого или без нешто што го сакаме.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg