Знаме

Term Main definition
Знаме

Не сте доволно ангажирани, тргнете во акција.

Што значи да сонувате знаме?

Ако видите знаме во сон

Ако во сон видите знаме, тоа подразбира дека сте недоволно ангажирани. Ви недостасува иницијатива во сè што правите. Безволни сте и главно чекате другите да завршат сè наместо вас. Вие не чувствувате страст кон студиите или кон работата што ја работите.

Тешко ви е да станете наутро и едвај чекате да се вратите дома и да спиете. Слободното време можно е дека го минувате дома на компјутер и игри. Ќе мора да тргнете во акција доколку не сакате да западнете во депресија и да си го искомплицирате животот непотребно.

Ако сонувате како држите знаме

Кога сонувате дека држите знаме, тоа значи дека се борите за вашите идеали. Вие сте чесни и го правите само она што мислите дека е правилно. Вие не се согласувате на компромиси затоа што знаете дека тоа ќе направи да се чувствувате лошо.

Свесни сте дека подобро поминуваат луѓето што се снаоѓаат во животот, но вие се водите исклучиво од моралните принципи.

Некогаш и сами мислите дека сте наивни, но не можете да се однесувате поинаку. Иако многу пати сте биле измамени, не ја губите надежта дека ќе сретнете луѓе кои ќе знаат да ги ценат вашите квалитети.

Ако сонувате дека носите знаме

Ако сонувате дека носите знаме, тоа значи дека ќе ви биде укажана голема чест. Можно е вашиот шеф да ви понуди подобра позиција во фирмата во која работите или деловните партнери да ве препорачаат на своите соработници. Од друга страна, не е исклучено да ве предложат за претседател на куќниот совет, претседател на партија или некое здружение во кое сте член.

Доколку во вашиот сон некој друг носи знаме, тоа може да значи дека некој колега ќе ги преземе заслугите за работата што вие сте ја направиле. Ќе се обидете на убав начин да му објасните дека тоа не е во ред, но кога ќе сфатите дека „не пие нафта“, ќе се обратите директно на раководителот или шефот.

При тоа ќе мора да бидете многу внимателни и мудри. „Измерете“ го добро секој изговорен збор и аргументот што го презентирате, бидејќи во спротивно може да предизвикате контраефект.

Ако сонувате дека палите знаме

Кога сонувате дека палите знаме, тоа значи дека конечно ќе соберете сила и храброст некому да му кажете во лице сè што мислите за него/неа. Веројатно долго трпите навреди и злонамерни забелешки од таа личност, но од почит и добри намери одлучувате да премолчите секој пат. Меѓутоа, ќе дојде момент кога ќе сфатите дека нема причина сето тоа да го држите во себе и едноставно ќе му „фрлите“ сè во лице.

Ако сонувате дека некој друг пали знаме, тоа значи дека ќе бидете повредени од неправда направена према други луѓе. Можно е да се најдете во позиција да одлучите за нечија судбина заедно со група луѓе. Ќе бидете надгласани и некому ќе му направите неправда.

Ќе се обидете тоа да го поправите, но едноставно нема да имате механизми за тоа. Ќе ви биде тешко да ја прифатите реалноста, но со текот на времето ќе сфатите дека вашите раце беа едноставно врзани.

Ако сонувате знаме кое се виори

Доколку сонувате знаме кое се виори, тоа значи дека комуникацијата со партнерот или домашните многу ќе се подобри. Ќе престанете да се расправате за секоја ситница.

Покрај тоа, ќе сфатите дека разбирањето и поддршката се пресудни за сè што правите и дека имате исто мислење за ова прашање. Пред вас е еден добар период за стекнување нови пријатели.

Ако сонувате неразвиорено знаме

Сон во кој гледате неразвиорено знаме подразбира подготвеност за сите предизвици што ве очекуваат на работа, училиште, факултет или во приватниот живот.

Конечно ќе ги наполните батериите, така што новите задачи и одговорности нема да ви бидат проблем. Ќе сфатите на кој начин можете поефикасно да го потрошите своето време, па конечно ќе можете да уживате во работите што ве исполнуваат.

Ако сонувате дека купувате знаме

Ако сонувате дека купувате знаме, тоа значи дека ќе бидете поканети на свадба, крштевка или на некоја друга прослава. Ќе ви биде исклучително драго за таа покана и ќе бидете среќни што со своето присуство ќе зголемите нечии среќни моменти.

Ќе се погрижите да подготвите убави подароци за да ги израдувате домаќините и со нетрпение ќе го очекувате тој ден.

Ако сонувате дека продавате знаме

Доколку сонувате дека продавате знамиња, тоа значи дека од објективни причини, некоја работа или патување ќе ви пропаднат. Ќе бидете многу разочарани поради тоа. Најлесно ќе го пребродите тоа доколку ја следите девизата „кога една врата се затвора, друга се отвора“.

Тоа ќе ви помогне да сфатите дека не смеете така трагично да ги доживувате малите неуспеси.

Ако сонувате дека подарувате знаме

Кога сонувате дека некому подарувате знаме тоа подразбира дека имате тајна симпатија. Веќе некое време ви се допаѓа личност која не ви е достапна од некоја причина. Ако и вие сте во врска, проблемот е уште поголем.

Тоа не ве спречува секојдневно да фантазирате за него/неа. Вие би сакале да се зближите, макар и како пријатели, но се плашите дека тој однос нема да остане на пријателска основа долго време.

Ако сонувате дека сте добиле знаме на подарок

Ако сонувате дека некој ви подарил знаме, тоа значи дека сте несигурни во себе. Се плашите од реакцијата на околината за секој потег кој го правите и барате потврда од другите за секоја своја одлука.

Можно е околината да ве направила премногу претпазлива личност или да сте доживеале недостиг на самодоверба по некои лоши искуства. Многумина ја ценат вашата доблест, но исто така треба и вие да започнете да се почитувате себеси.

Тоа не значи дека треба да станете нарцисоидни, но мала доза на ароганција не би ви наштети.

Ако сонувате црно знаме

Овој сон ви порачува дека мора да бидете претпазливи кога донесувате важни одлуки. Внимавајте на секоја ставка од договорот што го потпишувате. Момент на невнимание може да ве чини работа, дом или луѓе за кои се грижите.

Бидете особено внимателни ако одлучите да земете кредит или да купите автомобил, бидејќи невниманието може да ви донесе многу стрес и грижи.

Ако сонувате бело знаме

Бело знаме во сон значи дека ќе се помирите со некој со кого долго време сте биле во лоши односи. Ќе сфатите дека е време да ги закопате воените секири и конечно да разговарате како луѓе.

Ќе се обидете да ја разберете и другата страна на приказната, така што ќе ви се чини дека конфликтот што предизвика толку многу непријателство бил, всушност, мизерен.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте виделе знаме, тоа ви оставило впечаток.

Дефиниција за знаме

Барјак или знаме е помала или поголема ткаенина, обично со правоаголна форма во неколку бои. Виси на јарбол или на друг држач.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg