Забавување (журкање) - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com


Забавување (журкање)

Term Main definition
Забавување (журкање)

Ве чека тешка старост, долгови; гледате како другите лудуваат: радост, среќа; во сон: надевајте за на веселбата што ја посакувате.

Што значи да сонувате забавување?

Забавување во сон

Забавувањето во сон подразбира дека ве чека тешка старост. Нема да размислувате многу за иднината и сè што имате ќе дадете за забава. Таквиот начин на живот ќе ве однесе во долгови и ќе се замерите со многумина. Дури и најблиските членови на семејството ќе ве сметаат за изгубен случај и ќе се откажат од вас. Вие нема да сакате да се врзете, па можно е да не стапите во брак и да немате деца. Кога ќе остарите ќе ви биде жал за донесените одлуки и ќе посакате да имате семејство кое ќе се грижи за вас. Сè потешко ќе се справувате со осаменоста и фактот дека немате никој.

Некој друг се забавува

Кога сонувате како некој друг лудува, тоа симболизира среќа. Ќе имате успех во сè што ќе започнете и ќе сакате да уживате во поволните моменти. Ќе  можете да ги исполните желбите што ги имавте уште како дете и ќе живеете како што можевте само да мечтаете порано. Ќе бидете омилени во друштво и сите ќе сакаат да излегуваат со вас.

Ако родителите се забавуваат во сон

Ако сонувате како вашите родители се забавуваат во сон, тоа укажува дека ќе се одржи прославата на која се надевате. Веројатно посакувате да видите некого на таа прослава и пред да дознаете дека ќе се одржи, бевте подготвени. Направивте план како да се однесувате и што да облечете. Ќе се трудите да бидете во центарот на вниманието со цел да ги маѓепсате сите присутни.

Журкање во својот дом

Доколку сонувате забава во сопствената куќа или стан, тоа значи дека сте опкружени со луѓе кои многу ве сакаат. Чувствувате поддршка и љубов од сите страни, што ви помага да истраете во секој предизвик што животот ќе го постави пред вас.

Ако, пак, сонувате дека гледате забавување во својата куќа, а не учествувате во него, тоа подразбира дека ќе се чувствувате запоставено. Можно е пријателите да направат прослава на која нема да ве поканат. Ова ќе ве повреди и ќе сфатите дека тој/таа не е личност каква што ви се чинеше.

Забавување во клуб или дискотека

Кога сонувате дека се журкате во клуб или дискотека, тоа значи дека ви недостига забава во реалниот живот. Можно е да сте западнале во рутина и повеќе да не се обидувате да правите некои забавни работи. Пријателите ќе ве предупредат дека го избегнувате дружењето и излегувањето, а за тоа не сте ни свесни. Веројатно е време да смените нешто и да си дозволите нешто во што ќе уживате.

Ако во сон видите други луѓе како се забавуваат во клуб, тоа подразбира дека ќе се ослободите од предрасудите за некоја личност. Постои некој кого без оправдување сте го сместиле меѓу луѓето кои не ви се допаѓаат. Сепак, наскоро ќе сфатите дека чувството ве измамило и дека тој/таа е потполно различен од она што сте го замислиле/ја.

Журкање на отворено

Ако сонувате дека се забавувате на отворено, тоа значи дека се чувствувате ограничено. Веројатно имате потреба да излезете од комфор зоната и да направите нешто возбудливо и опасно, но се плашите како околината ќе реагира на тоа. Без оглед на тоа, ќе одлучите да се обидете во некој екстремен спорт или да уплатите  егзотично патување. Можеби ќе ве чини и едното и другото, но нема да жалите за парите затоа што ќе си ја остварите долгогодишната желба.

Кога сонувате дека други луѓе лудуваат на отворено, тоа ја симболизира љубомората или зависта што ја чувствувате кон луѓето кои имаат повеќе пари или повеќе среќа во љубовта од вас. Се трудите да не се дружите со луѓе кои се поуспешни од вас за вашите комплекси да не „испливаат“ на површина. Не сте ни свесни каква грешка правите, бидејќи само ако се споредите со подобрите можете и сами да постигнете повеќе.

Ако се забавувате сами

Ако сонувате дека сами сте си подготвиле забава со музика, храна и пијалак и дека сте се напиле, тоа значи дека лошата одлука во блиска иднина може да ве чини многу. Можно е да направите нешто што ќе ја загрози вашата врска, брак или работа. За среќа, последиците ќе бидат перманентни, а не трајни, но ќе сфатите дека вашата  непромисленост може да ве доведе во сериозна опасност.

Журкање со стари пријатели

Ако сонувате дека се забавувате со стари пријатели од детството кои можеби не сте ги виделе долго време, тоа значи дека во животот ви недостигаат луѓе од доверба. Веројатно сфативте дека немате со кого да споделите убави моменти. Тоа сознание „ве се удри од глава“ одеднаш, затоа што цело време мислевте дека имате многу добри пријатели.

Журкање со непознати луѓе

Ако сонувате дека се забавувате со луѓе кои воопшто не ги познавате, тоа значи дека сте отворена личност која лесно стекнува пријателства. Не ви е тешко со кого било да комуницирате. Ги сакате луѓето и уживате да бидете опкружени со нив. Вашата екстровертност ви има донесено многу интересни и корисни познанства, па каде и да одите луѓето се обидуваат да ви излезат во пресрет.

Журкање на роденден

Кога во тој контекст сонувате дека го славите сопствениот роденден, тоа подразбира дека треба имате потреба да бидете во центарот на вниманието. Вие сте личност која го привлекува вниманието на спротивниот пол со својот изглед, став и однесување. Ако не сте централна фигура на некој настан, ќе се обидете да станете што е можно поскоро.

Ако сонувате дека лудувате на туѓ роденден, тоа значи дека упорно некои проблеми „ги туркате под тепих“. Не сакате да се соочите со нив, и покрај тоа што знаете  дека таквото однесување на крајот ќе ви се удри од глава. На советите од блиски луѓе вие само кимате со главата, така што никој повеќе не сака да зборува со вас за тоа. Ќе мора да почнете да се однесувате одговорно кон многу работи, бидејќи во спротивно тоа може да има сериозни последици.

Гледање журка на телевизија

Доколку сонувате дека гледате журка на телевизија, тоа значи дека ви недостига забава и возбуда. Веројатно веќе долго време не сте биле на забава или излегување каде добро се поминале. Затоа сето тоа од јаве сте го проектирале во сон. Бидејќи ретко излегувате, понекогаш имате впечаток дека само ги набљудувате интересните животи на други луѓе и дека вашиот живот е константа во која не се случува ништо возбудливо. Разбирливо е дека сте уморни од излегување до рано наутро, но тогаш мора да најдете друг начин да се ослободите од целата негативна енергија.

Значењето на сонот може да биде поедноставно. Ако неодамна сте излегувале, веројатно собирате впечатоци што влијаело и на вашата потсвест.

Дефиниција за журкање (забавување)

Добра ноќна забава со музика, пријатели, храна и пијалак.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg