Ѕвезда Деница

Term Main definition
Ѕвезда Деница

Ако ја видите Ѕвезда Деница на сон значи дека на јаве ќе ви се исполни желбата.

Што значи да ја сонувате Ѕвездата Деница или планетата Венера?

Ѕвезда Деница или Венера е планета која го добила називот според истоимената божица на љубовта, убавината и бракот, а така, соништата со неа имаат поврзаност со романтиката, љубовта и сексот.

Кога на сон ќе ја видите Ѕвезда Деница тоа значи дека е време да го унапредите својот однос со партнерот, или доколку сте сами, конечно да ја пронајдете својата сродна душа.

Овие соништа можат да бидат предизвикани од некои несогласувања на јавето. Можеби сте му погрешиле на партнерот и сте го обвиниле за нешто што направил/направила. Сонот со Ѕвезда Деница е порака да го поправите вашиот однос додека сè уште не е доцна.

Друго значење е дека ќе ви се оствари долгогодишна желба.

Ако видите Ѕвезда Деница од Земја

Кога ја гледате Ѕвезда Деница од Земја тоа значи дека сте личност која не сака расправии. Радо прифаќате компромиси, но тоа не значи дека немате свој став за многу нешта.  Сепак, подраго ви е конфликтите да ги решавате по мирен пат.

Така си заштедувате време и нерви. Досега ваквиот став ви бил од огромна помош во животот, затоа се трудите да го задржите и понатаму.

Ако ја видите Ѕвезда Деница од вселената

Доколку ја видите Ѕвезда Деница од космосот тоа укажува на убави моменти со саканата личност. Ако сте во врска или во брак, партнерката би можела да ве изненади со убав подарок, патување или романтична вечера на која ќе уживате.

Во секој случај пред вас е еден исклучително убав период кога е во прашање љубовта.

Ако сте сами подолго време овој сон може да значи дека љубовниот статус би можел наскоро да ви се промени.

Ако гледате како паѓа Ѕвезда Деница

Сон во кој гледате како паѓа Ѕвезда Деница е порака да поработите на комуникацијата со другите луѓе. Сте станале многу дрски и зајадливи и тешко наоѓате „заеднички јазик“ со блиските и колегите на работа. Веројатно ве мачат некои други нешта кои не можете да ги контролирате, но така само си ги „уривате мостовите“ и се изложувате на ризик да се скарате со целиот свет.

Дознајте зошто сте такви и потрудете се да го решите тоа.

Ако видите експлозија на Венера

Кога сонувате дека експлодирала Ѕвезда Деница тоа имплицира на страствени моменти со саканата личност од спротивен пол, без оглед на тоа дали се работи за вашиот партнер или не. Ќе доживеете нешто што никогаш не сте го искусиле во животот

. Тоа ќе биде ноќ која долго ќе се памети. Ќе сфатите дека сте потполно компатибилни со оваа личност кога се работи за сексуалните желби.

Можеби вакво нешто повеќе нема да се повтори, но со право ќе можете да кажете дека сте го доживеале најдобриот секс во животот.

Ако патувате на Венера

Кога сонувате дека патувате на Венера тоа имплицира дека имате таен обожавател. Во вашето опкружување постои личност која многу ја привлекувате, но се плаши да ви го покаже тоа. Можеби и самите сте воочиле некои знаци, но сте се одлучиле да ги игнорирате.

Доколку не сте зафатени во моментот не би требале да се повлекувате пред коментарите и додворувањето на спротивниот пол. Покажете дека сте заинтересирани, бидејќи меѓу тие луѓе можеби се крие вашата сродна душа.

Кога сонувате дека некој друг патува на Венера тоа значи дека вашиот пријател или партнер ќе ви соопшти дека мора да го напушти градот поради работа или факултет. Оваа вест многу ќе ве растажи бидејќи се плашите дека поради физичката раздвоеност ќе се оддалечите еден од друг.

Освен тоа, се плашите дека нема те со кого да ги поделите грдите и убавите моменти во животот. Не би требале на тоа да гледате толку трагично. Ако тој/таа е во некој друг град секогаш можете да дојдете во посета и да поминете убави моменти заедно.

Ако слетате на Венера

Сон во кој слетувате на Венера укажува на тоа дека во овој период од животот најважна ви е љубовта. Без оглед дали станува збор за партнер, семејство, деца или пријатели. Сте донеле одлука да ги ставите на прво место и да престанете да бркате подобра работа или подобра заработка. Веројатно во вистински момент сте сфатиле кои се вистинските вредности во животот и сте одлучиле да живеете во склад со нив.

Ако во вашиот сон некој друг човек слетал на Венера, можно е во блиското опкружување да имате личност која ви завидува на успехот кој сте го постигнале во животот. Можеби се работи за долгогодишен/на пријател/ка со кого/која сте поминале низ добри и лошо. Вие сте продолжиле да се борите за подобра иднина, а тој/таа „заглавил/а“ во некои илузии.

Наместо да му служите како мотивација, сега ве доживува како опасен непријател, но вешто се труди да го сокрие тоа.

Ако живеете на Венера

Ако сонувате дека сами живеете на Венера претставува вашиот страв да се заљубите или да ги откриете вашите емоции. На луѓето кои не ве познаваат им делувате ладно и незаинтересирано иако сте далеку од тоа. Тоа ви е одбранбен механизам кој го користите за да се заштитите.

Имате длабоко вкоренет страв дека луѓето ќе ве повредат и поради тоа се плашите да се отворите. Меѓутоа, поради таквиот став пропуштате да ви се случат многу убави моменти и да запознаете многу интересни луѓе.

Ако на Венера живеете со драги луѓе тоа значи дека имате потреба да поминете повеќе време со луѓето кои ги сакате.

Можеби ве оптоваруваат работата и бројните обврски, па не можете да стигнете да уживате во друштво на драги луѓе. Обидете се да се организирате и сигурно ќе можете да најдете време за сè.

Кога сонувате дека на Венера живеете со потполно непознати личности тоа симболизира страв или непријатност во присуство на странци.  Веројатно сте навикнати на одреден круг на луѓе и запознавањето со новите ви претставува излез од комфорната зона.

Мора да поработите на тоа, бидејќи не можете засекогаш да живеете во „балон“ кој ве штити од сè.

Доколку сонувате дека личноста која ја познавате живее на Венера значи дека бегате од реалноста. Не сакате ниту самите на себе да си признаете дека имате некој проблем. Своите обврски постојано ги одложувате и што не ви се допаѓа го ставате под тепих.

Така си правите поголема штета отколку корист. Соочете се со големите нешта и почнете да ги решавате, бидејќи кога-тогаш ќе ви дојдат на наплата сите моменти поминати во неработење.

Значењето може да биде поедноставно. Ако неодамна сте читале за планетите, ѕвездите или другите небесни тела или сте гледале документарен филм на таа тема, тоа ви оставило впечаток од јаве се пренел на сон.

Дефиниција за Ѕвезда Деница

Ѕвезда Деница или Утринска Ѕвезда е назив за Венера, втора планета по оддалеченост од Сонцето.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg