4 Предлог комедии за овој викенд

4-predlog-komedii-za-ovoj-vikend-povekjeЗа овој филмски викенд ви предлагаме 4 одлични комедии кои ќе ве насмеат до солзи. Направивме фина селекција на комедии со примеси на...


...хорор, сатира и научна фантастика.

Денес ќе поминеме без романтични комедии затоа што можеби веќе ви се здосадило од нив. :-)


Pineapple Express (2008)

4-predlog-komedii-za-ovoj-vikend-1Чиста и лесна комедија со паметни,брзи дијалози, суптилни шеги и многу акција.

Носители на филмот се: Дејл, кој е разнасувач на судски покани, и Сол, неговиот дилер на марихуана. 

Деновите им се исполнети со нивната омилена "активност", јадење и заборавање работи.

Сосема случајно ќе станат сведоци на убиство и таму некаде филмот ќе се распадне во урнебесен комичен хаос, што ќе кулминира со бркотници со коли, експлозии, пожари, пукање и крв.

Се разбира сè убаво зачинето со мархуана.

Ова е комедија што може да се ужива и по повеќе пати, и секој пат да најдете некој нов момент што ќе ве насмее до солзи.

Улоги: Seth Rogen(Дејл), James Franco (Сол)
Режија: David Gordon Green


Paul (2011)

4-predlog-komedii-za-ovoj-vikend-2Ова филм е микс на комедија и научна фантастика, и дел авантура. Сè започнува со двајцата најдобри пријатели Греам и Клајв кои уживаат во патувањето што го сонувале од своето детство. 

Пат низ Америка поминувајки ги сите локации каде што биле забележани НЛО-ти или вонземјани.

Треба да напомам тука дека Греам и Клајв се СФ лудаци што го поминале цел живот читајки стрипчиња и организирајки го ова патување. И така некаде во близина на Областа 51, ќе налетаат на Пол.

Пол е вонземјанин, кој бил дел од ултра супер таен проект, но сфатил дека повеќе не е учесник, туку затвореник, решава да избега и се качува во комбето на нашите момци.

Понатаму филмот се расплеткува во комична бркотница меѓу комбето, специјалните служби и налудничавиот татко, на девојката која успат ќе ја киднапираат... несакајки...

Можеби не е комедија од која ќе ве заболи стомакот од смеење, но сепак е вредна да се види. А и Пол изгледа многу слатко, како за вонземјанин.

Режија: Greg Mottola
Глума: Simon Pegg (Греам), Nick Frost (Клајв), Seth Rogen (Пол, глас)


Tucker and Dale vs Evil (2010)

4-predlog-komedii-za-ovoj-vikend-3

Овој филм преставува мало изненадувањето во оваа листа. Не е така познат, а е фантастичен хорор со добра душа и премногу комични елементи.

Такер и Дејл се најдобри другари кои одат на одмор во нивната распадната викендичка во планините.

Некаде на патот ќе се сретнат со самобендисани богаташки деца што ќе си свртат во глава дека Такер и Дејл се планински убијци (најверојатно затоа што изгледаат како дрвосечачи излезени од хорор филм).

Една од девојките доживува несреќа при ноќното пливање и се двои од групата, но тука се нашите момци што ќе и помогнат.

За да не се грижат нејзините другари, ќе почнат да викаат "Вашата другарка е кај нас", со најискрени намери да и помогнат.

Но, од другата страна на езерото нејзините другари тоа ќе го сфатат како киднапирање и закана дека ќе ја повредат.

Како се развива филмот растат недоразбирањата меѓу двете групи, а така расте и бројот на мртвите.

Ако треба да бирам филм за саботна вечер, помината со друштво и пиво, ова би бил мојот избор.

Режија: Eli Craig
Улоги: Tyler Labine (Дејл), Alan Tudyk (Такер), Katrina Bowden (Алисон)


Idiocracy (2006)

4-predlog-komedii-za-ovoj-vikend-4

Малку постар филм, но едноставно мораше да влезе во оваа листа, а според жанр би бил сатира комедија што го исмева човечниот род. 

Како резултат на таен експериментален проект Џо и Рита (како преставници на најпросечните американци) се ставени во капсули за хибернација со намера да бидат замрзнати една година.

Се случува неверојатен сплет на околности и тие се будат после 500 години хибернација. Тука станува интересно, иднината воопшто не е таква како што ја замислувате.

Поради вредностите што сме ги поставиле во денешницата, планетата Земја се движи во обратна насока од патот на еволуцијата.

Светот е пренаселен и презагаден, а луѓето оглупавени до блага(?) ретардација. И така Џо и Рита стануваат најпаметните луѓе на планетата.

Со секое понатамошна информација ќе ви ги скратам моментите на смеа. Шегите во филмот се истовремено и паметни, и глупави, а во моменти можда и напорни, но во секој случај ќе ве замислат за насоката во која се движи светот.

Ако сте фан на Office Space најверојатно ќе ви се допадне овој филм.

Режија: Mike Judge
Улоги: Luke Wilson (Џо), Maya Rudolph (Рита)

Коментирајте ако сте гледале некои од филмовите или ако имате да препорачате некоја комедија.

Подготвил: И.Т.

Би можело да ве интересира:

Жени режисери кои доминираат во филмската индустрија и треба да ги знаете Светот ја зафати „розова треска“ поради филмот Barbiе во режија на единствената ...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
Филмски премиери кои со нетрпение ги очекуваме во 2024-та Долгоочекуваното продолжение на Dune, но и биографскиот филм за Боб Марли – Што ...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
5 филмови што ќе ги инспирираат студентите по право (и се забавни за гледање) За моментите кога ќе ви треба инспирација или мотивација, ви нудиме 5 филмови чи...
Филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Книгата Good Omens е презабавна, но комичната серија ѝ дава посебен шарм на прик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ни најголемото страдање не може да те уништи сé додека има зрак надеж.
Пам Браун