Седум тајни знаци кои ќе ви откријат на што сте

sedum-tajni-znaci-koi-ke-vi-otkrijat-na-sto-ste-povekjeГоворот на телото, гестовите и ситните знаци на внимание на почетокот на врската може да имаат клучна улога. Научете неговото однесување да го...


...толкувате на вистински начин и дешифрирајте ги тајните знаци кои откриваат дека е потполно луд по вас.

Ви се јавува без причина
Ви се јавува неочекувано, без посебна причина. Тоа ја открива неговата желба да зборува со вас или само да ви го слушне гласот. Дури и од едноставното прашање „како си“, пораката е јасна. Обрнете посебно внимание на овие мали разговори и ќе откриеме многу за неговите чувства.

Зборува тивко
Менувањето на бојата на гласот е еден од вообичаените начини со кои сакаме да оставиме впечаток. Мажите често почнуваат да зборуваат потивко кога имаат јасни намери и кога се концентрирани само на партнерката. Тоа дефинитивно е позитивна работа и треба да го цените, дури и ако мажот тоа го прави несвесно.

Неговите пријатели знаат за вас
Мажите се често пати срамежливи и не сакаат да зборуваат за врските кои што не ги сметаат за сериозни. Чекаат додека не се сто проценти сигурни во своите чувства. Ако неговите пријатели знаат за вас, тоа значи дека сте влегле во неговиот потесен круг. Заблагодарете му се на партнерот за ова со некоја мала награда.

sedum-tajni-znaci-koi-ke-vi-otkrijat-na-sto-ste

Се жртвува поради заеднички интереси
Ако на мажот не му значите, тој никогаш нема да се жртвува, на пример фудбалски натпревар наместо вечера. Но, ако го стави заедничкиот интерес пред својот личен, дефинитивно му значите. Уживајте во ваквите постапки и погрижете се да му возвратите со иста мерка.

Се гордее со вас
Ова е еден од најслатките знаци кои сигурно ќе ги цените. Мажите кои се гордеат со постигнувањата и знаењето на својата девојка, откриваат сериозни намери. Таквите и слични гестови се непроценливи.

Одржува контакт со очите
Постојат мажи кои не ве гледаат додека зборувате. Од друга страна, оние што одржуваат контакт со очите се заинтересирани за она што им го зборувате, за вашиот изглед и гестови. Најдобра награда за ова е вашата насмевка.

Верува во вашите планови
Во настојувањето да го одредите статусот на бурната врска, морате особено внимание да обрнете на неколку клучни знаци. Еден од нив е дека вашиот сакан верува во вашите планови и сни. Безрезервната поддршка е еден од најголемите квалитети на добрата врска. Ќе знаете дека е оној вистинскиот ако му ги доверите своите планови и сни, а тој ви возврати со разбирање и поддршка.

Би можело да ве интересира:

„Затвореничка“ – омилената секс поза на жените што сакаат партнерот да доминира (18+) Станува збор за секс поза која може да се изведе со стоење или клекнати на колен...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
„Мрзливо куче“ – Секс поза со која задоволството ќе трае со часови (18+) Сите знаат за брзата „кучешка“ поза, но постои и друга малку побавна верзија, ко...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
„Дечко ми бараше да избришам слика на која сум во бикини, па го откачив - зошто донесов ваква одлука... Откако актерот Џона Хил беше обвинет дека ја терал девојката да ги избрише сите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Учи од минатото. Немој да стигнеш до крајот на својот живот само за да откриеш дека не си живеел.
Клиарвотер