ВИДЕО: Инфлуенсери кои лажеа дека имаат медицинско нарушување за слава

Инфлуенсери кои лажеа дека имаат медицинско нарушување за слава



Кога ќе дознаете дека некој има сериозно медицинско нарушување, без разлика дали е познаник или позната личност, сигурно не ни помислувате дека лаже. Но некои луѓе се подготвени на сè за да бидат популарни, па дури и да се преправаат дека се болни. Дел од инфлуенсерите на оваа листа се прославиле токму поради нивните медицински нарушувања, за подоцна да се открие дека сето било една голема лага. Карла Белучи е позната инфлуенсерка која тврдеше дека има клиничка депресија. Подоцна се откри дека ова било лага со која ја натерала власта да ѝ ги покрие трошоците за пластична операција. Бела Гибсон, пак, отишла дотаму што ги лажела нејзините Instagram следбеници дека има рак. Навистина е неверојатно какви лаги би кажале луѓето, само за да бидат познати.