ВИДЕО: Дали принцот Вилијам навистина имаше афера со Роуз Ханбери?

Дали принцот Вилијам навистина имаше афера со Роуз Ханбери?



Минатата година, медиумите беа преплавени со веста за аферата на принцот Вилијам со Роуз Ханбери. Но, колку вистина има во сето ова? Медиумите дознаа за приказната во април 2019-та, но гласините за потенцијалната афера постојат од многу порано. Според изворите, аферата на Вилијам и Роуз се случувала кога Кејт Мидлтон беше бремена со третото дете. Изворите блиски до кралското семејство велат дека принцот само се смеел на овие гласини. Познато е дека Роуз и нејзиниот сопруг беа навистина добри пријатели со Кејт и Вилијам…