6 чекори за пролетна детоксикација

6-cekori-za-proletna-detoksikacija-povekjeПо долгата и студена зима, ја дочекавме пролетта и високите температури. Наглото доаѓање на топлото време носи промени во нашиот организам...


...кому му е потребна детоксикација.

Прочистувањето на организмот ни помага да се чувствуваме подобро и поздраво, да имаме подобар сон и подобро варење.

Ослободете се од негативната енергија и започнете ја природната детоксикација на целиот организам во шест чекори.

1. Здрава исхрана

Преработената храна, засладените сокови, кафето, алкохолот и колачите се забранети намирници во текот на процесот на детоксикација. Наместо нездравата храна, јадете храна која е богата со влакна, како цели житарици и овошје.

Зеленчукот (зелен зеленчук, артичоки, лук, кромид, ротквица, цвекло), семките, органско пилешко, кафен ориз, тофу, лосос и мешунки се добриот избор на храна за детоксикација.

Наместо пржена храна, подгответе храна на пареа бидејќи на тој начин во намирниците се задржуваат најмногу хранливи состојки. Маслиновото масло како и семките од тиква или сончоглед помагаат во дезинфекцијата на организмот и во подобрување на функцијата на црниот дроб.

2. Доволно течности

За процесот на чистење на организмот од токсини и штетни работи важно е да се внесува доволно течност. Пијте чиста вода, свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук, како и вода во која сте исцедиле лимон. Лимонот е одлична намирница за детоксикација.

Чајот содржи антиоксиданси и преку ден се препорачува да се пие бел или зелен чај, а на крајот од денот за релаксација добро е да се одбере овошен или цветен чај, на пример од ванила или јасмин.

3. Свеж воздух

Топлото и сончево време е идеално за да поминете повеќе време на свеж воздух. За време на прошетката во природа или при вежбање јога, немојте да заборавите длабоко да дишете за да му дозволите на кислородот да помине низ целиот организам.

6-cekori-za-proletna-detoksikacija

4. Движење

По студената зима, кога многумина ја запоставија телесната активност, на пролет најважно е да се движите. Одберете си омилен спорт како јога, пливање, возење велосипед, трчање или пешачење. Активностите како домашни работи исто така ви помагаат повеќе да се движите и да ги елиминирате токсините преку потење.

5. Туширање и купки

Топлата купка со неколку капки етерично масло како што е лаванда или еукалиптус, му помага на организмот да се релаксира по напорниот ден. Туширањето, пилингот и хидратацијата на кожата, исто така се добредојдени. Забрзајте ја циркулацијата и освежете го телото со туширање со студена и топла вода, а потоа со пилинг. По туширањето, хидратизирајте го телото со интензивен лосион за тело.

6. Здрав сон

Одморот е важен за нормалното функционирање на организмот, особено во текот на детоксикацијата. Премалку сон предизвикува стрес, а лековите против несоница и алкохол предизвикуваат трупање на токсините во организмот и му штетат на здравиот сон. По доволно природен сон, имаме повеќе енергија и полесно заспиваме кога сме уморни.

Доколку не можете да спиете, користете природни методи како масло од лаванда на перницата. Немојте да јадете два до три часа пред да си легнете и пијте млеко од соја.

Би можело да ве интересира:

8 знаци кои укажуваат на проблеми со менталното здравје кај жените (и зошто се посклони на нив) Женскиот мозок и начинот на којшто се третирани во општеството се едни од фактор...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Проблеми со здравјето кои некогаш го отежнуваат слабеењето Синдромот на полицистични јајници, како и хроничниот стрес можат да бидат причин...
Зошто луѓето после 40-тата година треба почесто да консумираат смокви? Јапонските научници докажаа дека главната состојка на смоквата – бензалдехид, пр...
11 рани знаци за деменција (кои може да ви бидат сигнал за црвена тревога) Тешкотии при избирање зборови, летаргија, како и сериозни проблеми со концентрац...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Надежта секогаш поттикнува и ни кажува дека утре ќе биде подобро.
Тибул (околу 54-19 пр.н.е.)