Во машкиот плакар

vo-maskiot-plakar-povekjeПостои облека која секој современ маж порано или подоцна треба да ја има во својот плакар. Некоја од нив е соодветна за посебни прилики, некоја...


...за секојдневно облекување, но без неа едноставно не може да се замисли модниот живот на современиот маж.

Да почнеме од самиот старт – бела кошула со долги ракави е основното модно парче на машката елеганција: создадена за костум, но и за со фармерки за полежерен стил.

vo-maskiot-plakar

Добро би било во плакарот да се има и тенок џемпер со тркалезен или “V” отвор, кој можете да го носите низ поголемиот дел од годината.

Тој одлично оди во комбинација со кошула одоздола, додека со “V” отвор можете да комбинирате и обична памучна маица.

Што се однесува до фармерките, добро би било да имате неколку темносини или сини фармерки со рамен крој, тие никогаш не излегуваат од мода.

Уште едно модно парче, белите маици со куси ракави, никогаш не излегуваат од мода. Тие можат да послужат и како маици за спиење, за одење во теретана, а можат да се носат и под кошула или џемпер.

Кога станува збор за спортска облека треба да имате и тренерка, но нека не биде сосема класична. Најпожелен модел на тренерки се оние кои што можат да се носат во секојдневна варијанта, па со нив да се отиде дури и на пијалак. По можност нека биде во светла боја.

Што се однесува до костум и вратоврска, еден добар костум во кој не изгледате премногу „уфирцано“, секако треба да се има. При избор на вратоврска потрудете се таа да биде едноставна и да одговара на повеќе кошули и за различни прилики.

Кога станува збор за обувките, не се може без елегантни чевли, било да станува збор за деловна прилика или приватна. Одберете модел кој не е премногу шпицест, затоа што така можете да го комбинирате на повеќе начини.

На крајот – очила за сонце. Нема потреба да купувате екстравагантни примероци. Класичната црна рамка и квалитетно црно стакло е се што треба да имате за да можете да ги носите повеќе сезони.

Би можело да ве интересира:

Парчиња накит кои ќе бидат вистински хит во 2024-та (фото) Накитот има посебна магија - ќе ви го дополни изгледот, ќе ви ја развесели секој...
Моден двобој: Како изгледаат дизајнерските фустани кога ги носат познати ѕвезди со облини? Дали им стојат подобро на слабите манекенки, или пак на познатите личности со об...
Тексас фустан – идеално парче за меѓу-сезона кое е хит кај инфлуенсерките (фото) Изгледаат одлично и со балетанки и сандали, но и патики и мокасини, што значи те...
6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
Предлог комбинации со животински принтови – совршени за во есен (фото) Доколку ги комбинирате внимателно, деталите со животински принт се одлично освеж...
Модна инспирација ако сте гостинка на свадба: Фустани од славните дами од Македонија и регионот Од цветни дезени до светки и монохроматски модели, фустаните на славните дами мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не е чудно да видите млада вљубена двојка, но да видите двајца стари кои се сакаат е најубавата глетка.
Вилијам Мејкпис Текери (1811-1863)