Најдобра„одмазда“ на бившиот

najdobra-odmazda-na-bivsiot-povekjeРаскинувањето или разводот секогаш болат и не е реткост некој да посака да му се одмазди на бившиот партнер или партнерка за болката која...


...ја чувствува и која сеуште трае. Секако, тоа што некој ќе посака на некој начин да му се одмазди на партнерот, вака или онака да го повреди бившиот партнер, не значи дека и би требало тоа да го направи – но постои еден вид „одмазда“ што е навистина добра.

По раскинувањето многумина смислуваат што сè би можеле да му направат на бившиот партнер, како да му наштетат.

najdobra-odmazda-na-bivsiot

Сепак, малкумина се оние кои навистина нешто би му направиле – некои успеваат да се „испукаат“ само со смислувањето на најневеројатни потфати, некои и понатаму се чувствуваат лошо, но знаат дека би било неетички да се одмаздуваат и дека ништо позитивно со тоа не би постигнале.

Некои едноставно немаат смелост било што да превземат. Мал е бројот на луѓе кои ќе реализираат некоја одмазда.

За оние кои, покрај тоа што знаат дека одмаздата и тоа што ќе му наштетат на бившиот партнер или партнерка нема да им помогне, сепак сакаат некаков вид одмазда, еве една идеја.

Одмаздете и се на таа личност – така што ќе продолжите со својот живот.  Без неа, без мисли за него.

Нема да бидете опседнати со размислување за таа личност, нема да се занимавате со неа, ќе се занимавате со себе, со работите што ви носат задоволство, не со оние што ве нервираат, ќе уживате во својот живот.

И без „парадирање“ пред таа личност за да и покажете како ви е супер без неа, затоа што така повторно би се занимавале со бившиот партнер/партнерка. Затоа уживајте без разлика дали таа личност е во вашата близина за да го види тоа или не.

Доколку на таа личност цел и било да ве повреди, ништо нема повеќе да ја разлути како фактот дека вие продолжувате со животот како тој/таа да не постои. А ако тоа и не и било намера, ако и таа личност била повредена и се обидува да продолжи со својот живот и тогаш она што го правите е добро – сте имале неуспех, сте го преживеале и продолжувате понатаму.

Се надеваме дека ќе успеете во подобрувањето на вашиот живот!

Би можело да ве интересира:

5 најдобри секс пози за деновите кога надвор е пеколно топло Кои се најдобрите секс пози за деновите кога надвор е премногу топло? Како да ус...
Виe прашувате, македонски сексолог одговара: „Партнерот доживува оргазам за 2 минути, како да му пом... „Партнерот доживува оргазам многу брзо (за 2 минути буквално), како да му помогн...
Која секс поза со сигурност ќе ви го подобри сексуалниот живот, според сексолог? „Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и ...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Прашања за сексот што ги мачат средовечните луѓе (и им е срам да ги постават) Дали имаме доволно  секс и што ако сексот стане здодевен - кои се најчестит...
Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото Жените никогаш не треба да го направат првиот чекор, додека мажот секогаш треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Големата надеж создава големи луѓе.
Томас Фулер (1608-1661)