Една млада мајка штотуку зачекорила на патеката на животот. „Дали е ова долг пат?“ - прашала. Нејзиниот водич ѝ одговорил: „Долг и тежок. Ќе остареш пред да стигнеш до самиот крај, но запамети дека крајот ќе биде подобар од почетокот“.
Знаете, денес е ден кога многумина ќе потрчаат во најблиската цвеќара, можеби и до најблискуиот бутик со кожни чанти, чевли или можеби ќе бидат возбудени од телото на партнерката, па ќе посакаат да го облечат во некоја секси долна облека.
Знаете луѓето знаеа да бидат навистина чудни, без да прашате или без да посакате тие веќе имаа име за вашето постоење, без притоа да бидат свесни што навистина вие претставувате.
Луѓето беа многу чудни, фраза која редовно ја повторував секојдневно во мојата глава. Можев да го прочитам тоа од секој поглед, можев да го видам сето тоа во нечие движење или нечии размислувања.
Велат тешко е да најдеш луѓе на кои можеш целосно да се потрпеш без притоа воопшто да се грижиш дека ќе нема кој да те задржи кога беспомошно ќе паѓаш, целејќи кон земјата.
Се прашувам уште колку пати во животот ќе мора да се соочам со напуштање, уште колку пати животот ќе си поигрува со сè она што ме опкружува правејќи еден лавиринт во кој безизлезно се губам?
Еден рабин ги набљудувал децата кои на крајбрежјето граделе кула од песок. Кога завршиле со кулата за која потрошиле многу време и трпение, пристигнал бран кој само за минута ја срушил кулата.
Три жени се сретнале покрај бунарот каде секој ден полнеле вода и се зазбореле за своите синови. „Би требало да го слушнете мојот син, прекрасно пее, како славеј!“ – изјавила едната жена.
Ставив коцка мраз во чашата со алкохол. Пијам ненаситно обидувајќи се да ја изгорам секоја болка која доаѓа однатре...
Животот е подобар кога го живееме со доза неизвесност. Се прашувате зошто? Затоа што неизвесноста остава простор да се случат сосема неочекувани работи, позитивни работи.
Седев на балконот, легнат со целата своја мрза на лежалката која беше прикачена со јаже на двете страни. Како да лебдев со падобран во небото, уживав во пролетното време кое беше несвојствено за тој зимски период од годината.
Би сакала да седам покрај прозорецот веднаш до тебе, да го слушам ритамот на твоето срце и празнината меѓу отчукувањата, да научам да те ценам како музиката.
Седев на трпезариската маса и го пиев попладневното кафе, зјапав низ прозорот без притоа да забележам дека несвесно зјапав во сопствениот лик.
Си живееше еднаш еден мачор кој сакаше една птица; а птицата, исто така, го сакаше мачорот. Секој ден тие се сретнуваа на местото каде земјата се сретнуваше со небото, а таму нивната поврзаност постојано растеше.
Чекорев по булеварот и ги гледав светлата кои се појавуваа и исчезнуваа од колите по патот. Како една детска игра која несвесно се случуваше одново и одново...
Заљубувањето е ужасно, и додека е толку едноставно што навидум не изгледа така, тоа е вистината. Тоа е многу комплицирано...
Можам со сигурност да кажам дека детството е еден од најубавите периоди на нашиот живот. Нешто слично како што се хуманизмот...