Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2021-ва?
2021 беше година која помина во знакот на разговори со Македонци кои имале незаборавни патувања, но и на такви кои среќата ја пронашле со странец, па раскажуваат за животот надвор, многумина ексклузивно за CRNOBELO.com отворено зборуваа за болестите со кои се соочиле и ги победиле, а имавме и многу соговорници кои ги отворија вратите од својот дом за нас – одвојуваме дел од најчитаните.
Веруваме дека и во 2021 успеавме во нашата мисија да ве расположиме во овие времиња кога секојдневно слушаме по неколку лоши вести, но и да научите нешто ново, да бидете во тек со најактуелните случувања, да отпатувате на миг низ светот и да заборавите на неубавите настани, преку нашите статии.
Како секоја година, така и пред крајот на оваа 2021, одвојуваме топ 100 статии кои се најдоа на листата најчитани од нашите ценети читатели.
Од интервјуа за патувања и животот во странство, странци кои живеат во Македонија, разговор со урбани ликови од кај нас, исповеди на Македонци и соговорници кои ни ги покажуваа своите домови – до забавни и поучни квизови, модни грешки и совети, факти за држави и познати личности и настани во светот на шоубизнисот – одвојуваме содржини на кои вреди да се потсетиме.
Листата со топ 100 најчитани содржини во текот на 2021 изгледа вака:
(Кликнете на насловите за да ве одведат до секоја статија посебно)
На гости кај Моника: Стан во Скопје со нежни бои и „направи сам“ проекти (фото)
Запознајте го македонскиот Џанлука Ваки – 46-годишен скопјанец со специфичен моден стил (фото)
На гости кај Елена: Стан од 170m2 на поткровје на Водно - огромна кујна и многу светлина (фото)
Емакулате, Кенијка мажена во Скопје: „Свекрва ми готви прекрасни македонски јадења, а Кенија има најубави плажи во Африка“
Уникатна љубовна приказна: „Таа е од Штип, тој од Тенерифе, се запознале во Германија, а ја запросил во Франција“
5 „невозможни“ прашања - Малку логика ве дели од точниот одговор
Интервју со Рамон, Бразилец женет за прилепчанка: „Ги мразам зимите во Македонија, но обожавам бурек и ракија“
Сања Спиридоновска живее во Јапонија: „Не смее да се зборува гласно во воз, во училиштата не се дозволени чевли“
Храбра Македонка: „Бев жртва на Јавна Соба, објавија слика од мене, се преплашив, не сакам веќе никој да страда“
На гости кај Тамара: Совршено уреден стан од 96m2 со голема кујна и розови тонови (фото)
„Сопругот ми испрати селфи од деловното патување и сега е сингл - што мислите зошто?“
Мартина Митовска: „Се вљубив во Мексиканец, живеам на една од најубавите туристички дестинации во светот“
Легенди за македонски „опседнати“ куќи: Зелениот замок во Скопје, куќата на германските гробишта во Велес
Бајковито запросување на Македонка - среде пустина, на зајдисонце во Дубаи (фото)
Мими Анастасова за престојот на Малдиви: „Под бунгаловиот ни пливаа ајкули навечер, а најмногу туристи имаше од Русија“
„Лошото момче“ од Евровизија ја размрда Европа: Бившите девојки и скандалите на Дамиано Давид (22) од Måneskin
Во домот на Мартин: Уникатен стан со кровна градина во Градски ѕид во Скопје (фото)
Пар од Скопје за одморот во Ксамил: „Плажите се преубави, но во 9:30 наутро веќе нема слободна лежалка“
Катерина Пипонска, стјуардеса во Саудиска Арабија: „Се случува да сум на работа 24 часа, но си ја обожавам професијата“
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





