„Партнерот ми кажа дека сестра му ќе лета со параглајдинг, па треба да ја одведеме на соодветна локација, но всушност таму имал испланирано запросување“, споделува Викторија Миланова (24) од Росоман за CRNOBELO.com.
MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чевли, чанти и шешири на Аделина е огромна и кога оди на летен одмор, а сама се пошегува: „Јас кога ќе ме прашаат дали носам многу облека - не, само еден мал куфер“.
„Мајка ми има 4 ќерки, 8 внуци, 12 правнуци и два (со трето на пат) чукунвнуци. Не бевме сите на роденденот, зашто повеќето живеат во Америка и низ Македонија, но имаше и внуци и правнуци и беше убаво“ - вели за CRNOBELO.com Аница, ќерката на баба Николинка, која неодамна наполни 95 години.
„Среде пожарот договоривме багер кој ќе ископа заштитен обрач од 3 метри околу шелтерот, со надеж дека така ќе направиме заштита. Не прашавме ни колку ќе чини – само да стигнеме навреме да се заштитиме“, гласи дел од емотивната објава на одговорните во здружението Шепасти Ентузијасти.
„Лазар од синоќа почна да го боли увото. Денес, отидовме на преглед, каде му направија диши – диши, му го ѕирнаа увото и му препишаа капки за уво. Ни наплатија 140 евра“, ја започнува својата исповед Маја Кикириткова за кампувањето во близина на Ровињ.
Oд префинета атмосфера до неверојатни пејзажи, Љупка Митрова ужива на романтичен одмор со саканиот Георги.
„Почнав чекор по чекор, ден по ден, наместо да се казнувам, почнав да се грижам за себе. По природа сум голем гурман, и сè уште уживам во храната, само што сега ја бирам со љубов, а не од навика“, вели Ели Двојаковска (23) од Струмица за CRNOBELO.com.
„Независно колку високо се издигна, никогаш не заборави од каде доаѓаш. Остана приземен, благодарен и најважно од сè, остана ТИ. Тоа е реткост. Тоа е посебно. Сега, еве си, имаш 18 години. Маж. А сепак, за мене секогаш ќе бидеш шармантното дете што влезе и промени сè“ - напиша Цаци Паковска за Миха Гигов, ѕвездата од 'Дајте музика' и 'Тин камп', кој денес слави полнолетство.
Елена Ристеска објави заедничка фотка со него и напиша „7“, манекенката Викторија Јаначковиќ напиша „Ми недостасуваш драг пријателе“, неговиот татко не престанува да објавува спомени и сеќавања од прерано починатиот син, а наставниците се сеќаваат на неговата добрина и добро воспитување - 7 години откако згасна животот на синоокиот рокер со мека душа, Влатче Илиевски, кој пред 5 дена ќе наполнеше 40 години.
На Иванден се слави раѓањето на Јован Крстител, личноста што го крстила Исус во реката Јордан. Именден слават Јован, Јована, Иван, Ивана…
Марјана Станојковска танцува на ТикТок предизвик во ресорт во Грција, Светлана Црнокрак блеска на плажа, Игор Џамбазов сподели стара фотка од родителите на плажа, а Бока Конга ги покажува мускулите.
„Секој своја приказна“, напиша Тамара на слатката фотографија, каде Хана, Дарен, Вања и Кира делуваат како и да не се многу расположени за фотографирање.
Никола Станишиќ, единствениот Македонец кој пееше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, во своето Волково ќе се врати со победничкиот трофеј. Прва му честиташе неговата менторка Цеца, која го прегрнуваше и со него ја сподели радоста.
„Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профили и скршените бедотии. „Ако, така му треба што ќутел“ - рекоа злобните кои од злоба живеат и само тоа љубат...“, открива Кирил Ангелов со што се соочил по обелоденувањето на вистината дека бил жртва на педофилија, а потоа и на семејно насилство.
„Денот ми помина во исчекување исто како кога ја правевме свадбата и очекувавме нешто големо. Инаку, јас цело време мислев дека ќе е машко, а Ивана дека ќе е девојче. И Миа велеше дека сака да биде постара сестричка на девојче“, ни кажа Мири откако го дозна полот на бебето што ќе се роди на есен.
„Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас денес го запознав и ми легна на срце. Се вика Константин и тежи 3 кила и 200 грама. И е мојот втор син. Фала му на Бога што ми даде две дечиња и фала ѝ на Александра што ми ги износи“ - рече доктор Горан, кој живее и работи во Германија.
„Сите ги знаеме неговите албуми, но дали знаевте за фактот дека во периодот од 1999 до 2007 година Тоше сними 8 студиски албуми што е повеќе од кој било артист на Балканот?“, гласи дел од објавата на фан страницата за Тоше Проески, нашиот непреболен ангел и најголема музичка гордост.
„Кандидат во јавноста изнесе тврдења дека наводно сум побарала мито од него, што е апсолутна лага и злонамерна клевета. Таквите обвинувања не само што се невистинити, туку длабоко го навредуваат мојот професионален интегритет“, се обрати Вики Миљковиќ на сметка на некогашниот македонски натпреварувач во Ѕвездите на Гранд, Александар Темелков, кој потоа јавно ѝ се извини.