„Јас сум си доказ сама на себе, дека да, можеш да бидеш ментално здрав, да закрепиш и после своето дно. Тоа е моментот кога повеќе не ти се живее. Кај мене беше депресија којашто ми ја дијагностицираа, ја сфативме многу сериозно и се споив со професионалци кои ми помогнаа да станам подобра“ - вели искрено Ксенија Николова.
„Додека го снимавме спотот на Ања од „Еурека“ сериозно ѝ се слоши. Јас не знаев, ништо не приметив - таа облечена во костим, со шминка, на штикли, како ништо да не ѝ е, а гори од температура. Кога забележавме ѝ кажавме да оди дома да одмори. Девојката не сакаше да слушне!“, раскажа Тамара за CRNOBELO.com.
„Многумина мислат дека оваа практика предизвикува крвавење, но не е така. Бакарните клинци се поставени на еднакво растојание и тежината на телото рамномерно се распределува, па кожата не се прободува“, вели Бетика од Ресен за своето искуство.
„Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без никаква заработка“, велат Тања Станковиќ Димовски и Игор Димовски, нашите музички ѕвезди од 90-тите, кои почнаа од 0 живот во САД пред 20 години и сега имаат хумана мисија да транспортираат и вдомуваат бездомни кучиња од Македонија во САД.
Пејачката има 7-годишен син, а веќе речиси 9 години е во брак со адвокатот Серјожа. Таа за секоја пригода прави раскошни прослави со саканите, но и секој слободен миг го користи за релаксација на море. И годинава во Хургада покажа дека е вистинска бикини кралица...
„Има облека што се купува, а има и облека што има душа. На вести со најубавото сако - она на мајка ми. Емотивно поврзана, горда и бескрајно благодарна што носам дел од неа со себе...“, вели Бубе Јаневска за сакото од својата почината мајка.
Во стилот на светските ѕвезди, кои преку јавни заеднички објави откриваат дека раскинале или се разведуваат, Александар Динев и Евче соопштија дека веќе не се заедно.
Млад фудбалер од кумановско му посвети гол на 13-годишнтио Аган Асани кој минатата недела трагично го загуби животот. Сега, семејството на загинатото
„Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молитва. И сите знаат дека секој што ќе влезе во нејзината куќа мора да ја докаже својата лојалност така што безмилосно ќе ја плука Карлеуша“, вели Јелена за Цеца.
„Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи. Срцето не застана. Само продолжи да бие, во градите на некој друг“, пишува во емотивната објава на Фејсбук.
„Оставивме собата за Лука да си ја направиме Марта и јас, со помош и од нашите родители. Мислиме дека така е поубаво, сами да се посветиме на сè што е поврзано со синот“, вели за CRNOBELO.com Стефан, кој едвај чека да стане татко.
„Топли ноќи исполнети со љубов, насмевка и неизмерна благодарност за сѐ што е - и што доаѓа. Ти благодарам Господе“, напиша Ивона на Инстаграм.
„Морав да се грижам за семејството. Не ми беше тешко да почнам нешто друго да работам. Јас не сакав да се помирам со тоа дека нема настапи, нема клубови... Сè додека дојде момент кога ти гледаш дека удираш во ѕид, она тркало кое вртеше многу брзо, одеднаш се заглави. Немаш никаков прилив, апсолутно! Во 2013 година со сопругата го добивме Дарис и тоа траеше... Морав да се грижам за семејството“, емотивно вели Елвир Мекиќ.
„Кога слушнав дека прстенот го дизајнирал токму по мојата замисла и со недели комуницирал со хотелот за изненадувањето, сфатив дека не се работи само за едно запросување, туку за човек кој навистина слуша, памети и се труди да ги направи среќни луѓето што ги сака“, вели Адријана Цепевска (26) магистер архитект од Скопје за саканиот Виктор Славковски (28).
„Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната кога имавме полициски час, кога седевме дома, јас буквално и се породив во полициски час, па сопругот нe го ни пуштија да го види бебето. Втората бременост дојде многу брзо, и пак беше во корона. Само 18 месеци се разлика моите синови“, вели пејачката и докторка Симона Поповска и со саканиот слави годишнина.
„Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме. Сакам една работа да е јасна... ниту барав, ниту мене ми се доделени пари. Поддршка доби документарен филм и еден посветен тим кој 2 години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене“, напиша Слаткар, по што доби силна поддршка од сопругата.
„Зошто, што ми фали сам, си ‘рчам на раат... Што ќе ѝ ‘рчам на некоја госпожа, па да ме удри со нешто по глава и да не се разбудам повеќе?“, шеговито вели камионџијата Андруш на тема зошто не ја бара вистинската.
Маја на Инстаграм Стори објави две фотки во црни бикини, додека излегува од море и покажа дека и во шестата деценија изгледа совршено.