Сите нешто трчаат, заработуваат, патуваат, медитираат, учат, готват, успеваат. А во глава ти никнуваат мисли: „Не сум доволно добра”, „каснам” и други глупости. И не, ова не е за завист. Ова се нереалните стандарди и човештвото ставено во маратон без пауза“, напиша Лоба во својата силна порака.
Даниел Николовски во впечатлив аутфит со бисерен ѓердан гостуваше во една емисија, каде вели: „Не ми е џентлменски да дозволиш дама да плати сметка. Јас сум една друга генерација. Знаеш како овие сега Џен Зи (генерација Z) муабети кога ќе ги чујам... Одат на дејт, плаќаат пола-пола...“
„На моите веќе им кажале дека шансите да проодам се еднакви на нула. По операцијата, докторите ми кажаа дека ќе треба да се навикнам на нов начин на живот, дека нема да станам и дека ќе користам инвалидска количка и пелени“, вели Бојан Чунде во емотивната исповед кај Лазаров.
Додека настапуваа во ресторан во Кавадарци, Дац и Александар не заброавија на персоналот во кујна кој работи и се забавува - Митевски им пееше на вработените и им посвети песна од Здравко Чолиќ додека тие пееја.
Се запознале пред 10 години во Скопје, а сега дом им е Осло... Ана славеше со децата Оланна и Оби, како и со нејзиниот сопруг Чума, кој е по потекло од Нигерија, но е роден и израснат во Норвешка. Заедно имаат живеено и во Русија, Казахстан, Данска и Кипар.
„Патувањата ме поттикнуваат да гледам подлабоко, да набљудувам и да забележувам детали кои подоцна стануваат основа на мојот творечки процес. Овие впечатоци најчесто се поврзани со архитектурата и нејзините ситни, но значајни елементи, со природата и со човечката присутност - собено со женската фигура како носител на емоција, сила и сложеност“, вели Мила Јовановска.
Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински врвови, реши да сподели дел од своите неубави искуства. Причината за ова беше празникот Св. Атанас (31 јануари), за кој таа вели дека ѝ е втор роденден, откако пред многу години на овој ден таа преживеала лавина.
Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убавина возраста и општествените етикети прерасна и возраста на жената прерасна во расправија меѓу Маја Поцевка и Златко Андовски.
Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Ракометарот Дејан Манасков го одигра првиот свадбен танц со саканата Билјана во присуство на најблиските, а парот направи и црковна венчавка.
Пејачката Александра Јанева, од август 2024-та е Александра Јанева Ангелова. Таа на 17.08, во родната Струмица направи свадба со сите адети со своето момче Иван Ангелов, па на своето презиме го додаде и неговото.
Од романтична вечера на плажа со специјална декорација до пливање во танга бикини во вилата со приватен базен, Љупка прослави две години од почетокот на љубовта со Георги.
Дејан Манасков (33), нашиот ракометар кој настапува за Македонската ракометна репрезентација и РК Еурофарм Пелистер и син на македонската ракометна легенда Пепи Манасков, денес (31.01) стапи во брак со својата сакана Билјана.
„Пред точно 8 години започна нашата љубов како тинејџери, но не траеше долго. Сeга судбината нè спои повторно. Официјално заедно сме неполни 6 месеци, но она е таа со која сакам да го поминам целиот свој живот“ – вели за CRNOBELO.com Кристијан од Штип кој ја запроси саканата Ивона од Кичево.
Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и магично стапче во рака, малата Амина заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје – ја победи најтешката битка.
„Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со количките за купување . Ги редеше. Ја немав видено досега. Беше со извалкана јакна, боса, нечешлана ама беше толку културна и ненаметлива, па се вратив ѝ ја прашав...“, ја започнува својата приказна Мариа Дуда за случката во Крива Паланка што ѝ го трогнала срцето.
Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој се вели дека е заштитник од ѓаволот и лудилото. На овој ден именден празнуваат Антон, Антоние, Андон, Антоанета, Антонио, Доне, Дончо, Донка, Тони...
„Прославивме со торта со свеќички, букет цвеќе, но и приврзок со Мајка Богородица, кој на другата страна ја има буквата „М“ за мене Михаил и за неа Мајка. И кажав дека во животот само она може да ми суди и ја трогнав до солзи, заедно си легнавме плачејќи. Таа ми е сè и се плашам за нејзиното здравје. Најмногу се радувам што дочека внука“, вели Михаил Караколев (39) од Скопје за CRNOBELO.com.
Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надворешен базен, ужива во времето поминато со децата кои учеа да скијаат – Тамара Тодевска сподели фотки од зимувањето на Копаоник, по видеото со кое навести дека е сингл.