Ивана Кнез за новата 2026-та вели: „Не е важно каква ќе е, ќе ја живееме“, откако емотивно сподели каква тешка година има зад себе и кои лекции ги научила, од кои најважната е: „Ако не се сакам сама себе вистински, ќе ги уништам оние околу мене кои вистински ги сакам“. Се согласувате, зарем не?
„Особено ми го стопли срцето моментот кога делевме пакетчиња во затворот во Шуто Оризари, за родителите да ги изненадат своите деца и да почувствуваат дека не се заборавени, дека секој може да погреши, но и дека секој заслужува поддршка“, вели кик-бокс-шампионот Бобан Илиоски, кој се приклучи кон хуманата акција.
„Влегуваме во Новата година со најголемиот дар од сите - љубов, семејство и заедништво. Низ секој подем и пад, љубовта нè носеше напред и заедно издржавме“, вели Емакулате Вандера Блажеска, Кенијката која веќе седум години живее во Скопје и снима хит видеа со својата свекрва Македонка.
„Една година од најубавиот ден во мојот живот - 3 нови, разиграни срциња во 3 минути...“, ја започна емотивната објава Наташа, сопругата на Горан Папаз и мајка на Лена, Луна и Лазар Папаз. Семејството славеше дома со своите најсакани.
„Летај сестричке“ - стои во пораката која Ана Костадиновска ѝ ја напиша на нејзината најдобра пријателка Сара Пројковска на родендот, и објави заеднички фотографии.
Пред да влезе во реалното шоу Married at First Sight, Тони Мојановски (53) рекол дека сака да најде жена со која ќе му се случи љубов за цел живот, како таа на неговите родители - во шоуто се ожени и брзо потоа се разведе. Кој е Македонецот кој е хит во Австралија?
Момчињата дотерани во празнични блузички со Гринч, а Леонтина во црвено карирано здолниште и бела кошула, се фотографираа за новата празнична честитка - секој од нив доби и личен портрет, преку кој се гледа колку се тие пораснати, но и различни еден од друг.
„40-ката подобра и не можеше да биде! Мал круг, големи луѓе… сите на куп“ - напиша модната дизајнерка, која блескаше на својот роденден.
„Божиќните дрвца останаа во подрумите. Кога секој лампион ќе те потсети на убавите мигови, на радоста на твоето дете додека минатите години заедно ја кителе елката - веќе не сакаш ни да ја видиш“.
„Жената која стана мајка на 60 години со помош на успешна ин витро постапка во нашата болница, не поздравува за новогодишните празници со своето најголемо
„Дај ми идеја да направам јадење, ама да не делува како да не знам да готвам...“ и уште 6 хит прашања кои Ивана Ѓорѓиоска (34) од Прилеп му ги поставила на ChatGPT во 2025-та. Која е вашата листа?
„Денес требаше да славиме со смеа, со свеќички и со соништа за иднината. Наместо тоа, ти го честитам твојот прв небесен роденден - со солзи, со тишина и со љубов што никогаш нема да згасне“ - ја преточи во зборови својата татковска љубов Алејсандар, чија ќерка Надица загина во дискотеката „Пулс“.
Коста Петров за 42-иот роденден позираше со блузон со неговиот лик, Aнтониа Гиговска во кул бел долг фустан на настап во Битола, Дарко Влогс го прослави 37-иот роденден во САД, Јана Серафимова блеска во монокини на плажа во Дубаи...
„Маалото во кое живеам е украсено убаво. Има куќи како од филм, со венци и светилки, но сè е складно. Дечиња не пеат на врата, не е како во филмовите. Луѓето тука велат дека таа традиција полека избледува. И искрено, ме потсети на тоа дека и кај нас нема многу коледари како порано“, вели Ива Спасовска за CRNOBELO.com.
Атрактивната струмичанка објави кадри од хотелската соба каде престојува со саканиот Георги, за кого вели „Веднаш знаев дека е за мене“. „Среќен роденден љубов моја“, напиша таа и откри во какви ексклузивни места слават, но се потсети и на најубавите спомени.
„Детето е најголем благослов, без разлика на полот“, напиша Шијакоска на емотивната објава со која откри дека со сопругот Едмонд очекуваат син.
„Благодарни за сè што имаме, со најсилна вера во се што доаѓа, одиме напред, посилни и побогати за уште една љубов“, пишува во објавата на Александра Шијакоска со која ги сподели убавите вести.
„Јас го сакам животот и тој ме сака мене… Едноставно е“, вели Лила Филиповска и живее токму во тој стил, особено по дијагнозата рак на дојка, со која успешно се избори и ја остави зад себе.