Телевизискиот простор во Македонија добива свежина, динамика и ново вечерно ТВ искуство со стартот на шоуто „Вечер по 8 со Миро“, кое од 27 ноември, односно вечерва, ќе се емитува секој четврток во 20:30 часот на Алфа телевизија.
„Ги заспав децата, му кажав на сопругот да си одмори и тој, а јас дома, на топло и удобно останав сама со моето тело да се спремам за најзначајниот чин во животот. Кога почувствував дека е при крај веќе беше утро, го разбудив сопругот да ме однесе кај мојот гинеколог и акушер во Берово. Таму се породив буквално за 5 минути. Останавме неколку саати додека да се смири крварењето и бевме пуштени дома бидејќи беше сè во ред“ - раскажува Македонка на Инстаграм.
„Многу сум слаба на него, многу му допуштам сè, но... се знае кој е мајка кој дете. Мојот збор се слуша“, вели Миа Костова, која одговараше на прашања од своите следбеници на различни теми, а многу од нив беа поврзани со нејзиниот син Андрија.
Изминатиот викенд во Лас Вегас се одржа претпоследната трка од годинашниот Ф1 шампионат, а покрај возачите, една од главните ѕвезди беше светски познатиот диџеј Стив Аоки, кој пушташе музика на самата патека.
Во 2024 година Миа Костова организираше донаторска акција и за два дена собра 450.000 денари за лекувањето на Леонид Индов, кој се повреди на летување во Грција. Скоро две години подоцна, тие се сретнаа во живо во Скопје.
„Идејата за графитите ми дојде спонтано, за некако да ја оживееме македонската музика од старите добри времиња, но да ги поддржиме и новите македонски музички артисти“, вели Тина Мицковска за CRNOBELO.com.
„Имаше кризи. Расправиите биле за глупости, за тешки глупости. Кога се пакував, живеевме на Баново брдо, на шести кат, без лифт. Ги ставав сите куфери пред врата и чекав да дојде“, раскажува Тијана Дапчевиќ за брачните проблеми.
„Во мое време немаше фотосесии, а и ова е последната слика-селфи што ја имам со мало-големо меше, зашто на бебе Лазар му се брзаше да излезе. Со Ева не сум ни имала време да се сликам. Второ дете“ - напиша Маја Кикириткова и покажа како изгледала во текот на бременоста. Кои други Македонки објавија свои труднички фотки?
„Додека се качувавме кон Канео, во еден момент видов мал дел од украсеното и му реков: 'Виктор ајде да се вратиме, овде ќе се случува нешто', мислејќи да не упаднеме во кадар на некој друг… Кога сфатив дека сето тоа е направено за мене и солзите радосници сами почнаа да се слеваат“ - вели за CRNOBELO.com Тамара.
„Благодарам на секоја душа што веруваше во мене, ме поддржуваше, се молеше за мене и се возеше покрај мене на овој ролеркостер од емоции. Никогаш не замислував дека толку многу срца ќе чукаат со моето… и ќе го носам тоа чувство засекогаш“, напиша Тина, откако откри дека испаднала од натпреварувањето на The Voice of Germany.
„Да се трча 10km по Шеик Зајед Роуд во Дубаи, заедно со над 300.000 учесници од целиот свет, е сензација што тешко се опишува. Атмосферата беше неверојатна, а настанот ме потсети колку спортот инспирира. Со големо задоволство би учествувала повторно“ - вели Катарина Ивановска за CRNOBELO.com.
„Нов возач во Антиќ семејството“ - напиша Перо за најстариот син Лука, а пак Цеце Николова сподели фотка од детството кое го помина во СОС детското село и напиша: „Денес само би (с)ѝ рекла дека сѐ е океј, а можеби и многу повеќе од тоа“. Што прават нашите ѕвезди деновиве?
40 дена по смртта на Панчо, Ана Костадиновска, која беше придружен вокал на ДНК, сподели неколку фотографии со колегата, со краток, но емотивен опис
Каролина Гочева за CRNOBELO.com откри дека додека растеле, секогаш мислела дека на сестра ѝ Александра ѝ се паднало поубавото име, оти едната е крстена по прабаба, а другата по прадедо. Татјана Стојановска за малку ќе била Слободанка, а името на Нора Шаќири на арапски значи „светлина“.
Ламбе Алабаковски спомна дека имал „музички ракопис“, како и што ни напиша, додека Христијан Настески, попознат како Пајак, се пошегува дека имал многу лош ракопис.
„Пред неколку години бев поканет на домашна слава, потенцирам ДОМА ВО КУЌА со акцент те молам земи ја и гитарата. Гледам две три четири маси споени, која повисока која поширока нормално позајмени од комшии. Тањири прибор чаши кармакаша исто позајмени од комшии, маса полна од пиле млеко очи пијат. Од далеку се слуша некое тенко музиче, испомешано со жагор од внуците, кое паднало, кое плаче од мајка му што го влече за уво, кое си игра“.
Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел Михаил, една од најчестите слави кај нас. На денешен ден именден слават сите што носат име Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка...
„Кога станав човек што се радува на тенџериња и украси за дома? Возрасноста ме изненадува. Не одам никаде каде што не можам да седнам, ве молам не ме канете на настани каде што се стои, грбот и колената ме болат“ – Јелена Спенџарска брутално искрена за зрелоста.