Игор Стефановски Иџе на својот Инстаграм профил објави фотографија полна љубов - тој со кацига на главата по победа на трка, ја држи за лицето сопругата Емче и се бакнуваат.
Александар Јосифовски вчера славеше роденден, но направи и забава за откривање на полот на бебето кое го чека со саканата Ана Павиќ. Поради аутфитот на парот - таа во бел сатенски фустан, а тој во класични панталони со кошула, коментираат дека Александар и Ана истовремено и се венчале.
„Хабиби, се преселив 1 месец во Дубаи... Можеби мислите дека ова е обична гарсоњера, ама да ве убедам во спротивното“ – вели Ана и отвора врата од плакар каде е скриена кујната, а од терасата на 22 кат има спектакуларен поглед и открива што има во зградата.
Од опуштени прошетки во паркови, преку истражување музеи со изложби на познати светски, но и локални уметници, до посета на традиционални јапонски барови каде што уживаа во вкусот на локалното виски - Каролина и Михаил уживаат во Токио.
Бонбониера со икона и чоколатца со натпис, кутија како книга со икона и натпис по желба со шише за ракија, уникатно декорирано шише за вино со слика од светецот и уште многу други уникатни подароци со кои може да ги израдувате домаќините на претстојните слави.
„Авионот го изнајмивме од Штип, баравме пилот, траеше тоа. Пред еден месец ја прашав што ѝ е желба, а таа вика: Да има авион и да пишува Happy Birthday. Ама, тоа ѝ беше мајтап. Но, јас си ставив во глава и работев на желбата“, вели за CRNOBELO.com Љуупка Митрова.
„Им благодариме на сите добри луѓе кои на некаков начин помогнаа за да стигнеме ние и Маркијан до тука“, напиша Ребека, во роденденското видео до синот.
Пред натпреварот, на трибините кои се вообичаено гласни - молк! Облечени во дресови од клубот, навивачите на МЗТ кренаа транспарент посветен на музичарот: „До последна стотинка, плаво-бел во крв и ДНК. Почивај во мир Панчо“.
„Јас не изневерував. Јас едноставно бев со жени, се дружевме, не го сметав тоа за неверство. Изневерување е кога ќе се вљубиш и ќе си ја заборавиш жената. Јас не ја заборавив моја Тања, секогаш се враќав дома“, вели Гоце Тодоровски и додава дека тајната на долгиот брак е „да имаш швалерки'.
Нашата Мартија (21) ретко зборува за љубовниот живот, но по повод роденденот на саканиот Матеј, објави фотки од патувањето во Љубљана – шетаат по дожд, го бакнува, а потоа тој дувна свеќички на колач.
Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и кога се вратив од болница бев со многу кратка коса. Ми беше чудно затоа што изгледот ми беше сосема променет, но со време се навикнав. Подоцна почнав да си правам различни фризури и се прифатив таква каква што сум. Сепак, дојде момент кога посакав повторно да ја вратам старата јас колку што можам“.
„Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувало нешто поради што ги губела децата. Јас сум осмото дете кое е зачнато, а прво што е родено. После мене се родиле брат ми и сестра ми“ - вели Јоце Панов.
„Вчера добивме повик од наша клиентка која сама се понуди да плати надградба за девојче од Кочани кое има потреба од коса. Ваквите моменти потсетуваат дека кога правиме добро - го шириме доброто“ - вели Зоки, кој во март донираше 4 перики, а сега им направи надградба на коса на две девојки кои ја изгубија својата во пожарот.
Првпат македонската јавност ќе може да види филм за планинарски клуб – сторија за век љубов кон Шара, храброст и заедништво
„Сполај му на Бога, но и волјата за живот, овие денови се слушаме и сè подобро звучи. Мислата му е бистра, и на секое прашање одговара концизно и точно...“, напиша меѓу другото, гитаристот на „Меморија“ на својот Фејсбук.
Симона Живсковска, која глумеше покрај Скарлет Јохансон во „Црната вдовица“, неодамна дојде во Македонија со сопругот и нивното бебе, за да ги прошета низ земјата, но и да си го види семејството во Скопје.
Вредностите, истрајноста и посветеноста наоѓаат признание.
На профилот на Зоки Фаци осамна емотивна порака и повеќе видеа и фотки кои се спомен за него: „Една година помина… а чувството е исто. Беше многу повеќе од вујко, беше брат, најдобар пријател, беше најголема поддршка за сите во секоја ситуација“.