„Операцијата помина успешно. Не сакам ни да помислам што ќе се случеше ако тогаш навистина се качев на едрилица, на сред море…“, вели Ана Стојанова и објави ново видео од болница.
„Денес повеќе не се ни прашувам каде ми е „дома“. „Дома“ е кога појадувам со ќерка ми или кога се „бориме“ со син ми. „Дома“ е со моите браќа во Канада, доселени од сите страни на светот. „Дома“ е во рацете на мајка ми кога ќе ме гушнат и што сè уште готват со иста љубов, иако се уморни...“, емотивно споделува Кирил Колемишевски, некогашниот член на Нокаут.
„Мојата мајка се вика Лидија и таа е најдобрата и најубавата мајка на светот. Јас сум нејзината среќа, нејзината љубов, нејзиниот најсакан син и секогаш кога ќе ме погледне нејзините очи зрачат со љубов...“, вели Драган Спасов Дац.
Оваа година мултимедијалниот уметник Киро Урдин е автор на плакатот за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.
По долги години врска, која се трудеше да ја чува подалеку од очите на јавноста, пејачката Дани Димитровска се омажи со Горан Веселиновски - Весел.
„Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. А летово кога се враќавме од Турција, виде знаме кое не го знаеше, го меморирал, па преку Google photo откривме дека е знамето на Северен Кипар, кое се користи само во рамките на државата“, вели за CRNOBELO.com мајката на малиот географски генијалец.
„Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жива и здрава“, вели Ребека, откако нејзиниот сопруг објави фотка на која двајцата имаат по една повредена рака, во лонгета.
По летото минато на море и кај мајка ѝ дома во Берово, каде вели дека ја чувале како кралица, Јелена Спенџарска се враќа на работа и вели дека го мрази крајот на летото: „Не сакам да звучам депресивно, но во есен сè ми е некако толку жолто и тажно“.
„Ќе ми кажат исплашено „Имам рак“ и никогаш не го сфаќам тоа како дијагноза. Го сфаќам како повик за присуство. Како момент кога зборовите не се доволни, но мора да се кажат... И не постои „правилен“ начин да се реагира“, вели Марјан Атанасов.
„Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, наеднаш зборуваат на грчки, не ги разбирам...“, вели Ана Стојанова која поради силни болки наместо на крстарење, за жал, заврши во болница.
Игор Џамбазов ѝ честиташе 60-ти роденден на сестра му Тања: „Сите имаат по некој вујко од Америка. Јас имам сестра во таа пуста Америка. Половина живот сме разделени. Таа е 10.000 километри далеку од мене, а јас сум на 6.500 милји од неа...
„Пред 60 години се роди најголемата спортска легенда на Македонија и најпознатиот Македонец во светот. Да си ни жив и здрав“ - напипа неговата сопруга, пејачката Маја Гроздановска Панчева.
Според народното верување, на овој ден се замесува фанурија, лепче или колач од 9 состојки (не смеат да се ни помалку ни повеќе), за среќа.
Марио Јелиќ - Кун од 2Бона, стапи во брак со саканата Исидора, за која пред извесен период зборуваше дека му е најголема поддршка и љубов во животот.
„Нека ме штипне некој дека стварно го гледам ова со мои очи. И тоа на островче во сред море каде што елените слободно си шетаат и се главни миленици и на локалците и на туристите“, вели воодушевено нашата инфлуенсерка, која летува во Хрватска.
Александар Динев и Евче ѝ го стопија срцето на малата Ева и на нејзината самохрана мајка Ема, откако дојдоа да ја изненадат на роденденската прослава. За жал, повеќето поканети другарчиња, не се појавиле.
Кристијан Станковски - Бомбакис, или Бомба, за себе вели дека се занимава со многу работи и не може да најде адекватен збор за да опише што е по професија, но за македонската јавност е најпознат како „дечкото со картоните“ кој секогаш знае да ви го разубави денот или да ве замисли со неговите пораки.
„Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години произведуваме наша храна“, вели Бети Котовчевска од Ресен, позната како ледената Македонка Бетика за CRNOBELO.com.