Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Виме |
Ако сонувате виме на крава значи дека ќе добиете вреден подарок; ако сонувате дека имате виме предупредува на несреќа на јаве. |
| Вино | Ако истурите вино во сонот значи дека ќе се потсмевате на некоја личност којашто ве сака, не бидете нетрпеливи, признанието доаѓа наскоро; ако видите вино во садови предупредува дека ве очекува неизвесно утре; ако видите истурено вино ја симболизира среќата на скорешно патување. |
| Виножито | Ако сонувате виножито тоа значи дека ве очекуваат успеси на работа, промена на подобро. |
| Винска чаша | Ако добиете винска чаша во сон значи дека ќе слушнете добар глас; ако скршите предупредува на смрт на јаве. |
| Виолетова боја | Ако во сон видите виолетова боја, тоа значи дека сте личност која има цврст став и уверувања од кои ретко отстапува. |
| Виолина | Ако видите виолина: среќен дом; ако слушнете: наскоро ќе одите на забавата. |
| Витез | Ако видите витез во сон значи дека ќе добиете љубовна понуда, внимавајте на опасноста што ве демне. |
| Виулица | Сонување виулица предупредува дека ќе се појави болест во вашето семејство. |
| Виц | Ако кажувате виц во вашиот сон значи дека сте силни на зборови и слаби на дела. |
| Вишни | Ако берете вишни во сон значи дека ве очекуваат грижи; ако јадете значи дека нема да го добиете она што ви е ветено; ако берете и јадете вишни значи дека неограничено ќе уживате во задоволствата на љубовта, сексот. |
| Влада | Ако сонувате влада значи дека ве очекуваат несигурност и немири. |
| Владика | Ако го видите значи дека на јави ќе ви се остварат намерите, ако разговарате со него симболизира среќа во семејството. |
| Влечки | Ако сонувате влечки на туѓи нозе значи дека некој со нетрпение ве чека, љубовна идила; ако ги видите на себе си значи среќа, радост, добивка. |
| Внук (внука) | Ако сонувате внук или внука значи дека ќе живеете долго. |
| Вода | Ладна: среќа, радост; топла: болест; ако дадете вода некому: лојално пријателство; матна: нарушувања, грижи, опасност, пречки; бистра: среќа, мала добивка; длабока: опасност; ако шетате низ водата: ќе избегнете опасности, ништо не може да ве изненади и запре; ако чекорите по површината на водата: нема пречки за вас; вода ако истекува од цевката: бурен емотивен живот. |
| Воденица | Ако сонувате воденица значи дека ве очекува ненадејна добивка, можно наследство. |
| Водопад | Ако сонувате водопад значи дека по разочарувањето ќе станете помудри и повнимателни, ќе чувствувате радост. |
| Воздух | Ако во сон вдишувате чист воздух, тој сон значи успех. |
| Возен билет | Ако сонувате дека сте купиле возен билет значи дека ќе одите на пократко патување. |
| Возење со воз | Патувањето со воз во сон значи дека не сте решиле да направите промена на работното место. Возот е знак сепак треба да ја направите таа промена. |
| Возење со кола | Во сон, возењето во обична кола предупредува на несреќи, кавги; во свечена кола (пајтон, луксузен автомобил) симболизира напредок во службата; ако се превртите за време на возењето значи непријатно искуство. |
| Војна | Сонување војна предупредува дека ќе имаш судир со властите, ти претстојат тешкотии. |
| Војник | Ако сонувате дека сте војник, тоа ве предупредува дека ве чека потешка работа, очекуваната помош ќе недостасува. |
| Војска | Ако сонувате дека одите во војска значи дека ќе следат кавги, инает, оган, глад. |
| Волк | Ако видите волци симболизира лутина, бес, штета; ако ги слушнете како завиваат: неволјите ќе ве угнетуваат; ако ве бркаат волци: некој работи зад вашиот грб; ако ги избегнете: на крајот ќе триумфирате. |
| Волна | Чешлање волна во сон укажува на несогласување со околината, измама; ако купите волна значи дека наскоро ќе добиете признание на јаве. |
| Волови | Ако впрегнете: среќа и хармонија во бракот и љубовта; слаби: скапотија, мали расправии во куќата; дебели: наскоро среќа; ако колете волови: несреќа; ако ги тужите: опасност, несреќа; ако видете волови како рикаат: нема да успеете во своите намери. |
| Волонтер на Црвен Крст | Кога на сон волонтирате во Црвен крст тоа значи дека би требале да почнете да се занимавате со хуманитарна работа. |
| Вонбрачно дете | Ако имате вонбрачно дете во вашиот сон, истиот ве предупредува дека некој ќе ве клевети, ќе страдате поради озборувања. |
| Вонземјанин | Ако видите вонземјанин во вашиот сон тоа значи дека ве очекуваат промени на јаве. |
