Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Воскреснување |
Ако сонувате дека сте воскреснале значи дека ќе чуете нови вести. |
| Восок | Ако сонувате восок ве предупредува на измама, бидете претпазливи на работа. Внимателно прочитајте ги документите што ги потпишувате. |
| Востание | Во започнатата работа нема да имаш среќа, промена на професијата, губење на пријатели. |
| Вошки | Доколку сонувате дека вошки ви лазат низ косата тоа значи дека веројатно ќе доживеете некакви неприлики на работа или на факултет. |
| Врабец | Ако сонувате како летаат врапчиња симболизира празни ветувања; ако ги фатите значи дека ви претстои неочекувана, радосна средба; на покрив: ќе ве исмеваат во друштвото; големо јато: пропаст, ве очекуваат грижи. |
| Врат | Ако го миете вашиот врат во сон ја симболизира радоста на јаве. |
| Врата | Отворена врата во сон значи дека треба да се вардите од крадци и насилници, имате поддршка од семејството; затворена врата: незадоволство, разочарување, вие сте сами во вашите дилеми, не очекувајте помош; скршена врата: некого ќе налутите; со некој натпис: среќа; обиена: некој ќе се обиде да ги спречи вашите планови; ако ги вадите вратите: добар глас. |
| Вратоврска (машна) | Гледање вратоврска во сон предупредува дека ќе западнете во долгови. |
| Врба | Ако сонувате врба значи дека имате искрени односи со деловни партнери; ако видите симболизира среќа, искреност; ако сечете врба предупредува дека ве очекуваат тажни денови, несреќна љубов. |
| Врева (викање) | Да беснееш во сон значи залудна борба против судбината. |
| Време (прогноза) | Ако сонувате убаво време симболизира пријателство; грдо предупредува дека некој ви работи зад грб. |
| Вресок | Во сон, ако слушнете крик на друга личност значи дека сте вознемирени од лошите вести; ако го слушнете својот крик значи дека ќе се ослободите од грижите. |
| Вреќа | Полна: ќе ви се зголеми имотот, признание; празна: ви се заканува штета, жалост, грижи; ако носите: малку повеќе ценете ја туѓата работа; искината вреќа: имате потешкотии во зделките. |
| Врзување | Ако сонувате дека сте врзани тоа значи дека ќе бидете поканети на богата вечера, средба на церемонија ќе донесе промени во вашиот емотивен живот. |
| Вршење нужда | Вршење нужда во сон значи дека ти претстојат успеси. |
| Вујко | Ако видите вујко во сон значи дека ќе имате ненадејна радост. |
| Вујна | Вујна во сон значи дека ќе имате кавга во семејството. |
| Вулкан | Изгаснат: ненадејна добивка; ако сонувате дека вулканот работи, значи дека ве чека голема промена, пријатно изненадување. |
