Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Поплава


Ако видите поплава во сонот предупредува на семејна расправија, несреќа, загуба, грижи. Ако сте преплавени во сон, тоа значи дека сте пред победа, ве очекува плодна година.

Пораз

Ако сонувате дека сте поразени предупредува дека ќе паднете во немилост.

Порно филм

Соништа со еротски или порнографски филмови имаат повеќе значења.

Породување

Ако сонувате дека ја посетувате мајката после породувањето или ја гледате  значи дека сте склони кон кумство, среќа. Ако сонувате дека сте присутни на породувањето, предупредува дека ќе имате некои проблеми.

Портокал

Ако видите портокал во сон предупредува на несреќа, предавство. Ако сонувате дека јадете портокал значи дека ќе имате неочекувано љубовно искуство; ако купите портокал: не ставајте сè на една карта.

Портокалова боја

Портокаловата боја во сон е симбол на добра енергија и ентузијазам.

Посета

Ако сонувате дека одите на посета предупредува на краткорочни проблеми. Ако сонувате дека некој ве посетува, тоа значи дека ве очекува расправија, непријатно искуство.

Поставена маса

Ако видите во сон дека е поставената маса означува покана за домашна веселба.

Постела

Ако видите постела во сон предупредува на болест, каење.

Пот (потење)

Ако се потите во вашиот сон значи дека ви претстои болест, тешка работа.

Потковица

И во сон, потковицата е симбол на посреќни денови, победа во игра, патување, богатство.

Поток

Голем поток: лутина; мал поток: удобен живот; бистар поток: богатство; матен: болест; плиток: имате поголема самодоверба; длабок: чувате нечија тајна; брз: болест, смрт, непријатности; пресушен поток: неволјата е на вашиот праг.

Потстрижување коса

Ако сте потстрижени во сон предупредува дека ќе претрпите загуба, ќе се карате со вашиот шеф.

Пофалба

Сон во кој некој ве пофалува за нешто го симболизира вашето его.

Починат човек

Пријател: несреќа на прагот, неизвесност; татко или роднина: смрт во семејството; непозната личност: ќе ве победи во борба.

Поштар

Ако сонувате дека гледате поштар значи дека вашите желби ќе се остварат, ќе слушнете добри вести.

Поштенска марка

Сонување поштенска марка значи дека ќе слушнете вести од далеку.

Прасе

Ако сонувате прасе, тоа значи дека ќе претрпите болка, а печено прасе во сон ве предупредува да не верувате во сè што ќе ви кажат.

Праска

Ако јадете: Повторен состанок со саканата личност, долг живот; ако берете: зголемување на имотот, пријателство; ако гледате: ќе дојдете во некое искушение; ако купувате: имате добри пријатели; ако продавате: материјални тешкотии, разни искушенија.

Прашина

Ако видите прашина во сон предупредува на неуспех, грижи, оштетувања, а доколку сонувате дека ја чистите значи дека треба да бидете претпазливи што ќе кажете.

Прашума

Ако видите прашума тоа предупредува дека ви се заканува опасност, изненадувања.

Превоз

Ако сонувате како превезувате луѓе, немојте да започнувате некоја дополнителна работа. 

Прегратка

Ако прегрнете пријател/пријателка: несреќа; сакана личност: среќа, благосостојба; непозната личност: некој ви е неверен.

Предавање

Да сонувате да држите предавање значи дека некој ве обожава, а слушајќи го тоа значи дека некој пријател ќе ве растажи.

Предавство

Ако предадете некого значи зголемување на грижите, а ако бидете предадени значи дека ви се ближат пријатни и среќни денови.

Предиво

Ако сонувате предиво значи дека ве очекуваат успехот, среќата, свадбата, пријатните настани.

Прекор

Ако сонувате дека сте добиле прекор значи дека ќе го заслужите на јаве.

Прељуба

Ако направите: несреќа; одолевање: исполнување на интимни желби; ако гледате прељуба: кавга, срам, пожар.

Преминување преку вода

Ако сонувате дека преминувате преку вода пеш, тоа значи дека сте изложени на опасност, ако ја преминувате водата со брод значи безгрижен живот, благосостојба, добивка; преку мост: ќе се спасите од неволја.

Престилка

Ако сонувате престилка значи ви претстои интересна посета, подарок.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg