Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Претрпена штета |
Ако страдате од штета во вашиот сон значи дека ве очекува деловен успех на јаве. |
| Пречек | Ако дочекувате некого на сон тоа значи дека ви претстои мала непријатност. |
| Пријател | Ако го сретнете: неочекуван настан; ако јадете заедно: непријатности на повидок; ако го сонувате дека починал: ќе слушнете некоја важна новост. |
| Прислушкување | Ако сонувате дека прислушкувате некого значи неволја, мали расправии во куќата, срам, болест. |
| Пристаниште | Ако видите пристаниште во сон значи дека ќе одите на долг пат. Ако сонувате дека се влегувате на пристаниште, тоа значи дека ќе најдете мир и среќа. |
| Провалија | Ако ја погледнете: се плашите од нешто, вашата совест не е мирна; ако паднете во бездната: болест; ако турнете некого: голема неволја ќе ве престигне; ако скокнете во неа: со вашите постапки се изложувате на смртна опасност; ако ги видите другите како скокаат: ќе се изложите на непријатности по туѓа вина. |
| Продавате нешто | Продажба на нешто во сон значи дека ќе остварите мал профит во реалноста. |
| Продавница | На сон предупредува на неуспеси во тргување, трошоци. |
| Прозорец | Во сон, отворен прозорец е симбол на добра вест, додека затворениот значи кавги, непријатности. |
| Проја | Ако сонувате дека јадете проја значи дека сте здрави. Движете се повеќе и вежбајте. |
| Пролет | Ако сонувате пролет значи дека ќе слушнете добри вести од драга личност. |
| Проститутка | Ако сонувате проститутка, сонот ве советува да бегате од неа во реалноста, во спротивно ќе имате љубовни расправии. |
| Протеза за заби | Ако видите: ви се зголемува самодовербата. Ако носите: некој ќе ве исмејува и посрами. |
| Професор | Ако го видите: ќе страдате поради непромисленост; ако разговарате со него: вашите можности се нормализираат. |
| Прстен | Ако добиете прстен во сон, тоа подразбира дека ве убедуваат да стапите во брак. |
| Путер | Јадење: мала кавга со пријателите; правење: удобен живот; купување: троши помалку ако не сакаш да пропаднеш. |
| Пушење | Ако пушите во сон значи дека ви претстои пријатна посета, благосостојба. |
| Пушка | Полна пушка значи добар знак за сè што ќе започнете, некој ќе ве заштити, додека празна значи дека вашата желба нема да се оствари. |
| Пцуење | Ако чуете дека некој пцуе: ќе ве снајдат неприлики, ќе доживете срам;, ако пцуете некого: ќе се налутите на жена или љубовница односно маж или љубовник. |
| Пчели | Ако видите пчели во вашиот сон значи добивка, успешна година, додека ако убиете пчела предупредува на несреќа, загуба на јаве. |
| Пченка | Необрана: успешна работа; ако ја берете: мирен и среќен живот; ако ја чистите: веселба низ шега; ако мелете: ќе измамите некого. |
