10 совети за безгрижно секојдневие

zgrapci-go-zivotot-10-soveti-za-bezgrizno-sekojdnevie-povekjeКако самите ќе си ги поставите работите во животот, така и ќе ви тече секојдневието. Имајте на ум дека секогаш, сè потекнува од главата.


Затоа, важно е да научите како да не обрнувате внимание на маргиналните работи во животот и како да научите да си ги одржувате емоциите.

1. Престанете постојано да обрнувате внимание на тоа како се чувствувате. Ќе помине. Чувствата не се под ваша контрола. Само делата можете да ги контролирате и тие обично доведуваат до чувство на задоволство или срам.

2. Престанете да се грижите. Грижата често ги влошува работите. Колку повеќе мислите на лошите работи, поверојатно е дека ќе се случат. Ослободете ги.

3. Ослободете се од внатрешните коментари. Ако сакате да бидете среќни, престанете да си говорите себе си дека сте вакви или онакви. Луѓето не се совршени и немаме способност да видиме што мислат другите за нас.

4. Обидете се да не го забележувате својот внатрешен критичар. Бесмислено е да се осудувате самите себе си. Осудувањето на другите исто така е бескорисно. Размислете кому навистина му значи вашето мислење.

5. Престанете да се чувствувате виновни. Вината не менува ништо. Пуштете ја да отплови со водата.

6. Престанете да се грижите што мисли и зборува остатокот од светот за вас. Тоа само значи дека сте доволно забележани.

7. Престанете да се грижите за резултатите.

8. Не грижете се за тоа што животот и кариерата не ви одат според планираното. Колку повеќе се придржувате до некој план, толку побрзо ќе погрешите. Светот се менува брзо, а детално разработениот план исто така брзо застарува. Затоа, наместо планови, соочи се со реалноста.

9. Не дозволувајте другите да ве користат за да ја избегнат сопствената одговорност. Вие не можете да бидете одговорни за туѓата среќа или успех, ниту пак можете истите да ги постигнете за нив. Нека се снаоѓаат.

10. Не грижи се за својата личност. Таа не постои. Личноста, како и егото, е измислен концепт.

Би можело да ве интересира:

Застарени верувања и стереотипи за жените кои треба да ги заборавиме, низ илустрации Мора да се омажат млади и треба да родат дете пред 30-тиот роденден бидејќи пото...
Некогаш и денес: Колку се промени животот на жените и девојките, низ илустрации? Тенките, практично невидливи веѓи ги заменивме со поприродни облици, а секогаш к...
7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
Маж имал паразитски брат близнак кој „живеел“ во неговиот стомак 36 години Санџу Багат е Индиец кој се прославил помеѓу медицинските експерти во 1999 годин...
Најпознати турски суеверија – Колку се слични со македонските? Што значи ако ви свират ушите, зошто не треба да ги сечете ноктите навечер или к...
Живот на -40ºC: Зимите во Сибир се како од друга планета (фото) Кога температурата ќе падне на -40ºC, сè наоколу замрзнува, дури и трепките на л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Биди доволно голем да им служиш на другите луѓе.
Клод Пепер (1900-1989)