Вратоврска - елегантен и безвременски моден детаљ

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-povekje„Добро заврзана вратоврска е првиот важен чекор во животот“, рекол еднаш познатиот писател Оскар Вајлд. И при тоа не згрешил. Ретко кој...


...украс околу машкиот врат има толкаво значење како безвременската вратоврска. Таа воедно е и единствениот елемент на машкото облекување чија првенствена улога е украсна, а не функционална.

Квалитетната и добро одбрана вратоврска може да ја збогати било која комбинација на облека.

Кратка историја

На самиот почеток вратоврската, односно нејзиниот прототип им служела на римските говорници како средство за загревање на гласните жици, а својот денешен облик го добила дури во 1924 година.

Вратоврска и плетен џемпер - тренди комбинација

Вратоврската како составен дел на елегантната деловна комбинација никогаш не се симнува од модните писти. Но, таа никогаш не е иста.

За есен/зима 2011/12 водечките дизајнерски имиња одбраа тенки вратоврски кои се носат под плетени џемпери. Вратоврската благо се наѕира така што на комбинацијата и дава сериозност и елеганција.

При тоа вратоврската можете да ја искомбинирате со бојата на костумот, но можете да одберете и таква што ќе се истакнува. На модните писти завладеа ретро стил, а во таквите комбинации одлично се вклопуваат тесни вратоврски.

Од исклучително тесни вратоврски, со широчина 4-5 cm, ширината на вратоврската сега се задржа на 8.5-9 cm, а има тенденција да се проширува во долниот дел, со дезени од ситни геометриски облици и бои од класична сина, темно црвена и сива.

Јазолот на вратоврската треба да се прилагоди на типот на околувратникот. Поширок околувратник бара и побогат јазол, додека поситен и помалку формален околувратник бара потесна вратоврска и понежен јазол.

Должината на правилно врзана вратоврска е до појасот на пантоланите.

Важно е да се спомне дека вратоврската треба да се одврзе по носењето за да си го добие првобитниот облик и така да се осигури нејзината долговечност.

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-1

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-2

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-3

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-4

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-5

Би можело да ве интересира:

Како да носите здолниште во зима (и да изгледате неодоливо кога температурите се под нула) Комбинирајте различни текстури, изберете здолништа со светки за деновите околу п...
Модни утки и погодоци - Што носеа ѕвездите на Governors Awards 2024? (фото) Пенелопе Круз, која важи за жена со префинет стил, овој пат потфрли со бел фуста...
Тејлор Свифт во новиот спот носи фустан од Македонец – Белата венчаница е дело на Тони Матичевски Со помош на креацијата на нашиот Тони Матичевски и шминката, Тејлор Свифт ѝ одда...
Македонките „полудеа“ по тексас здолништето со шлиц од ZARA – идеи како да го комбинирате Александра Шијакоска и Ксенија Деспотоска, но и Тамара Калиниќ... Повеќе наши, н...
9 стилски правила што мажите најчесто ги забораваат (па изгледаат диспропорционално) Верувањата дека само жените треба да се грижат за сопствениот изглед се застарен...
Викторија Лоба во розовите Birkenstock влечки кои ги носеше и Марго Роби во филмот „Барби“ (фото) „Ајде Барби, да одиме на забава“ - напиша на својот Инстаграм профил, Викторија ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Биди доволно голем да им служиш на другите луѓе.
Клод Пепер (1900-1989)