Привлечност, идеалност, несигурност...

privlecnost-idealnost-nesigurnost-povekjeОваа статија ни ја испрати еден наш читател. Сметаме дека многумина од вас ќе се пронајдат во неа. Колку е навистина и во реалноста така, проценете сами.


Привлечност

Големите љубови доаѓаат во ситни моменти. Кога ги сакаш - ги нема, кога ти требаат – те откачуваат, кога најмалку се надеваш  ќе се појават од другата страна на улицата, со ветар кој што дува само за да ги допира нивните коси и сонце кое што свети само за нејзините очи да го добијат тој сјај. Тие се моменти кога помислуваш дека целата вселена крои заговор само за вие двајца да бидете заедно.

Скоро и да не постои шанса за некоја од твоите другарки да не и е другарка од средно која што успешно ја скрила сите овие години од твоите очи или скоро и да се исклучени сите можности за твојот другар случајно да не го познава нејзиниот брат. Се е филмски смислено и зготвено само за твојот свет да добие розева боја. Наредната сцена е секогаш онаа случајна средба во кафуле или во парк, каде што седите ти и твојата другарка или другар и баш во тој момент баш во тоа место доајѓа таа со нејзиниот брат. Ситуацијата добива толку експлозивна брзина што дури да трепнеш веќе стоите ти и таа, на некоја осамена уличка скриена од сите погледи, каде што месечината свети онолку колку да и ја истакне нејзината убавина од која што ви застанува здивот. Стоите тука со надеж дека баш во ова време и на ова место конечно вашите усни ке се пронајдат.

Наредниот ден сте веќе на седмо небо.

Токму тука почнува и оваа статија.


Идеалност

Наредниот ден е, или обично треба да биде сончев ден. Не само што изгледа прекрасно туку и времето поминува преспоро затоа што во два часот треба да се најдете на кафе. Вие нормално, касните пет минути затоа што сте фраер, таа касни половина час затоа што е жена. Тоа не ви пречи. Не дека имате челични нерви или уживате во чекањето, туку ова е ваш прв официјален состанок.

Нормално седнувате во најблиското кафуле затоа што едвај чекате да почните со муабет и двајцата восхитени од размерите што ги зеде вашата ситуација минатата ноќ. Почнуваќи да раскажувате за вашите животи, се повеќе и повеќе сфаќате дека вие сте скоро иделани еден за друг. Слушате иста музика, обожавате исти филмови и ги имате прочитано истите книги. Вие веќе знаете дека таа е идеална за вас и ви замрзнува крвта кога слушате од неа дека и таа го мисли истото за вас. Се доближува до вас и ве бакнува. Дефинитивно тој ден го забележувате во календарот како најсреќен ден.


Несигурност

Вие сте ги откажале сите ваши планови заради неа, но таа мора да замине еден саат порано затоа што се договорила да оди со другарки во шопинг.

Иако сте малку изненадени, сепак се е во ред заради тоа што нели и таа си има сопствен живот а посебно заради тоа што вечерта ви пишува порака дека неможи да ве извади од глава. Пробувате да се гледате секој ден, во време кога таа нема никакви други планови(но сепак останува секој ден).Како поминува времето се повеќе сфаќате дека најголеми се шансите да се слушните ако и се јавите вие,затоа што таа сеуште неможе да се навикне на својот нов мобилен. Имате средби само кога вие ќе покренете иницијатива за тоа. Но, и тоа е во ред, затоа што само по неколку недели заедно ви признава дека е лудо вљубена во вас. Но, не можете да поседите подолго затоа што мора да оди на кафе со бившиот со кого останале добри другари. Ама, доаѓа кај вас. Не можете да ги тргните усните еден од друг кога сте заедно, уживате гледаќи ги и најглупавите серии на ТВ, се смеете и на најглупави шеги и во моменти на тишина секогаш ви признава дека ужива во вашата врска. Возбудени од сите тие коментари, сакајќи тоа на некој начин да го обележите и праќате на Фејсбук барање за врска мислеќи дека тоа е правилното нешто што треба да се направи. Но, таа побеснува. Го одбива, и изреволтирано ви кажува дека таа има преголема аверзија од тие врски на социјалните мрежи и дека тоа ужасно ја иритира. Меѓутоа вие на тоа треба да се насмевнете и да ја гушнете затоа што нели, неколку збора на ФБ во никој случај не се услов за тоа што ви го кажа таа а што го чувствува за вас.


Сигурност

Токму тогаш вашиот вљубен мозок почнува да се блокира.Токму тогаш пробувате да сумирате што имате а што барате. Токму тогаш СИГУРНОСТА во врската си го зема својот дел за сметка на дотогашната нејзина топло - ладно игра. Токму сигурноста почнува да ви поставува прашањата:

- Дали и значите нешто кога со вас е кога нема други обврски?

- Дали можете да и верувате кога ви кажува дека сака да биди во врска со вас, а за     тоа не сака да знаат сите?

- Што ви значи таа во вашиот живот кога можете секогаш да најдете време за неа и што и значите вие во нејзиниот кога секој друг план е пред вас?

Ако се најдете во ваква ситуација размислете добро драги мои. Дали проблемот е во вас што ве нервираат сите тие “ситници” или проблемот е на другата страна што ги прави тие “ситници”?

Дали сакате несигурна љубов или сигурна врска?

Зарем има тука простор за паника или само нашиот мозок си поигрува со нас, а се друго останува ЕДНОСТАВНО како ЦРНО и БЕЛО.

Томе Николов

Би можело да ве интересира:

Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Луѓе споделуваат кој е најлошиот (и најсмешниот) роденденски подарок што го добиле „Татко ми ги одведе моите 3 помали браќа на спортски натпревар на мојот 21-ви ро...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
Не јадел ништо 382 дена, пиел само течности и витамини и ослабел 125 kg – чудниот случај на маж од Ш... Во 1960-тите, Ангус од Шкотска имал 206 килограми. Сакајќи да се ослободи од нив...
Факти за најозлогласениот убиец од Србија: Имал тешко детство првото злосторство го извршил на само ... Миодраг Столе Трифуновиќ е познат како „српскиот Џек Мевосек“ поради неговите гр...
Што открива уредувањето на домот за вашиот карактер? Домот открива многу нешта за личноста којашто живее таму. Сепак, секој од нас си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Во животот стои цврсто како карпа во морето, без да те обеспокојат или поместат брановите што се креваат.
Хазрат Инајат Хан (1882-1927)