Подарувајте според ѕвездите

podaruvajte-spored-zvezdite-povekjeПодарувањето е вистинската работа, а ако вистински ја израдувате личноста на која што и подарувате – нема поголемо задоволство.


Еве како советуваат ѕвездите да подарувате:


Овен

Припадниците од овој огнен знак е многу тешко да ги задоволите, особено кога се во прашање подароците. Овните ќе ги воодушеви сè што се вклопува во нивниот динамичен пристап кон животот. Жените овни ќе „паднат“ на брош, комплет ножеви, или црвено цвеќе. Машките припадници на овој знак ќе се задоволат со квалитетни патики, пикадо, слика, или влезница за некоја спортска манифестација.


Бик

Биковите по правило поседуваат развиен уметнички вкус и сакаат да бидат опкружени со убави и скапи работи. Жените родени во овој знак ќе се одушеват со злато, а ќе ги израдува и свилена ноќница, парфем, или бонбониера. Од друга страна, мажите родени во овој знак потајно очекуваат топол волнен шал, квалитетен паричник, чевли или папучи.


Близнаци

Близнаците се во постојана потрага по нови информации. Со нивната љубопитност тешко може да се спореди било кој друг хороскопски знак. Жените ќе ги освоите со претплата за списание, некое парче од квалитетна марка, или практична патна торба. Машките Близнаци ќе бидат одушевени ако им подарите најмодерен мобилен телефон, пар откачени чорапи или топли зимски ракавици.


Рак

Раковите се многу емотивни, па нема да згрешите ако им подарите романтична вечера за двајца, букет цвеќе, или нешто што сте направиле специјално за нив. Исто така ќе се израдуваат ако им купите некоја ситница за нивното хоби. Машките ќе се воодушеват со шише омилено вино, а жените со цвеќе што ќе може дома да го одгледуваат.


Лав

Лавовите себе си се сметаат за владетели. Купете им нешто со што ќе можат да ја искажат својата важност. Жените се опседнати со косата, па шампоните, регенераторите, чешелите од сите видови, се идеален подарок, а нема да погрешите ни со влезници за кино или театар. Машките ќе се израдуваат со бесплатна масажа, пенливо вино, капа или шешир.


Девица

Девиците се најпрактичен хороскопски знак, па очекуваат подароци кои што ќе можат да ги применат во секојдневниот живот. Жените ќе се израдуваат на нов комплет за маникир, или квалитетен препарат за подобрување на имунитетот од билната аптека. Мажите ќе ги воодушевите доколку им подарите прибор за нивното хоби или книга.


Вага

Вагите се хороскопски знак кој што има најмногу вкус и стил. Жените сонуваат за идеален партнер, па затоа купете им некој љубовен роман, ЦД со балади, или рамка за слика. Машките Ваги очекуваат нешто сјајно и елегантно, како што е игла за вратоврска, но нема да згрешите ни со парфем, или каиш.


Скорпија

Скорпиите имаат многу специфичена смисла за хумор кој другите често пати не го разбираат. Жените Скорпии ќе бидат задоволни со еротска долна облека или книга. Мажите мечтаат за егзотично домашно галениче, а ќе ги развесели и книга или некоја добра комедија.


Стрелец

Стрелците се најголеми патници, па ако им подарите патување, не можете да погрешите. Женските Стрелци ќе се воодушеват со масажа, медитација, патеписна книга, или одење во егзотичен ресторан. Мажите сакаат природа и спорт, па подароците од оваа тематика секогаш се добредојдени. Исто така и часовник е добар избор.


Јарец

Припадниците од овој знак се исклучително амбициозни. За да одберете подарок добро би било да знаете за какви амбиции станува збор. Жените родени во знак на Јарец не се многу оптоварени со трендови, па затоа подарете им нешто класично, кошула, чевли, календар, или планер. Машките родени во знак на Јарец очекуваат етикета и нешто сигурно, а приборот за бричење е идеален подарок. Во предвид доаѓаат и  актовка и часовник.


Водолија

Водолиите во секоја ситуација ќе ја истакната индивидуалноста, а нивното чувство за уметност најчесто се манифестира низ различен стил на облекување кој по сите правила е чекор пред постоечката модна колекција. Жените ќе ги одушеви масажер или МП3 плеер, како и комплет на масла за ароматерапија, а мажите ќе бидат задоволни со сè што е необично и неочекувано.


Риби

Рибите се многу емотивни, па затоа подарете им нешто инспиративно и убаво. Жените ќе ги израдувате со капа, масла и сол за капење. Мажите ќе ги израдувате со нешто поврзано со вода, како костум за капење или маска за нуркање.

Би можело да ве интересира:

Улиците се претворени во писти – Како изгледа животот во гратче каде што сите имаат авион? Гратчето Спрус Крик во САД е изградено околу приватен аеродром, каде што жителит...
8 искрени и моќни пораки кои ќе ви ја зголемат самодовербата Никогаш нема да се излечите и да бидете добри ако не престанете да се залажувате...
Психолошки трикови со кои ќе дознаете дека некој ве симпатизира, низ илустрации Ги имитира вашите движења, фрази, споделува лични детали... На кои ситници треба...
10 супер трикови од интернет со кои ќе ги „спасите“ облеката и чевлите Што треба да правите кога ќе ви се расипе патентот на омилените фармерки? Или ак...
8 едноставни совети кои ќе ви го олеснат животот (а сигурно не сте ни слушнале за некои од нив) Како да ја исчистиме рибата од крлушките за 2 минути? Или да ги свариме јајцата ...
Кои бои ќе ви донесат среќа и пари во 2024-та година, според Фенг шуи? Која боја треба да доминира во вашата облека и во уредувањето на домот за 2024-т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Најмногу од сè цени ја љубовта што ја примаш. Таа ќе опстане долго време откако твоите пари и доброто здравје ќе ги снема.
Ог Мандино