Вип ги испрати ракометарите кон нови големи победи

vip-gi-isprati-rakometarite-kon-novi-golemi-pobedi-povekjeСo огромна верба во нивните способности, желба и енергија во совладувањето на последната препрека пред летните олимписки игри, Вип ги...


...испрати македонските ракометни репрезентативци на квалификациониот турнир кој од 6-ти до 8-ми април ќе се одржи во Гетеборг, Шведска.

Во знак на благодарност за досегашните успеси, но и како поддршка во соочувањето со следните спортски предизвици, Вип, како официјален партнер на РФМ, за сите ракометари и членови на стручниот штаб, обезбеди вистинско изненадување – светскиот хит во мобилната телефонија Samsung Galaxy Nexus.

- Македонскиот ракомет е на прагот на историскиот успех – пласман на Олимписките игри. Она што го сонувавме и посакувавме по Светското првеннство 2009 и Европското првенство на почетокот на оваа година е на чекор да стане реалност за македонскиот ракомет и овој национален тим. Горди сме што, како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, отсекогаш верувавме во огромната желба и енергија на овој тим да стигне до посакуваната цел и што ја обезбедивме неопходната поддршка за тоа. Се радувам што повторно имаме прилика да ги облечеме нашите навивачки дресови и, како верен навивачки тим во земјава, повторно да ги поддржиме  нашите ракометари во нивните нови големи победи, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип, на прес конференцијата пред заминувањето на репрезентацијата за Гетеборг.

Инаку, светскиот хит во мобилната телефонија - Samsung Galaxy Nexus кој го добија членовите на ракометната репрезентација, е најнапреден технолошки уред кој со своите уникатни карактеристики треба да им овозможи на ракометарите беспрекорна мобилна комуникација со нивните семејства, пријатели, како и со многубројните навивачи. Samsung Galaxy Nexus кој од неодамна е достапен и за македонските корисници, единствено преку Вип, покрај другото овозможува и користење интернет и електонска пошта, како и снимање и размена на звук, фотографии и видеа преку популарните социјални мрежи како што се Google +, Facebook, Twitter и други. 

Вип е официјален партнер на Ракометната Федерација на Македонија од јануари 2008 година. Тргнувајќи од својата определба да го препознава и наградува успехот кој се темели на натпреварувачки дух и тимска работа, преку партнерството со РФМ, Вип обезбедува целокупна поддршка на македонските ракометари и ракометарки во совладувањето на врвните спортски предизвици. 

vip-gi-isprati-rakometarite-kon-novi-golemi-pobedi-1

vip-gi-isprati-rakometarite-kon-novi-golemi-pobedi-2

vip-gi-isprati-rakometarite-kon-novi-golemi-pobedi-3

Би можело да ве интересира:

Илија од беровско Ратево за карневалот што се одржува таму: „Традицијата започнала пред 6 века, а тр... „Ако се препознае дека има девојка меѓу маскираните, веднаш ѝ ја симнуваат маска...
Водителката Цеце од Утринска првпат на летување со двата сина: „На најубавата плажа во Охрид“ „На најубавата плажа во Охрид, на која Бодан порасна и на која ѝ се враќаме секо...
Македонска блогерка објави какви се цените во Охрид и предизвика бурни реакции - пица на плажа е 350... „Се потрудив да снимам повеќе од храната што ја пробавме за да можам да ви пушта...
Јован Јованов ужива во Куба – да одмори од студената Канада (фото) Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јо...
Миа Костова на одмор на Корзика, Антониа Гиговска пред породување: Што прават македонските ѕвезди на... Лила Филиповска со долга коса и црвен фустан се појави во улогата на домаќин на ...
Татјана Стојановска, Стефан Лазаров, Александра Шијакоска: Кои познати Македонци направија свадба во... Во годината што изминува имаше многу свадби меѓу познатите личности. Водителката...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не можеш да одбереш како ќе умреш. Ниту кога. Можеш само да одлучиш како ќе живееш. Сега.
Пам Браун