Ѕвездена хроника на 60-те

zvezdena-hronika-na-60-te-povekjeДеновиве во Лондон е поставена ретроспективна изложба на најдобрите дела на Terry O'Neill, еден од најпочитуваните фотографи во светот.


Познат по интимните и искрени фотографии на најголемите ѕвезди, O'Neill несомнено е хроничар на поп-културата обезбедувајќи им на гледачите увид во животот и расположенијата на икони како Синатра, Одри Хепберн, Бардо, Битлси.

Најголемата слава ја стекнува во шеесетите, а и денес предизвикува внимание со својата работа, но и со отворените коментари за популарните личности кои не му се по вкус.

Според него Кејт Мос е преценета и никогаш не стоела рамо до рамо со големите супермодели, туку само се гребела од ѕвездената прашина на девојките како Наоми Кембел и Синди Крафорд.

На прашањето дали гледа предизвик да ја фотографира Кејт Мидлтон, O'Neill признава дека таа не му се допаѓа и дека, меѓу другото, смета дека е премногу слаба.

Ракел Велч, фотографија од 1970 година

zvezdena-hronika-na-60-te-1


Ракел Велч
во филмот Myra Breckinridge во 1970 година

zvezdena-hronika-na-60-te-2


Брижит Бардо
фотографирана во Шпанија, во 1971 година

zvezdena-hronika-na-60-te-3

zvezdena-hronika-na-60-te-4


Една од омилените фотографии на самиот Terry O’Neill направена во Франција за време на снимањето на Two For The Road. Одри Хепберн ја опишува како неповторлива и многу забавна личност. Истакнува колку му е драго што ја овековечил и игривата, немирна страна на софистицираната икона на стилот.

zvezdena-hronika-na-60-te-5


Френк Синатра
оди на сет на првиот ден од снимањето на Lady In Cement во Мајами, 1968 година

zvezdena-hronika-na-60-te-6


Дејвид Боуви
на фотосесија за албумот Diamond dogs во 1975 година

zvezdena-hronika-na-60-te-7


The Beatles
во двор во Лондон, 1963 година

zvezdena-hronika-na-60-te-8


The Rolling Stones
на проба за Thank Your Lucky Stars на ABC vo 1964 година

zvezdena-hronika-na-60-te-9


Мајкл Кејн
и Боб Хоскинс во Лондон, 1985 година

zvezdena-hronika-na-60-te-10


Мухамед Али
тренира пред борба во 1972 година

zvezdena-hronika-na-60-te-11

Би можело да ве интересира:

7 основни парчиња за лежерни комбинации како на познатите модели Фармерки, бела маичка и кожена јакна – доволни ви се само неколку парчиња за да ...
10 ѕвезди на кои дизајнерските фустани им стојат подобро отколку на манекенките Кога Зендеја ќе облече дизајнерски фустан, тој на неа изгледа многу подобро отко...
7 тренди парчиња со кои оваа есен ќе изгледате како парижанка Елегантен фустан што ја следи линијата на телото, панталони со висок струк - кои...
9 познати дами кои секогаш се како во униформа (за да не направат модна грешка) Кејт Бекинсејл секогаш носи комбинација на шорцеви + здолниште или наметка, Ема ...
6 модни додатоци со кои ќе бидете тренди во 2025-та (фото) Животинскиот принт е сеприсутен и ако не го сакате на облека, вреди да му дадете...
8 модни парчиња со кои секогаш ќе изгледате елегантно (дури и во дневни комбинации) Долго сако и ленени панталони за многу топлите денови – кои модни парчиња се дов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Патувањето од илјада милји почнува со еден единствен чекор.
Лао Це (6-ти век пр.н.е.)