Живеење заедно (2)

ziveenje-zaedno-2-povekjeВо продолжение на првиот дел, уште малку појаснување пред да се впуштите во партнерски живот. Заедничкиот живот доведува до тоа да мажите...

 

...кои по природа се исклучително толерантни кон женските слабости, понекогаш го губат трпението.

ziveenje-zaedno-2

Додека жените ги нервира машката неуредност, тоа што пушат или што се попустливи кон децата, мажите ги нервираат сосема други работи..како на пример бескрајното телефонирање.

Секоја вечер таа и телефонира на мајка и или пак на најдобрата пријателка и надолго и нашироко им ги прераскажува случувањата во текот на денот. Оваа женска навика е нешто што мажите не можат да го разберат.

Дали тоа значи дека неа и недостасува семејството и разговорите со најдобрата пријателка затоа што мажот не е човек кој умее да ги изрази своите чувства во вид на зборови?

Работата е во тоа што таа има потреба од повеќе разговор и затоа тој треба да покаже повеќе разбирање. Тој не мора да разговара со неа повеќе од вообичаено, но и не тррба да и префрла поради долгите телефонски разговори.

Дури и во идеалните врски секогаш постои малку од онаа детска игра „ме сака, не ме сака“. Љубомората полека, но сигурно може да ја уништи секоја врска.

За да имате успешен заеднички живот, важно е да се има доверба во неа и да се разбираат нејзините потреби да се дружи со старите пријатели.

Мажите треба да се потолерантни и набргу ќе стекнат нова самодоверба и ќе сфатат дека нема потреба да се грижат дека нешто ќе ја загрози нивната љубов или бракот.

Нешто што навистина мажите не можат да поднесат е оговарањето. Зошто? Иако им се чини дека ја сакаат од првиот ден на познанството, им пречи нејзината склоност кон оговарање. Тоа е типичен проблем во секоја врска. Во такви моменти мажите не ја пепознаваат жената која ја сакаат, како воспитана и исклучително едуцирана девојка во која се заљубиле.

Да не биде дека мажите се комплетно нетолерантни, а поради мир дома, нејзината склоност може да се протолкува како последица на бегање од стресот.

Во секој случај, не е добро мажот да е премногу строг и да го осудува ваквото однесување. Наместо тоа, треба да ја открие причината за таквото однесување.

Би можело да ве интересира:

Срам од своето тело во 20-тите, врв на задоволство во 40-тите: Како изгледа сексот во различни перио... Сексот станува подобар со времето. Во 20-тите постои најголема веројатност да пр...
6 митови поради кои си го уништувате задоволството во сексот, според експерт Мислат дека секој однос треба да биде спонтан и веруваат дека страста е поважна ...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
Секс поза „клацкалка“ – наменета за девојките што сакаат да доминираат за време на сексот (18+) Со оглед на тоа што партнерот треба да стои мирен, оваа секс поза е одлична за о...
„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+) Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен п...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ниту едно задоволство не може да се спореди со потпирањето врз вистината.
Франсис Бекон (1561-1626)