Трикови за неодолив мирис

trikovi-za-neodoliv-miris-povekjeНа поголемиот број жени многу им е важен убавиот мирис – од таму потекнува и женската љубов кон парфемите. Но, ако мислите дека сте ја пронашле...


...мирисната нота која најмногу ви одговара – не е баш така! Секогаш може и подобро, секогаш постојат ситни трикови како тој убав мирис да се употреби и да мирисате уште поубаво.

Еве мали трикови во врска со убавиот мирис, кои е добро да се знаат.

trikovi-za-neodoliv-miris

  • Како што сигурно знаете, парфемот е правен така да реагира на кожата, а не на облеката. Покрај тоа, поголемиот број жени го прскаат парфемот врз облеката. Немојте! Покрај тоа што можете да направите флеки на облеката, вашиот убав парфем ќе има помалку ефект. Нанесете го на телото додека сте сè уште без облека.
  • Мирисот може да се „гради“ слој по слој, така што на долниот веш ќе нанесете миризливо масло, или крема која ќе трае подолго. Потоа попрскајте се со лесна спреј верзија од истиот мирис. Така ќе добиете убава и лесна летна варијанта.
  • Кога сме кај летото, сосема е возможно да мирисате убаво и на плажа. Сепак, немојте да употребувате парфеми, затоа што алкохолот од парфемот на сонцето може да направи проблеми со пигментацијата, па да изгледате малку чудно. Повеќето креми за сончање имаат пријатен мирис, но ако се потрудите, можете да најдете некои и без мирис. Намачкајте се и уживајте!
  • Кога се работи за специјални вечерни прилики, можете да употребите светкав и миризлив гел или масло за тело – така вашата кожа ќе блеска и ќе мириса.
  • Уште еден трик, пред употреба тој гел или масло држете го во фрижидер, така ќе добиете инстант освежување.
  • Користите гел, масло или пена за коса? Искористете го тоа за да ви мириса косата поубаво! Гелот, маслото или пената помешајте ги со малку парфем пред да ги нанесете и секогаш кога ќе замавнете со главата ќе се емитува убавиот мирис.

Би можело да ве интересира:

Модни утки и погодоци - Што носеа ѕвездите на Governors Awards 2024? (фото) Пенелопе Круз, која важи за жена со префинет стил, овој пат потфрли со бел фуста...
Македонките „полудеа“ по тексас здолништето со шлиц од ZARA – идеи како да го комбинирате Александра Шијакоска и Ксенија Деспотоска, но и Тамара Калиниќ... Повеќе наши, н...
Докторката Благородна Ќосева Василевски е една од најдоброоблечените трудници во Македонија (фото) Од макси фустани до слоевити стајлинзи со внимателно избрани модни детали... Бла...
15 ѕвезди кои избраа фустани од модните писти и во нив изгледаат поинаку од моделите Марго Роби, Џулија Робертс и Ева Лонгорија се само дел од актерките кои избраа ф...
„Машки“ панталони, кошули и јакни – Младите трендсетерки сè почесто негуваат андрогин стил (фото) Машките парчиња облека, како широки панталони и големи јакни, повеќе не се само ...
10 комбинации за топло време што ќе ве инспирираат овој месец Ленени шорцови со бела кошула, впечатливо кратко здолниште со бела маичка, лесни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Тој што многу размислува пред да превземе некаков чекор, ќе го мине целиот живот на една нога.
Кинеска поговорка