3 Енергетски бомби

3-energetski-bombi-povekjeСе верува дека пијалакот кој денес е познат како лимонада го пиеле уште Египќаните, уште пред околу илјада и петстотини години. Со првобитната...


...верзија на овој напиток од сок од лимон и благо вино тогаш се освежувале само земјоделците.

Лимонадата денес се прави на разни начини, а со неколку коцки мраз е идеален пијалак за летните горештини.

Ви предлагаме три освежителни пијалаци со лимонов сок, веруваме дека ќе ви се допаднат.

3-energetski-bombi-1

Малинада

Потребно е: 400 ml сок од малини, 300 ml тоник, 2 лажици лимонов сок, коцки мраз, листови од нане.

Подготовка: Сокот од малини се меша со сокот од лимон и добро се изладува во фрижидер. Изладеното се меша со тоник, се тура во чаши и се сервира со коцки мраз и листови од нане.

3-energetski-bombi-2

Енергетски пијалак

Потребно е: 500 ml енергетски пијалак, 200 ml сок од боровинки, 6 лажици лимонов сок, 4 резанки ломон и мраз.

Подготовка: Енергетскиот пијалак, сокот од боровинки и лимон се тураат во бокал и се става во фрижидер добро да се излади. Пијалакот турете го во чаши, додајте по резанка лимон, а по желба и коцки мраз.
3-energetski-bombi-3

Летна свежина

Потребно е: 1 l вода, 5 лимони, 150 g мед, коцки мраз, грст листови од босилек.

Подготовка: Медот и водата измешајте ги за да се раствори медот. Додајте го исцедениот лимон и листови босилек. Оставете ја смесата да стои најмалку еден час во фрижидер. Турете во чаши преку коцки мраз и украсете со резанки лимон.

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
Трикови како да си го направите животот посреќен и полесен (според науката) За подобар сон, секој ден поминувајте време на сонце, додека спиењето со партнер...
Нов тренд на Инстаграм: Романтична фотосесија на зајдисонце на Санторини со летечки фустани Романтичен поглед на Санторини, раскошен фустан кој лебди над белите куќички со ...
Не мора сите да знаат колку ве чинел одморот - зошто е подобро да си ја чувате приватноста? „Ми ја покачија платата!“, „На работа ми е супер“, „Одиме на одмор во Италија дв...
Стјуардеси ги откриваат петте највалкани места во авионот Помошните масички кои се наоѓаат на седиштето честопати се користат за јадење ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Не е чудно да видите млада вљубена двојка, но да видите двајца стари кои се сакаат е најубавата глетка.
Вилијам Мејкпис Текери (1811-1863)