7 тајни кои авионските компании нема да ви ги откријат

7-tajni-koi-avionskite-kompanii-nema-da-vi-gi-otkrijat-povekjeТројца американски пилоти ги откриле фактите кои авионските компаниите најчесто ги кријат од своите патници. Погледнете што сè не сте...


...знаеле за летањето со авион.

1. И пилотите мора да користат тоалет

Пилотите се луѓе како и сите други, што значи дека понекогаш им е потребна пауза. Кога имаат повик од природата, тие користат ист тоалет како и другите патници, со тоа што претходно мора да ги известат стјуардесите.

„Во една прилика, мојот колега по грешка го стисна копчето за разглас, така што сите патници слушнаа кога праша дали смееме да одиме по нужда“, вели пилотот.

2. Најдобрите места се блиску до крилата

7-tajni-koi-avionskite-kompanii-nema-da-vi-gi-otkrijat

Ако при летањето ви се лоши, најдобро е да седнете блиску до крилата. Предниот и задниот дел најмногу се поместуваат, па тие придвижувања само ќе ви ја влошат состојбата. Во случај седиштата на средина да бидат зафатени, подобро седнете блиску до пилотската кабина, затоа што опашката се мрда повеќе од предниот дел.

3. Турбуленцијата може да биде опасна

Кога стјуардесите ќе ве замолат да го врзете ременот, бидете сигурни дека не се работи за шега. „Иако турбуленцијата не е опасна за самото летало, може да биде опасна за луѓето во неа“, објаснува пилотот. Според неговите зборови, имало инциденти во кои луѓето „летале“ по авионот и паѓале на под, со сериозни повреди. Затоа послушајте ги инструкциите и врзете се.

4. Авионските патеки имаат смешни имиња

Движејќи се по небото, авионите следат невидливи патеки за без грешка да стигнат до саканата дестинација. На небото постојат стотици виртуелни точки кои на пилотите им служат како ориентација, а секоја од нив има посебно име. Некои од точките над американското небо имаат имиња како TRUMP, PYRUT, SPICY и BARBQ.

5. Не е докажано дека мобилните телефони го попречуваат летот

Иако одамна постојат приказни за тоа дека мобилните телефони им пречат на инструментите, тоа всушност никогаш не е докажано“, објаснува пилотот. Со напредокот на технологијата и авионите ширум светот прават измени така што може без проблем да се користат мобилните телефони и компјутерите.

6. Романсите меѓу персоналот не се реткост

Според пилотите, праксата најчесто е таква да персоналот на авионот спие во ист хотел, па не ретко така се раѓаат нови романси. „Пред неколку години сопругата на еден од колегите барала нејзиниот маж да биде сместен во друг хотел, за да не биде во близина на стјуардесите“, раскажува еден од пилотите.

7. Американските пилоти смеат да чуваат пиштол во кабината

Поради зачестените терористички напади, американските пилоти пред да влезат во авион се испраќаат на посебна обука, која вклучува и курс за самоодбрана и техника за разоружување на напаѓачот. Секој пилот кој успешно ќе го совлада споменатата програма добива дозвола во кабината да чува пиштол.

Би можело да ве интересира:

Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
13 фото-докази дека некои луѓе немаат срам да си ја покажат некултурата „Благодариме на кој и да одлучи да се бричи во мијалникот од нашиот ресторан“,&n...
Пророштва на Нострадамус за кои се верува дека се исполниле Доаѓањето на Адолф Хитлер, но и атомските бомби во Хирошима и Нагасаки се само д...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
На остров во Африка помал од фудбалско игралиште живеат над 130 луѓе – Како изгледа нивниот живот? (... Островче во езеро во Кенија има помала површина од просечно фудбалско игралиште,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Тајната на среќата не е во тоа да го правиме тоа што го сакаме, туку да го сакаме тоа што мораме да го правиме.
Сер Џејмс М. Бари (1860-1937)