„Ладниот сладолед не може да го воспали грлото на здраво дете. Тоа е потполно јасно. Тоа може да го направат бактерии, вируси или микроорганизми. Не чини често да се јаде за детето да не се ‘навлече’ на него, па потоа нема да сака други работи. Но, за грлото, немајте грижи“ - вели српски педијатар.
„На син ми му велам: Знаеш ли која е мојата главна цел во животот со тебе? - Која? - прашува со доза чудење. - Да те научам на сè што знам, за јас да не ти требам повеќе. - Зошто да не ми требаш?! - прашува уште позачудено. - Зашто само кога нема да ти требам значи дека јас сум ја завршил работата добро“, вели Филип Иванов (37) од Велес, татко на две деца.
„Кога добив идеја да ѝ направиме на Доротеа кујничка, имав цел да не купиме ништо ново. Почнавме да бараме по гаражи, шупи и работилници, да најдеме сè што може да искористиме. Единствено нешто што купивме е фарба, па цела кујничка нè чинеше околу 300 денари, а таа беше вклучена во цел процес“ - вели Адриана Кадар, сопруга на Сава Џехверовиќ.
„Дали навистина сакам моето дете вака да се „губи“ на ТикТок и во вистинскиот живот кога нема да ја добие посакуваната боја од некоја играчка? Дали воспитувам јас или ТикТок?“ - загрижена мајка за најновиот тренд кај децата и младите, меки Dumpling играчки, со кои се опседнати на ТикТок, а може да бидат и штетни.
Секое родителско искуство е единствено, но може да се каже дека повеќето родители се согласуваат околу една работа: усогласувањето на работата со барањата на малите деца често изгледа како обид да вдишеш воздух длабоко под вода – едноставно невозможно.
Секоја генерација носи невидлив товар - зборови слушнати од своите родители.
„Овие денови бев болна. Потполно нефункционална - не паметам кога последен пат ми се случило тоа. И додека лежев, тој презеде сè. Куќата, децата, готвењето, целиот оној хаос што инаку јас го држам...“
Србинка споделува 6 најглупави совети кои ги добила од педијатри во Париз: „Не носи пелени навечер на 2 години?! Тоа е прерано, децата не се спремни да не носат пелени ноќе до 6-тата година“. „Мајките што се со децата не работат ништо по цел ден, туку само седат по дома и губат мускулна маса“.
„Денес, како родител, забележувам дека роденденските забави станаа нешто повеќе од прослава. Како да се претворија во показател и трка за тоа колку сме посветени родители. И токму тоа создава огромен притисок...“
„Ме добиваш кога веќе сум исцедена до крај. Испразнета од балансирање, од натегање. Добиваш издишка наместо разговор. Тишина наместо нежност. Не затоа што те сакам помалку. Туку затоа што ти си ми единственото место каде смеам да се распаднам“ - објава за секоја жена која го држи семејството со една рака, додека со другата брише солзи што никој не ги гледа...
„Тажно е што уште треба да се потсетуваме на вакви основни работи“, „Ова се правила што мајките се срамат да ги кажат“ – коментираат на виралната листа со правила за посета на новороденче кога одите на повојница.
„Додека син ми плачеше откако го натерав да ја даде својата играчка на друго дете, си велев дека ова е лекција што треба да ја научи. НО, наредните неколку
„Ризик да бидат жртви на булинг се деца коишто се воспитани да бидат потивки, поповлечени и се несигурни. Не кажуваат дома, бидејќи, прво имаат страв дека насилството може да се влоши, доколку го кажат тоа, и ја заземат позицијата на предавници нели, 'тужибаби' таканаречени“ - вели во подкастот на д-р Чадиковски, психологот Ивана Хаџиванова.
„Тинејџерот денес ретко има простор едноставно да биде тоа што навистина е, без поправање и критикување. Прашај го твоето дете без да го осудиш: „Што е она за кое најчесто размислуваш, а чувствуваш дека никој не те прашува?“, вели мотивацискиот говорник Наде Молеровиќ и ги посочува маките на тинејџерите.
„Ако треба да ми ги испланира оброците, му велам да преземе улога на нутриционист. Ако има некаков проблем, му велам да ми одговара како детски психолог кој ја разбира ќерка ми. Животот ми е многу полесен со ChatGPT“.
„Не е дека било толку полесно. Ама нивниот ум, веројатно бил многу потивок. Додека мешаш ручек, со една рака, со другата веќе отвораш нешто на телефонот. Немало толкав притисок и страв за тоа какво шише за вода треба да има детето (шише?), каков ранец, каква ужинка, дали е балансирано, дали ја јадело. Тортите дома се правеа. Немале во глава милиони пасворди, ажурирања, непрочитани маилови, и нешто што бара внимание од тебе на секои 5 минути“.
Градинката не е само игра. Тоа е место каде детето првпат учи како да биде дел од еден свет и се подготвува за животот - учи социјални вештини, да се бори за своите работи, да биде самостојно, да комуницира, да функционира во заедница и да си создаде свој мал свет.
„Имаме шест деца кои се на возраст од 13, 11, 6 и 4 години, едно дете од година и пол, и нашето најмало е новороденче кое има само три дена“, вели за CRNOBELO.com Илија Анѓелески.