Дневен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

Дневен хороскоп за Лав - четврток, 19 септември 2024

Трудот кој ќе го вложите нема да биде залуден, а поддршката која ќе ја добивате ќе ве охрабри.

На љубовно поле ќе сфатите дека имате многу заеднички квалитети и ќе се насочите кон подобрување на односите и градење империја.

Не се чудете ако на професионално поле се сретнете со неблагодарност – ако помагате, правете го тоа без очекувања.

Неделен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

Љубов Работа Здравје
5 4 4

16 до 22 септември 2024

Љубов: Лавовите оваа недела може да имаат проблеми во врската поради чудното однесување на партнерот, па можни се меѓусебни расправии и несогласувања. Многу Лавови ќе имаат проблеми во комуникацијата со своите партнери. Слободните ќе бидат презадоволни од можностите што им се нудат на љубовен план.

Работа: Размислувате за нова работа, подобра компанија или дури и за основање приватен бизнис, што може да биде почеток на интересен период во вашиот живот. Се чувствувате способни да ги покажете своите способности и таленти. Вистински момент е да се направи голем пресврт во изборот на соработници.

Здравје: Одморете се повеќе. Стомакот може да биде резултат на „проголтан“ емоционален набој. Регулирајте ја нервозната енергија со потешка физичка активност.

Совет: Внимавајте да не се здебелите.

Месечен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

септември 2024

Работа: Ќе треба да вложите многу труд за овој месец да помине без проблеми. Може да се случат грешки, а тоа е нешто што не сакате да си го дозволите. Односите со колегите и самата работна атмосфера се нешто што ќе ви одземе најмногу енергија. Меѓутоа, ако го погледнете од другата страна, ова е одличен месец да се покажете, да работите напорно, да ја покажете вашата амбиција и да завршите некој поголем проект што сте го започнале порано. Од средината на месецот бидете внимателни на работа за да не предизвикате проблеми. Ако имате вработени, тие може да ве изневерат или да направат грешка која тешко ќе ја преболите. Доколку имате приватен бизнис, првиот дел од месецот е добар за заработка.

Љубов: Во овој месец ви е зголемена желбата за нови емотивни искуства, но и шансите вашите соништа да се претворат во конкретни настани. Но, ништо нема да се случи доколку не го промените своето однесување. Ако продолжите да ги ставате вашите потреби на прво место, нема да можете да воспоставите хармоничен однос. Во вториот дел од месецот може да имате уште многу можности да се заљубите и да ја подобрите постоечката врска. Љубовта ве очекува на местата за забава, особено оние со спортска симболика. Во вториот дел од месецот можете да влезете во слободна врска или врска без обврски. Доколку сте во врска, ќе решавате проблеми од минатото, но може да излезат на виделина и тајни за вашиот љубовен живот.

Здравје: Треба да внимавате на исхраната и можните стомачни проблеми. Ќе се чувствувате поенергични и помотивирани да одржувате здрава рутина, но можни се осцилации и периоди на стрес. Важно е да ја балансирате физичката активност со доволен одмор и релаксација за да ја контролирате вашата благосостојба и да ја зачувате енергијата и менталната и емоционалната стабилност.

Годишен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

2024

На Лавовите 2024 година ќе им пружи можности да се покажат во свето најблескаво издание. Бидете подготвени за голем број успеси на секој план, но и за искушенија што ќе ве стават на тест.

Најсилно оружје годинава ќе ви бидат самодовербата и харизмата, но ќе мора да научите дека е најдобро со ништо да не претерувате и да не избрзувате.

Годинава вие ќе го имате главниот збор и ќе имате можност сами да донесете одлуки поврзани со најважните прашања во вашиот живот, а за да ги остварите замислените цели, освен самодоверба, ќе ви треба и неверојатна дисциплина.

Работа и финансии

Ќе имате можност за напредување и признанија на поле кариера.

Можно е да добиете унапредување или да одлучите да започнете сопствен бизнис, а најважно ќе биде да верувате во себе и да не се срамите да побарате совет од поискусните.

Сепак, преголемата посветеност на кариерата може да ви создаде проблеми со приватниот живот и ќе мора да научите како да воведете поголем баланс.

Исто така, ќе мора да најдете време за да одморите за да не се потрошите предвреме и да се чувствувате преморено. Немојте да си задавате премногу обврски и побарајте помош ако ви е потребна.

Во 2024 година најсилно оружје на поле финансии ќе ви бидат самодовербата и лидерските способности, па можно е да се впуштите во некои поризични проекти и да донесете смели одлуки, кои може да ви донесат поголема заработка.

Годината ќе биде поволна за нови инвестиции, зголемување на заработката и обезбедување на финансиската иднина.

Но, ќе мора да внимавате на импулсивните одлуки и да не настапувате премногу самоуверено без детално да ја проверите ситуацијата.

Можни се неочекувани трошоци или искушенија што ќе ве натераат да размислите за сопствената дисциплинираност кога се во прашање парите.

Ќе мора да запомните дека треба да се држите до предвидениот буџет и да не трошите повеќе отколку што сте заработиле.

Љубов

Ако сте во врска, 2024-та ќе ви донесе голем број искушенија или љубовни афери, што ќе ја стават љубовта кон партнерот на тест.

Исто така можни се и љубоморни испади и намалена доверба во партнерот, особено ако во одредени мигови чувствувате дека не го добивате вниманието што го заслужувате.

Овие емоции може да произлегуваат од некои претходни трауматични искуства, па ќе биде добро да разговарате со партнерот и да се обидете да ги надминете сопствените несигурности.

Полни сте со љубов и страст, но најважно е да се потрудите да бидете потрпеливи и да имате повеќе разбирање за чувствата на партнерот.

Слободните припадници на знакот може да очекуваат голем број случајни средби, а некои од нив може да прераснат и во сериозни врски.

Привлечни сте и харизматични и нема да имате проблем во привлекувањето на припадниците на спротивниот пол, но најважно ќе биде да бидете самоуверени и да не се плашите да ги остварите сопствените соништа.

За Лавовите во брак, ова ќе биде година во која ќе успеат уште повеќе да ја зацврстат врската со партнерот, но во некои мигови водени од емоциите може да се соочите со предизвици што ќе ја стават на тест вашата посветеност кон партнерот.

На, некои претставници на знакот може да им се случи да се чувствуваат дека се на раскрсница и дека сега треба да ја донесат одлуката за тоа што треба да направат понатаму: дали да стават крај или да се потрудат да го подобрат односот.

Запомнете, во ред е понекогаш да ги преиспитувате сопствените одлуки, но внимавајте тие да не резултираат со намалување на самодовербата и несигурност.

Здравје

Ова ќе биде одлична година ако се потрудите да одвоите време за сопственото физичко и ментално здравје.

Ќе биде неопходно да се храните здраво, да внесете повеќе физичка активност и да внимавате на сопствените емоции.

Годината ќе ви донесе и стресни мигови или емоции што може да се одразат на целокупната здравствена состојба.

Ќе мора да најдете соодветни механизми за полесно да се справувате со стресот.

Некои претставници на знакот може да се соочат со проблеми предизвикани од нагло зголемување на телесната тежина, па ќе биде неопходно да најдат решение за тоа како да се справат со овој проблем.

Годината ќе ве научи дека треба да бидете подисциплинирани и да не претерувате со ништо.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg